10 септември

датум

10 септември — 253-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (254-и во престапна година). Остануваат 112 денови до крајот на годината.

<< септември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30
2024

Настани:

1608  Џон Смит е избран за претседател на советот од Џејмстаун, Вирџинија.
1823  Симон Боливар е избран за претседател на Перу.
1939  Британскиот доминион Канада и објави војна на нацистичка Германија со што пресметката во Европа доби карактер на светска војна.
1943  Албанската партизански одред „Хаџи Љеш“ и Малесиската партизанска чета на народноослободителната војска на Југославија ја разоружале италијанската дивизија „Фиренца“ во Дебар и го ослободиле градот. Запленети се поголемо количество оружје и една радиостаница.
1944  Во ослободениот Париз, генерал Шарл де Гол, водач на армијата слободни Французи и на дегоистичкото движење ја создава првата влада на новата Четврта Република.
1963  20 афроамерикански студенти влегуваат во јавните училиштачет во Алабама.
1991  Регистирано е политичкото здружение Македонски совет за европско движење со седиште во Скопје.
1993  Израелскиот премиер Јицак Рабин во Ерусалим го потпиша официјалното израелско признавање на Палестинската ослободителна организација (ПЛО).
1994  Во селото Арачиново, Скопско е осветен камен-темелникот на новата црква „Св. Маченик Талалеј“.

Родени:

1487  Јулиј IIIримски папа.
1588  Николас Ланиеранглиски композитор.
1659  Хенри Персел — англиски барокен композитор.
1786  Николас Бравомексикански политичар и војник.
1839  Чарлс Парсамерикански филозоф.
1894  Александар Довженко — украински режисер, еден од доајените на советската кинематографија.
1905  Алексо Демниевски - Бауман — македонски борец во Шпанската граѓанска војна.
1929  Арнолд Палмер — американски голфер.
1930  Иван Аралица — хрватски писател и академик.
1933  Евгениј Крунов — советски космонаут.
1933  Карл Лагерфелд — германски моден творец.
1955  Рој Ајерс — американски џез-музичар.
1941  Стивен Џеј Гулд — американски палеонтолог.
1945  Хосе Фелисијано — порторикански гитарист.
1947  Иван Василевски — македонски поет.
1948  Георги Пирински — бугарски политичар.
1949  Мирослав Спироски — македонски новинар.
1957  Андреј Макин — француски писател.
1958  Крис Колумбус — американски филмски режисер.
1959  Петер Нелсон — американски глумец.
1963  Вујадин Станојковиќ — македонски фудбалер и тренер.
1974  Мирко Филиповиќхрватски боксер.
1974  Евгениј Чичваркин — руски стопанственик.
1975  Виктор Касаи — унгарски фудбалски судија.
1976  Густаво Куертен — бразилски тенисер.
1977  Сашо Алексовски — македонски фудбалер.
1981  Филипо Поцато — италијански велосипедист.
1984  Кристофер Сатон — австралиски велосипедист.
1995  Џек Грилиш — англиски фудбалер.

Починале:

1167  Матилда — кралица на Англија
1759  Фердинанд Коншчак — хрватски истражувач
1867  Симон Сечтеравстриски композитор
1931  Дмитри Егоровруски математичар
1937  Сергеј Третјаков — руски писател
1944  Данаил Крапчев — македонски револуционер
1948  Фердинанд Iцар на Бугарија
1979  Агостињо Нетоанголски политичар
1988  Александар Гаревски — македонски градежен инженер
1989  Јордан Ѓорѓевски — македонски агроном
1999  Алфредо Краус — шпански тенор
2004  Брок Адамс — американски политичар.
2018  Питер Донат — американски глумец.