Бретонски јазик
Бретонскиот јазик (изв. Brezhoneg) спаѓа во групата на келтските јазици од британската група, и е зборуван од страна на околу 300 000 луѓе претежно во Франција, главно во регионот Бретања.
Бретонски | |
---|---|
Brezhoneg | |
Застапен во | Франција |
Подрачје | Бретања |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | бретонска азбука |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | br |
ISO 639-2 | bre |
ISO 639-3 | bre |
Историја
уредиИ покрај тоа што бретонскиот јазик е многу близок со јазикот на Галите, сепак тој се разликува во голема мера од него. Освен со галскиот, бретонскиот јазик е многу близок и со келтските јазици кои се зборуваат на територијата на денешна Велика Британија и Ирска. Ова се должи на распаѓањето на Римското Царство и отселувањето на Келтите од островот.
Бретонскиот јазик е основен јазик во областа Бретања сè до XII век. По XII век, овој јазик сè повеќе почнал да се заменува со францускиот јазик и бретонскиот постепено започнал да исчезнува. Во 1930 година бретонскиот јазик бил зборуван од страна на 1 300 000 жители. Кога во 1532 година, Бретања попаднала под француска власт, бретонскиот јазик останал како малцински. Во тоа време било дозволено официјално да се употребува кој било малцински јазик во Франција. Но, по Француската револуција, францускиот јазик се наложил како единствен и на тој начин бретонскиот постепено се отфрлил од официјалната употреба во Бретања. Во почетокот на XX век, половина од населението на Бретања го знаеле и зборувале бретонскиот јазик, а по 1950 година нивниот број започнал да се намалува. Така, денес бретонскиот јазик е зборуван од страна на 500 000 луѓе.
Дијалекти
уредиОсновните дијалекти на бретонскиот јазик се:
- корнуаjски или кемперски (Kerneveg, фр. Cornouaillais) - основен, го говорат 41% од Бретонците. Се зборува во регионот околу Кемпер (Quimper).
- леонски (Leoneg, фр. Léonais) – кој се зборува во регионот околу Леон.
- трегорски (Tregerieg, фр. Trégorrois) – кој се зборува во областа на Трегор
- вански или гвенедски (Gwenedeg, фр. Vannetais) – кој се зборува во подрачјето на градот Ван (град во Франција) (Gwened, Vannes)
Примери
уредибретонски | македонски |
---|---|
degemer mat | добре дојде |
deuet mat oc'h | вие сте добредојдени |
Breizh | Бретања |
brezhoneg | бретонски |
ti, "ty" | куќа |
ti-kêr | општина |
kreiz-kêr | центар |
da bep lec'h | сите страни |
skol | училиште |
skol-veur | универзитет |
kenavo | пријатно |
krampouezh | палачинки |
chouchenn | бретонска медовина |
yec'hed mat | На здравје! |
war vor atao | секогаш на море |
kouign amann | торта со многу путер и шеќер |