Википедија:Избрана статија/2016/46
Леопард (науч. Panthera pardus) — член на семејството на мачките (Felidae и најмал вид од четирите таканаречени големи мачки од родот пантери. Некогаш овој вид бил распространет низ Јужна Азија и Африка, од Кореја до ЈАР. Територијата на распространетост се намалувала со тек на времето најмногу поради лов и уништување на природното живеалиште. Денес леопардот главно живее во потсахарска Африка. Постојат и изолирани популации во Пакистан, Индија, Индокина, Малезија и Кина. Поради намалувањето на бројноста на популациите оваа мачка е ставена на листата на речиси загрозени видови. Бројноста на леопардот е поголема од онаа на останатите членови на Panthera кои имаат покритичен заштитен статус.
Леопардот има релативно кратки нозе и долго тело, со голема глава. Физички најмногу наликува на јагуарот, иако најчесто е помал. Неговото крзно е прошарано со розети, кои немаат внатрешни точки како кај јагуарот. Можат да се сретнат и меланистични леопарди кои или се целосно црни или со многу темна боја. Овие единки се познати под името црни пантери. (Дознајте повеќе...)