Средоземно Море

море
(Пренасочено од Средоземје)

Средоземно Море — дел од Атлантскиот Океан и е речиси целосно затворено со копно, на север со Европа, на југ со Африка и на исток со Азија. Покрива површина од приближно 2,5 милиони км2. Средоземното Море или Медитеранот е внатрешно или средоземно море на Атлантскиот Океан. Сместено е помеѓу Европа, Африка и Азија. Зафаќа површина од 2 972 500 км2. На запад, преку Гибралтарскиот Проток се поврзува со Атлантскиот Океан, на југоисток преку Суецкиот Канал се поврзува со Црвеното Море и со Индискиот Океан. Средозменото Море, со во основа по линијата со Апенинскиот Полуостров и Сицилија се дели на западен и источен базен.

Средоземно Море
Карта на Средоземното Море
Координати35°N 18°E / 35° СГШ; 18° ИГД / 35; 18
Видморе
Главни приливиАтлантски Океан, Мраморно Море, Нил, Ебро, Рона, Шелиф, По
Површина&100000000025000000000002,500,000 км2
Прос. длабочина1.500 м
Најг. длабочина5.267 м
Зафатнина3.750.000 км3
Проточност80-100 г.[1]
Острови3300+
Населени местаАлександрија, Алжир, Атина, Барселона, Бејрут, Измир, Картагина, Рим, Тангер, Тел Авив, Триполи, Тунис

Во западниот базен се наоѓаат рабните мориња Лигурско и Тиренско Море, а во источниот Јадранското, Јонското, Егејското, Мраморното и Црното Море преку протоците Дарданели и Босфор. Бреговата линија на Средоземното Море е мошне разгранета, има многу заливи, полуострови и острови. Тоа особено важи за северните брегови. Поголеми заливи се Валенскиот Залив, Лионскиот и Хеновскиот Залив.

Во Средоземното Море се наоѓаат поголем број острови како, на пример: Беларските Острови, Корзика, Сардинија, Сицилија, Малта, Крит, Киклади, Споради, Кипар и северноегејските и јадранските острови.

Во Средоземното Море се влеваат реките Ебро, Рона, По, Вардар, Дунав, Дон, Нил и други. Температурата на водата е повисока во Јужните делови на Средоземното Море, а одејќи кон север се намалува. Растителниот и животинскиот свер во Средоземното Море и според видовите и според количеството се мошне сиромашни. Поради тоа, рибарството како стопанска гранка денес е во опаѓање. Најзастепени се сардините, папалините, скушите, лигните и други видови риби. Особено развиена стопанска гранка е поморскиот сообраќај. Во литоралниот појас во уште многу други пристаништа и населби е развиена индустријата која е главно ориентална на преработка на увозни суровини. Такви се: петрохемиската, текстилната, прехранбената индустрија и слично. Голем дел од стопанските активности во Средоземјето се ориентални кон туристичкото стопаснтво, изградени се голем број туристички центри во кои се реализира голем туристички промет. Овде посебно се истакнуваат: Шпанија, Хрватска, Италија и Грција.

Географија

уреди
 
Физичка карта на Средоземното Море.
 
Физичка и политичка карта на Средоземното Море.

Крајбрежни држави

уреди

Држави со излез на Средоземното Море се:

Главен правец е линијата Гибралтар - Суец, со многубројни попречни линии кои ги поврзуваат големиот број пристаништа на бреговите на трите континенти, а особено оние на европскиот конинент. Најпознати пристаништа се: Малага, Валенсија, Барселона, Марсеј, Џенова, Неапол, Палермо, Месина, Бари, Венеција, Трст, Риека, Сплит, Дубровник, Драч, Атина, Солун, Истанбул, Бургас, Одеса, Александрија,Бенгази, Триполи и Алжир.

Клима

уреди

Климата на Средоземното Море е условена од гоеграфската положба, од морските пространства, од африканскиот и од евроазискиот континент, како и од близината на Атлантикот. Таа е суптропска со благи врнежливи зими и жешки и суви лета. Просечните годишни температури се движат околу 16°С - 20°С. Ветровите се претежно со локален карактер, условени од заемното влијание на копното и морето. Облачноста е мала, со многу сончеви часови.

Наводи

уреди
  1. Pinet, Paul R. (2008). Invitation to Oceanography. Jones & Barlett Learning. стр. 220. ISBN 0-7637-5993-7.