Сојузни покраини во Германија
Германија е сојузна република сочинета од 16 сојузни покраини (германски: Länder, Лендер). Бидејќи Land на германски исто така значи „земја“, изразот Bundesländer (Бундеслендер) (покраини или „земји“) се користи почесто бидејќи е попрецизен. Три од овие покраини се градови-покраини, додека другите 13 се наречени Flächenländer (Флехенлендер) („обласни покраини“).
Сојузни покраини
уредиСекоја покраина (Land) — претставена на сојузно ниво во Бундесратот („сојузен совет“).
Шеснаесетте покраини се:
- Баден-Виртемберг
- Баварија (Freistaat Bayern)
- Берлин
- Бранденбург
- Бремен (Freie Hansestadt Bremen)
- Хамбург (Freie und Hansestadt Hamburg)
- Хесен (Hessen)
- Мекленбург-Западна Померанија (Mecklenburg-Vorpommern)
- Долна Саксонија (Niedersachsen)
- Северна Рајна-Вестфалија (Nordrhein-Westfalen)
- Рајнска област-Пфалц (Rheinland-Pfalz)
- Сар
- Саксонија (Freistaat Sachsen)
- Саксонија-Анхалт (Sachsen-Anhalt)
- Шлезвиг-Холштајн
- Тирингија (Freistaat Thüringen)
Описниот збор Freistaat се користи од исклучиво историски причини. По законот еден Freistaat не се разликува од другите покраини.
Пред обединувањето на Германија во 1990, Западна Германија се содржела од 10 покраини, додека во 1952 Источна Германија ја реорганизирала својата територија на 15 административни области. По обединувањето на Германија на 3 октомври 1990, 14 од овие области биле сместени во 5 покраини - Мекленбург-Западна Померанија, Бранденбург, Саксонија-Анхалт, Тирингија и Саксонија како што постоеле до 1952. Поранешната област Берлин (источен) била комбинирана со Западен Берлин и ја оформиле новата покраина Берлин.
Управна структура
уредиУставот на Германија е федерален устав кој наведува дека владата на секоја сојузна покраина мора да се придржува кон правилата за републиканска, демократска и социјално управа, по основа на правилото на законот (Член 28[1]).
Речиси сите покраини ги управуваат кабинети на чело со Министер-претседател заедно со единствено законодавно тело наречено Ландтаг („покраинско собрание“). Односот помеѓу законодавната и извршната гранка е истиот како и на сојузно ниво: законодавните тела јавно се избираат на секои 4-5 години (зависно од покраината) и Министерот-претседател потоа се избира со гласовно мнозинство во рамките на членовите на тоа покраинско собрание. Министерот-претседател потоа поставува кабинет за управа на органите во неговата покраина и извршување на извршните должности во рамките на истата. Владите на Берлин, Бремен и Хамбург се наречени сенати, а во Баварија, Саксонија и Тирингија истите се нарекуваат покраински влади, а во останатите десет Land Gouverment.
Пред 1 јануари 2000, Баварија имала дводомен парламент, со јавно избран Ландтаг, и назначен сенат сочинет од претставници на најзначајните општествени и економски групи од таа покраина. Сенатот бил укинат по референдум во 1998.
Покраините Берлин, Бремен, и Хамбруг се управуваат малку поразлично од другите покраини. Во овие градови извршната гранка се состои од отрпилика осуммина избрани од собранието на таа покраина; сенаторите извржуваат должности еквивалентни на оние на министерите на поголемите покраини. Еквивалент на Министерот-претседател е Сенатспрезидент („Претседател на сенатот“) во Бремен, Erster Bürgermeister („Прв градоначалник“) во Хамбург и Regierender Bürgermeister („Владеачки градоначалник“) во Берлин. Собранието во Берлин се нарекува Абгеорднетенхаус („Дом на пратеници“), додека Бремен и Хамбург имаат Bürgerschaft.
Политика
уредиПолитиката на покраинско ниво често носи импликации на сојузно ниво. Победите на опозицијата во покраините, кои се случуваат во периодот од четири годфини владеење на една влада, може да ја ослаби коалицијата која сочинува една сојузна влада. Заради тоа Конрад Аденауер, Вили Брант и Герхард Шредер ги имаат изгубено сојузното канцеларство во 1963 1974 и 2005 односно.
Изборите во покраините претставуваат барометри за мерење поддршката за политиката на сојузната влада. Секоја загуба на локалните избори се рефлектира во состојбата и условите на сојузната валда.
Исходот на локалните избори исто така директно делува врз Бундесратот („сојузниот совет“), едно од двете тела на сојузниот парламент, кој исто тка може да предизвика тешкотии кај сојузната влада. на пример, во раните 1990-ти, опозицијата СПГ (SPD) држела две-третинско мнозинство во Бундесратот, и со тоа значително отежнувајќи ѝ на владеачката коалиција ХДУ/ХСУ-СДП за да ги постигне саканите уставни промени; веќе во 2003 ситуацијата била обратна, со тоа што владата под водство на СПГ била сериозно под закана од страна на мнозинството на ХДУ во Бундесратот.
Мочите на локалните власти во покраините се значлително намалени во последниве декади со зголемената централизација на законодавството. Постои комисија која е поставена да ги истражи можностите за подобро раздвојување на силите на локално и државно ниво, како одговор на овој проблем.
Понатамошни поделби
уредиГрадовите-покраини Берлин и Хамбург се делат на гратчиња. Покраината Бремен се состои од две населени места, Бремен и Бремерфавен. во другите покраини постојат следниве поделби:
Подрачни здруженија
уредиПодрачни здруженија (Landschaftsverbände): покраината Северна Рајна-Вестфалија е единствената поделена на овој начин. Во неа постојат две подрачни здруженија, Рајнска област и Вестфалија-Липе. Оваа поделба е резултат на напорите да се обединет два културно различни региона во една покраина по Втората светска војна. Денес подрачните здруженија имаат многу мал авторитет.
Владини окрузи
уредиВладини окрузи (Regierungsbezirkе): големите покраини Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија и Саксонија се поделени во административни региони или владини окрузи. Во Рајнска област-Пфалц, владините окрузи се исфрлени на 1 јануари 2000, во Саксонија-Анхалт на 1 јануари 2004 и во ДОлна Саксонија на 1 јануари 2005.
Окрузи (подрачја)
уредиОкрузи (Kreise): секоја покраина (освен „градовите-покраини“ Берлин, Хамбург и Бремен) се состојат од рурални окрузи (Landkreise) и урбани окрузи (Stadtkreise), (исто така: Kreisfreie Städte), градови кои се окрузи сами за себе. Покраината Бремен се состои од две градски подрачја, додека Берлин и Хамбург се покраини и градски подрачја истовремено.
Постојат 323 селски подрачја и 116 градски подрачја во Германија, вкупно 439 окрузи (подрачја) заедно. Секоја од нив се состои од избран совет и извршител, кого го избира советот и е задолжен за надгледување на локалната влада и администрација. Селските подрачја имаат главно административни функции на локално ниво како одржување на патишта, болници и јавни услуги.
Служби
уредиСлужби (Ämter): Во некои покраини постои административна единица помеѓу округ и општина. Оваа единица се нарекува служба (Ämter)(еднина Amt), Amtsgemeinden, Samtgemeinden, Verbandsgemeinden или Verwaltungsgemeinschaften.
Општини
уредиОпштини (Gemeiden): Секое селско подрачје се дели на општини, додека секое градско подрачје е истовремено и општина; постојат 12,320 општини во Германија (1 март 2006), кои се најмалите административни единици во земјата. Градовите се истовремено и општини, кои имаат градски права (Stadtrecht). Денес овие се состојат само од правата на едно место да се нњарече град; меѓутоа, во минатото ова подразбирало многу привилегии како сопствен даночен систем и ограничување на производството во рамките на само тој град.
Општината ја управува избран совет и извршител, градоначалникот, кој го бира или советот или народот, зависно од покраината. „Уставот“ на општините го донесува покраината и истиот важи за сите општини во таа покраина (освен во Бремен, каде е дозволено Бремерхафен да има свој устав).
Општините имаат две главни политички одговорности. Прво, тие управуваат програми одобрени од сојузната или покраинската влада. Ваквите програми се однесуваат на младината, училиштата, јавното здравство и социјалната помош. Второ, Член 28(2) од (главниот германски) устав ѝ го гарантира на општината „правото да ги регулираат по сопствена одговорност сите работи на локалната заедница во рамките на законот.“ Со оваа генерална изјава за компетентност, локалните влади оправдуваат широк спектар на активности како на пример, развојот на економската структура на општинско ниво со развојот на индустриски паркови.
Локалните власти исто така се грижат и за културните активности во заедницата со покровителство на уметниците, градење на уметнички центри, и/или организирање на панаѓури. Локалните власти исто така овозможуваат основни јавни услуги како гас и електрицитет, како и јавен превоз. Речиси сите овие функции моментално се под опасност (2003) бидејќи заедниците се страшно бедно финансирани; голем фактор во ова е фактот што тие не се финансираат од даноци кои самите ги определуваат и наплатуваат, туку од други извори.
Во пет германски покраини, постојат нездружени области како ненаселени шуми и планински места, но исто така четири езера во Баварија кои не се дел од општините. По податок од 1 јануари 2005, постојат 246 вакви области, речиси сите во Баварија, со вкупна површина од 4167.66 км2, или 1.2 % од површината на Германија. Следнава табела дава краток преглед.
Покраина | 1 јануари 2004 | 1 јануари 2000 | ||
---|---|---|---|---|
Број | Површина во км2 | Број | Површина во км2 | |
Баварија | 216 | 2725,06 | 262 | 2992,78 |
Долна Саксонија | 23 | 949,16 | 25 | 1394,10 |
Хесен | 4 | 327,05 | 4 | 327,05 |
Шлезвиг-Холштајн | 2 | 99,41 | 2 | 99,41 |
Баден-Виртемберг | 1 | 66,98 | 2 | 76,99 |
Германија | 246 | 4167,66 | 295 | 4890,33 |
Табелава покажува дека во 2000 г. бројот на нездружени области суште бил 295, со вкупна повржина од 4890.33 км2. Нездружени области постојано стануваат дел од блиските општини, целосно или делумно, најчесто во Баварија.
Само четири нездружени области се населени, со вкупно население од 2000 луѓе.
Поврзано
уреди„Сојузни покраини во Германија“ на Ризницата ? |
- Грбови на сојузните покраини во Германија
- Список на највисоки точки во германските сојузни покраини
- Список на градови во Германија со табела на градови со повеќе од 100.000 жители (Städte) и генерален список на градови, други општини и села.
- За список на Покраини во Германија пред 1815 г., видете Список на покраини во Светото Римско Царство