Нилски коњи
Период: среден миоцен до денес
Hippopotamus amphibius
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Надред: Cetartiodactyla
Ред: Artiodactyla
Семејство: Hippopotamidae
Gray, 1821
Родови

Нилските коњи спаѓаат во семејството Hippopotamidae. Тие се единствените преживеани животни од редот Artiodactyla (животни кои одат на 4 прсти на секое стапало).

Нилските коњи се големи цицачи, со кратки набиени нозе и тркалезно тело. Имаат големи глави, со широка уста, и ноздри поставени на врвот од муцката. Како и свињите, имаат 4 прсти, но за разлика од свињите, овие животни ги користат сите 4 прсти за одење. Желудникот им е поделен на 3 комори, но не спаѓаат во вистинските преживари.

Сите преживеани видови се со мазна кожа, немаат лојни и потни жлезди. Епидермот е релативно тенок поради што нилските коњи многу брзо дехидрираат ако се во сува околина[1].

И секачите и песјаците се големи и слични како забите на слоновите. Овие издадени песјаци растат преку целиот живот. Постпосјаците се големи и комплексни, адаптирани за џвакање на растенијата со кои се хранат овие животни. Бројот на секачите варира дури и меѓу единките на ист вид.

Еволуција

уреди

Членовите на ова семејство се потомци на семејството Anthracotheriidae, семејство на полуводни животни кои живееле за време на доцниот еоцен, и кои личеле на нилски коњи со мали глави. Денешното семејство Hippopotamidae се одвоила за време на миоценот. После појавата на вистинските нилски коњи, членовите на Anthracotheriidae почнале да изумираат како последица на климатските промени и на конкуренцијата со нивните потомци. Последниот ред Merycopotamus, умрел во Африка во раниот плиоцен.

Во минатото имало голем број на различни видови од ова семејство, меѓутоа денес има само 2 преживеани видови: Hippopotamus amphibius и Choeropsis liberiensis. Тие се последните потомци на 2 еволуциски гранки – вистинските нилски коњи и пигмејските нилски коњи.

Kenyapotamus кој живеел во миоценот, е недоволно познат за да може со сигурност да се вклучи во ова семејство. Родот Hexaprotodon, е ограничен на изумрени видови кои живееле околу северот и североистокот на индискиот океан.

Видови

уреди

Класификацијата и таксономијата се според последните истражување на Боасери (Boisserie) во 2005 година[2].

Наводи

уреди
  1. Laws, Richard (1984). Macdonald, D. (уред.). The Encyclopedia of Mammals. New York: Facts on File. стр. 506-511. ISBN 0-87196-871-1.
  2. Boisserie identifies the species Hippopotamus minor as Phanourios minutus, but this genus is not widely recognized.

Надворешни врски

уреди