Тропски циклон

(Пренасочено од Тропски циклони)

Во метеорологијата, тропски циклон (тропска бура, тајфун, оркан[1] или ураган, зависно од силата и локацијата) е вид систем на низок атмосферски притисок што обично се формира во тропските краишта. Иако тие се многу разорни, тропските циклони претставуваат важен дел на системот на атмосферска циркулација, што ја движи топлината од екваторскиот регион до погорните географски ширини. Еден од најпознатите урагани е „Рита“. Тропскиот циклон кој при површината на земјата има брзина до 17 м/с се вика тропска депресија; циклон со брзина до 33 м/с се вика тропска бура, а пак циклон со брзина над 33 м/с се нарекува ураган (на Атлантикот и во источниот дел од Тихиот Океан) или тајфун (во северозападниот дел од Тихи Океан.

Ураганот Адријан

Услови за настанок на циклон

уреди

За да може да настане еден тропски циклон потребно е да се исполнети следните услови:

  • Температурата на водата на површината на океанот со дебелина од најумалку 50 мм треба да изнесува над 26,5 °C. Во тој случај океанот претсатвува доволно голем извор на енергија за развој на циклонот. По формирањето на облаците воздухот се загрева и навлажнува со помош на топлата вода од океанот.
  • Распоредот на температурата и влагата во атмосферата треба да биди соодветен за развојот на високите темни кумулонимбуси.
  • Оддалеченоста од екваторот треба да изнесува најмалку 500 км.
  • Промената на брзината на ветерот во целата тропосфера треба да биде многу мала. Тоа би им овозможило „организирање“ на конвекцијните облаци во циклонски систем.

Кога овие услови се исполнети и над океанот ќе се појави низок атмосферски притисок облаците можат да се развијат и да создадат тропски циклон.

Ураганот како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Ураган“ (Hurricane) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан (Bob Dylan) од 1976 година.[2]
  • „Како ураган“ (Like A Hurricane) - песна на американскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1977 година.[3]
  • „Ураган“ (Hurricane) - песна на американската рок-група Kyuss од 1995 година.[4]

Наводи

уреди