Википедија:Избрана статија/2016/30
Кристофер „Крис“ Фрум (англиски: Christopher Froome; р. 20 мај 1985 во Најроби) — британски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.. Иако роден во Кенија и израснат во ЈАР, од пролетта 2008 вози под британска лиценца на основа на неговиот пасош и татковина на неговиот татко и дедо. Сметан како силен искачувач по планините и солиден специјалист за хронометри, Фрум обично се натпреварува за генералниот пласман.
На Тур де Франс 2012 ја освоил седмата етапа, која завршувала на стрмна нагорнина, пред минатогодишниот првак Кедел Еванс и колегата Бредли Вигинс. На крај, Фрум завршил втор во генералниот пласман зад Вигинс, со што тие станеле првите британски возачи, кои успеале да дојдат на подиум во историјата на Тур де Франс. Фрум исто така бил трет зад Вигинс и ја освоил бронзата на хронометарот на Летните олимписки игри 2012 во Лондон. Негова прва победа на етапна трка била во 2013, на Трката околу Оман, следена од победите на Критериум Интернационал, Тур де Романди, Критериум ду Дофине и Тур де Франс.
Како бранител на титулите, ја започнал 2014 повторно со победа на Трката околу Оман и повторна победа на Тур де Романди. Откако се повлекол од Тур де Франс 2014, се вратил со второто место на Вуелта а Еспања. Во 2015 година по втор пат ги освоил Критериум ди Дофине и Тур де Франс. (Дознајте повеќе...)