Ирационален број
Во математиката, ирационален број — кој било реален број кој не е рационален број, односно, тоа е број кој не е од облик n/m, каде n и m се цели броеви.
Ирационален број може да се дефинира и како непериодичен бесконечен децимален број.
Множеството од сите ирационални броеви е бесконечно множество и се означува со I.
Важи: R = Q ∪ I, каде R — множеството на реални броеви, а Q на рационални броеви.
I — непреброиво (бидејќи множеството од рационални броеви е преброиво, а множеството од реални броеви е непреброиво).
Примери за ирационални броеви: , , , π, златен пресек итн.
Оваа статија од областа на математиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |