На истите места на подумот како на минатогодишното издание, Британецот Крис Фрум од Тим Скај ја освоил трката втора година по ред, откако го освоил завршниот хронометар во Нешател.[2] Иако водел возачот на КатјушаСимон Шпилак за една секунда пред етапата,[3] Фрум успеал разликата да ја претвори во предност од 28 секунди на етапата од 18,5 километри.[4] Шпилак завршил втор, освојувајќи ја третата етапа — кралската етапа до Егл — победувајќи го Фрум во меѓусебниот спринт, откако двоецот нападнал кон крајот на етапата.[5] Подиумот повторно бил заокружен од Руј Кошта,[6] сега возејќи за Лампре-Мерида, кој завршувал на третото место трета година по ред. Кошта завршил 64 секунди зад Шпилак[1] и една минута и 32 секунди зад Фрум.[7]
Во другите пласмани на трката, возачот на Мовистар ТимХесус Ерада ја освоил белата маичка за пласманот за млад возач, откако бил најдобро пласиран возач роден во 1989 или подоцна, завршувајќи на деветтото место во генералниот пласман,[8] 16 секунди пред најблискиот соперник, возачот на FDJ.frТибо Пино.[7]Мартин Колер од Ванти-Груп Гобер ја освоил зелената маичка поради најмногу освоени бодови на средните спринтови,[9] додека розовата маичка за планинскиот пласман заминала кај Јохан Чоп од ИАМ Сајклинг.[7] Екипниот пласман бил освоен од Мовистар Тим, откако тројца возачи на екипите – Бењат Инчаусти (шести), Јон Изагире (осми) и Ерада – завршиле помеѓу првите десет.[8]
На Тур де Романди 2014 се доделувале четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси на етапите — десет секунди за етапниот победник, шест секунди за второпласираниот и четири секунди за третопласираниот — предводникот ја добил жолтата маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Тур де Романди 2014 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.
Дополнително, постоел и пласман за млад возач, кој се наградувал со бела маичка. Овој пласман се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но само возачите родени на и по 1 јануари 1989 можеле да учествуваат во пласманот. Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала розовата маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добиваат доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања; постоеле четиринаесет категоризирани искачувања, поделени во три различни категории.
Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, кој се наградувал со зелената маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите три места на средните спринтови во текот на секоја етапа, со исклучок на поединечните хронометри. Постои и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно; водечка екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време и секој член на победничката екипа добива црвена маичка на завршниот подиум.