13 август (настани)
шаблон на Викимедија
1624 | Францускиот крал Луј XIII го поставува кардиналот Ришелје за премиер. |
1792 | Француските револуционери ги апсат членовите на кралското семејство само три дена по укинувањето на монархијата и соборувањето на кралот Луј XVI. |
1814 | Холандија ѝ го отстапува ’Ртот на Добра Надеж на Велика Британија. |
1914 | Во текот на Првата светска војна, Франција и објавува војна на Австроунгарија. |
1923 | Мустафа Кемал Ататурк станува прв претседател на Турција. |
1961 | Властите на Источна Германија ја затвораат границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката порта и почнуваат со изградба на 155 километри долг ѕид по границата со Западен Берлин. Ѕидот е урнат во ноември 1989 година, по што Германија повторно се обединува. |
1964 | Во Велика Британија се извршени последните смртни казни со бесење на два затвореника во Ливерпул и Манчестер, осудени на смрт заради убиства. |
1998 | Швајцарските банки и еврејските групи постигнуваат договор со кој се предвидува исплаќање на сума од 1.250.000.000 долари како надомест на жртвите од холокаустот во текот на Втората светска војна. |
2001 | Потпишан е Охридскиот рамковен договор. |