Јужна Азија е јужниот регион на континентот Азија кој е составен од супхималајските држави, но во него се вклучени и некои други држави. Топографски гледано, овој регион е воглавно составен од Индискиот Полуостров и од јужните делови на Хималаите.

Карта на Јужна Азија.

Јужна Азија е опколена од Средна Азија на север, Југозападна Азија на запад, Источна Азија на североисток, Југоисточна Азија на југоисток и со Индискиот Океан на југ. Најголема држава во овој регион е Индија, но исто така дел од овој регион се Бутан, Непал, Бангладеш, Шри Ланка, Малдиви и Пакистан. Додатно на овие се додадени, понекогаш, Авганистан, Мјанмар, Тибет..

Држави во Јужна Азија

уреди
Име Површина
(км2)
Население* Густина
(жит/км2)
Главен град Валута Држ. уредување Службен јазик Грб
  Бангладеш 147.570 156.050.883 1057 Дака Така Република Бенгалски јазик  
  Бутан 38.394 691.141 18 Тимпу Нгултрум Уставна монархија Ѕонгка јазик  
  Индија 3.287.240 1.166.079.217 355 Њу Делхи Индиска рупија Федерална република 22 службени јазици, Хинди најголем  
    Непал 147.181 28.563.377 194 Катманду Непалска рупија Република Непалски јазик  
  Пакистан 803.940 176.242.949 219 Исламабад Пакистанска рупија Исламска република Урду јазик, англиски јазик, белучистански јазик, паштунски јазик, панџабски јазик, сираикски јазик, синди јазик[1]  
  Шри Ланка 65.610 21.324.791 325 Сри Џајаварденапура-Коте или Коломбо Шриланкска рупија Демократска социјалистичка република Синхалезиски јазик, Тамилски јазик, Англиски јазик  

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Population by Mother Tongue“ (PDF). Population Census Organization, Government of Pakistan. Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-02-17. Посетено на 2008-05-31.