Егзотермна реакција
Егзотермна реакција (од грчки егзо- - надвор и термос - загрева) ― хемиска реакција при чиешто течење се ослободува топлина:
Се однесува на трансформацијата при којашто еден систем оддава топлина на околната средина: Q < 0. Кога трансформацијата се случува на константен притисок: ∆H < 0 и константен волумен, тогаш ∆U < 0. Доколку системот подлежи на трансформација која е и егзотермна и адијабатска, неговата температура се зголемува.