Тур де Франс 2013
Тур де Франс 2013 било 100. издание на Тур де Франс, една од големите трки во велосипедизмот. Трката започнала на 29 јуни со рамна етапа од Порто-Векио до Бастија. Трката завршила со церемонијална етапа на Шанзелизе во Париз на 21 јули. Дваесет и две екипи настапиле на трката, која ја освоил Британецот Крис Фрум од Тим Скај. Второто и третото место соодветно им припаднало на Колумбиецот Наиро Кинтана и Шпанецот Хоаким Родригес.
Светска турнеја на UCI 2013, трка 18 од 28 | |||
Рута на Тур де Франс 2013 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 29 јуни 2013 | –21 јули 2013||
Етапи | 21 | ||
Растојание | 3.403,5 км | ||
Време | 83ч 56' 40" (25,2 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Крис Фрум (ВБР) | (Тим Скај) | |
Втор | Наиро Кинтана (КОЛ) | (Мовистар Тим) | |
Трет | Хоаким Родригес (ШПА) | (Катјуша) | |
Бодовен | Петер Саган (СВК) | (Канондејл) | |
Планински | Наиро Кинтана (КОЛ) | (Мовистар Тим) | |
Младински | Наиро Кинтана (КОЛ) | (Мовистар Тим) | |
Екипен | Тим Саксо-Тинкоф | ||
Германскиот спринтер Марсел Кител бил првиот возач кој ја носел водечката жолта маичка. Кител го загубил водството следниот ден од Јан Бакелантс кој успеал да постигне една секунда предност по нападот кон крајот на етапата. Австралијанецот Сајмон Геранс го преземал водството откако неговата екипа, Орика-ГринЕЏ, го освоила екипниот хронометар на четвртата етапа. Геранс бил поминат во водството од колегата Дарил Импи по завршувањето на петтата етапа. Крис Фрум го преземал водството од Импи по завршувањето на осмата етапа. Фрум го одржал водството до крајот на трката во Париз преку постојаните добри резултати на поединечните хронометри и планинските етапи.
Крис Фрум станал вториот последователен британски велосипедист, кој го освоил Тур де Франс, откако Бредли Вигинс успеал во тоа една година пред тоа. Во другите пласмани на трката, возачот на Мовистар Тим Наиро Кинтана го освоил планинскиот пласман и исто така завршил како најдобар млад возач во генералниот пласман, завршувајќи на второто место; Петер Саган од екипата Канондејл бил освојувач на бодовниот пласман, додека Тим Саксо-Тинкоф завршиле како победници на екипниот пласман.
Екипи
уредиСите 19 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Три професионални континентални екипи, сите од Франција, биле исто така поканети.[1]
†: Поканети професионални континентални екипи
Фаворити пред трката
уредиБредли Вигинс, бранителот на титулата, бил насочен кон Џиро д’Италија, но се повлекол на почетокот поради болест.[2] Подоцна се повлекол и од Тур де Франс поради болест и повреда поради која не бил во можност доволно да тренира.[3] Поради ова Крис Фрум, второпласираниот на трката во 2012, станал предводник на Тим Скај и главен фаворит на трката, освојувајќи ги Трката околу Оман, Критериум Интернасионал, Тур де Романди и Критериум ду Дофине во 2013.[4] Уште еден возач на Тим Скај Ричи Порт имал одлична форма во 2013, победувајќи на Париз-Ница и завршувајќи втор зад Фрум на Критериум Интернасионал и Дофине, но се очекувало да биде негов помошник и да вози за него. Еден од главниот фаворити, Алберто Контадор (Тим Саксо-Тинкоф), се вратил на трката откако бил суспендиран на минатото издание. Енди Шлек од РадиоШек-Леопард, победникот во 2010, исто така повратник, откако ја пропуштил трката во 2012 поради повреда. Други кандидати биле Хоаким Родригес од Катјуша, кој бил на подиум на Џиро и Вуелта во 2012, Алехандро Валверде од Мовистар Тим, кој бил втор на Вуелта 2012, неговиот колега Наиро Кинтана и победникот на Тур 2011, Кедел Еванс, иако најверојатно ќе го делел водството во Аксент Џобс-Ванти со Тиџеј ван Гардерен. Возачот на Астана Винченцо Нибали бил можен кандидат откако се искачил на подиумот на Тур де Франс 2012, но се насочил на Џиро д’Италија 2013.[5]
Изјавувајќи по неговата победа на Критериум ду Дофине на 9 јуни, Фрум рекол дека тој е еден од седумте можни победници, додека останатите биле Контадор, Валверде, Родригес, Еванс, Ван Гардерен и Кинтана.[4][6]
Рута и етапи
уредиИмало 21 етапа на трката 2013 на вкупно растојание од 3.403,5 километри, сместени целосно на територијата на Франција, за разлика од многуте изданија на трката.[7] Тур започнал на Корзика, посетувајќи ги единствените два департмани во континентална Франција, кои никогаш не биле посетени од трката, Јужна Корзика и Горна Корзика.[7] Бидејќи било 100. издание на трката, изданието во 2013 вклучувало некои од најпознатите искачувања во историјата на трката, вклучувајќи ја завршницата на Мон Венту на етапата 15, а на етапата 18 Алп д’Ез бил искачуван двапати од возачите, вториот пат како цел на етапата.
Трката започнала во Корзика, во градот Порто-Векио. На островот се одржале првите три етапи.[8] Корзика бил единствен континентален регион, а Јужна Корзика и Горна Корзика биле единствените континентални департмани низ кои никогаш претходно не поминал Тур и организаторите сакале да го спојат 100. издание на Тур со првата посета на Корзика.[9][10][11] За да ја смести придружбата на трката во текот на нивниот престој на Корзика, организаторите го најмиле крстосувачот Мега Смералда, во кои се сместиле членовите на организацијата, медиумот и другите кои работеле на Тур и во него се одржувале конференциите за печат, иако возачите останале во хотели во и околу Порто-Векио.[12]
Трката била првата која целосно се одржала на француска почва од онаа во 2003. Вклучувала етапи кои биле опишани како „брутални“, три алпски етапи во последната недела заедно со „екстремно тешкиот“ хронометар.[11] Ова вклучувало двојно искачување на Алп д’Ез, првпат во историјата на трката се извело двојно искачување на некое искачување од ваков размер.[11][13] Имало осум рамни етапи, три ридски етапи, седум планински етапи (од кои четири со завршница на нагорнина), два поединечни хронометри и еден екипен хронометар. Трката се одржала на растојание од 3.403 километри,[7] и традиционално завршила во Париз.[11]
Трката имала екипен хронометар околу Ница на четвртата етапа и два поединечни хронометри. Сите други етапи биле со заеднички старт на возачите и биле поделени во три категории: од видот на етапата зависел бројот на бодови кои се добивал за бодовниот пласман и временската граница. Победникот на рамна етапа добивал 45 бода, победникот на среднопланинска етапа добивал 30 бода и победникот на планинска етапа добивал 20 бода.[14]
Трката завршила на етапата 21, со ноќна завршница на Шанзелизе во Париз за првпат во историјата на трката.
Етапа | Датум | Движење | Растојание | Вид | Победник | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | 29 јуни | Порто-Векио – Бастија | 213 км | рамна етапа | Марсел Кител (ГЕР) | ||
2 | 30 јуни | Бастија – Ајачо | 156 км | среднопланинска етапа | Јан Бакелантс (БЕЛ) | ||
3 | 1 јули | Ајачо – Калви | 145,5 км | среднопланинска етапа | Сајмон Геранс (АВС) | ||
4 | 2 јули | Ница – Ница | 25 км | екипен хронометар | Орика-ГринЕЏ | ||
5 | 3 јули | Кан – Марсеј | 228,5 км | рамна етапа | Марк Кевендиш (ВБР) | ||
6 | 4 јули | Екс ан Прованс – Монпелје | 176,5 км | рамна етапа | Андре Грајпел (ГЕР) | ||
7 | 5 јули | Монпелје – Албу | 205,5 км | рамна етапа | Петер Саган (СВК) | ||
8 | 6 јули | Кастр – Акс 3 Домен | 195 км | планинска етапа | Крис Фрум (ВБР) | ||
9 | 7 јули | Сен-Жирон – Бањер де Бигор | 168,5 км | планинска етапа | Даниел Мартин (ИРС) | ||
8 јули | Ден за одмор | ||||||
10 | 9 јули | Сен Жилда де Буа – Сен-Мало | 197 км | рамна етапа | Марсел Кител (ГЕР) | ||
11 | 10 јули | Авранш – Мон Сен-Мишел | 33 км | поединечен хронометар | Тони Мартин (ГЕР) | ||
12 | 11 јули | Фужер – Тур | 218 км | рамна етапа | Марсел Кител (ГЕР) | ||
13 | 12 јули | Тур – Сен Аман Монтрон | 173 км | рамна етапа | Марк Кевендиш (ВБР) | ||
14 | 13 јули | Сен Пурсен сир Сиул – Лион | 191 км | среднопланинска етапа | Матео Трентин (ИТА) | ||
15 | 14 јули | Живор – Мон Венту | 242,5 км | планинска етапа | Крис Фрум (ВБР) | ||
15 јули | Ден за одмор | ||||||
16 | 16 јули | Везон ла Ромен – Гап | 168 км | планинска етапа | Руј Кошта (ПОР) | ||
17 | 17 јули | Амбрен – Шорж | 32 км | поединечен хронометар | Крис Фрум (ВБР) | ||
18 | 18 јули | Гап – Алп д’Ез | 172,5 км | планинска етапа | Кристоф Риблон (ФРА) | ||
19 | 19 јули | Ле Бург-д’Оазан – Ле Гран Борнан | 204,5 км | планинска етапа | Руј Кошта (ПОР) | ||
20 | 20 јули | Анси – Семноз | 125 км | планинска етапа | Наиро Кинтана (КОЛ) | ||
21 | 21 јули | Версај – Париз | 133,5 км | рамна етапа | Марсел Кител (ГЕР) |
Пласмани
уредиПостоеле четири главни пласмани на Тур де Франс 2013. Најважниот бил генералниот пласман, пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време е предводник на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот во овој пласман се смета за победник на целиот Тур.[15] Во 2013, не постоеле бонус секунди.[16]
Дополнително, тука бил бодовниот пласман, кој се наградува со зелената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови за завршување меѓу најдобрите во етапата или на средните спринтови. Велосипедистот се најмногу бодови води во пласманот и му се доделува зелената маичка.[15]
Исто така, постои и планински пласман. Организаторите категоризираат одредени искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодови за овој пласман може да освојат првите велосипедисти на некое искачување, со разлика во бодовите на секое категоризирано искачување. Велосипедистите со најмногу бодови води во пласманот и му се доделува точкестата маичка.[15]
Четвртиот поединечен пласман е пласманот за млад возач, кој е награден со белата маичка. Овој пласман се преместува на истиот начин како генералниот пласман, но учествуваат само возачи помлади од 26 години.[15]
За екипниот пласман се додаваат времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечка екипа е екипата со најмало вкупно време. Возачите во екипата, кои водат во овој пласман, добиваат жолти броеви на нивните дресови[17] и за првпат од 2012 и жолти кациги.
Наградата за борбеност (исто така именувана како награда за најагресивен возач[17]) е одредена од судиите по секоја етапа.
- Забелешки
- На етапата 2, Александер Кристоф, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Марсел Кител (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата.
- На етапата 2, Дани ван Попел, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Марсел Кител (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата.
- На етапата 9, Пјер Ролан, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата. Обајцата, Фрум и Ролан, имале по 31 бод, но Фрум ја имал точкестата маичка, бидејќи прв повеќепати преминал преку искачување од прва категорија отколку Ролан.
- На етапата 13, наградата за борбеност им припаднала на Омега Парма-Квик Степ со одлука на судиите како признание на целата екипа. Марк Кевендиш бил избран да ја претставува екипата на подиумот.
- На етапите 16-18, Микел Ниеве, кој бил трет во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапите, а Наиро Кинтана (на второто место) ја носел белата маичка како предводник во пласманот за млад возач во текот на истите етапи.
- На етапата 19, Кристоф Риблон, кој бил трет во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата, а Наиро Кинтана (на второто место) ја носел белата маичка како предводник во пласманот за млад возач во текот на истата етапа.
- На етапата 20, Пјер Ролан, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата.
- На етапата 21, Ендру Талански, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Наиро Кинтана (на првото место) ја носел точкестата маичка како предводник во планинскиот пласман.
Поредок
уредиЛегенда | |||
---|---|---|---|
Го означува предводникот во генералниот пласман | Го означува предводникот во планинскиот пласман | ||
Го означува предводникот во бодовниот пласман | Го означува предводникот во пласманот за млад возач | ||
Го означува предводникот во екипниот пласман |
Генерален пласман
уредиВозач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Крис Фрум (ВБР) | Тим Скај | 83ч 56' 40" |
2 | Наиро Кинтана (КОЛ) | Мовистар Тим | + 4' 20" |
3 | Хоаким Родригес (ШПА) | Катјуша | + 5' 04" |
4 | Алберто Контадор (ШПА) | Тим Саксо-Тинкоф | + 6' 27" |
5 | Роман Кројцигер (ЧЕШ) | Тим Саксо-Тинкоф | + 7' 27" |
6 | Бауке Молема (ХОЛ) | Белкин Про Сајклинг | + 11' 42" |
7 | Јакоб Фуглсанг (ДАН) | Астана | + 12' 17" |
8 | Алехандро Валверде (ШПА) | Мовистар Тим | + 15' 26" |
9 | Даниел Наваро (ШПА) | Кофидис | + 15' 52" |
10 | Ендру Талански (САД) | Гармин-Шарп | + 17' 39" |
Бодовен пласман
уредиВозач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | Петер Саган (СВК) | Канондејл | 409 |
2 | Марк Кевендиш (ВБР) | Омега Парма-Квик Степ | 312 |
3 | Андре Грајпел (ГЕР) | Лото-Белисол | 267 |
4 | Марсел Кител (ГЕР) | Аргос-Шимано | 222 |
5 | Александер Кристоф (НОР) | Катјуша | 177 |
6 | Хуан Антонио Флеча (ШПА) | Вакансолел-ДКМ | 163 |
7 | Хосе Хоакин Рохас (ШПА) | Мовистар Тим | 156 |
8 | Михал Квијатковски (ПОЛ) | Омега Парма-Квик Степ | 110 |
9 | Крис Фрум (ВБР) | Тим Скај | 107 |
10 | Кристоф Риблон (ФРА) | Аг2р-Ла Мондијал | 104 |
Планински пласман
уредиВозач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | Наиро Кинтана (КОЛ) | Мовистар Тим | 147 |
2 | Крис Фрум (ВБР) | Тим Скај | 136 |
3 | Пјер Ролан (ФРА) | Тим Јуропкар | 119 |
4 | Хоаким Родригес (ШПА) | Катјуша | 99 |
5 | Кристоф Риблон (ФРА) | Аг2р-Ла Мондијал | 98 |
6 | Микел Ниеве (ШПА) | Еускалтел-Еускади | 98 |
7 | Морено Мозер (ИТА) | Канондејл | 72 |
8 | Ричи Порт (АВС) | Тим Скај | 72 |
9 | Рајдер Хесједал (КАН) | Гармин-Шарп | 64 |
10 | Тиџеј ван Гардерен (САД) | Аксент Џобс-Ванти | 63 |
Пласман за млад возач
уредиВозач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Наиро Кинтана (КОЛ) | Мовистар Тим | 84ч 01' 00" |
2 | Ендру Талански (САД) | Гармин-Шарп | + 13' 19″ |
3 | Михал Квијатковски (ПОЛ) | Омега Парма-Квик Степ | + 14' 39" |
4 | Ромен Барде (ФРА) | Аг2р-Ла Мондијал | + 22′ 22″ |
5 | Том Димулен (ХОЛ) | Аргос-Шимано | + 1ч 30′ 10″ |
6 | Александар Жење (ФРА) | FDJ.fr | + 1ч 33' 46″ |
7 | Тиџеј ван Гардерен (САД) | Аксент Џобс-Ванти | + 1ч 34' 37″ |
8 | Алекси Вијермоз (ФРА) | Сожасен | + 1ч 35′ 45″ |
9 | Тони Галопен (ФРА) | РадиоШек-Леопард | + 1ч 58' 39″ |
10 | Артур Вишо (ФРА) | FDJ.fr | + 2ч 10' 46″ |
Екипен пласман
уредиМесто | Екипа | Време |
---|---|---|
1 | Тим Саксо-Тинкоф | 251ч 11′ 07″ |
2 | Аг2р-Ла Мондијал | + 8' 28″ |
3 | РадиоШек-Леопард | + 9' 02″ |
4 | Мовистар Тим | + 22' 49″ |
5 | Белкин Про Сајклинг | + 38' 30″ |
6 | Катјуша | + 1ч 03' 48″ |
7 | Еускалтел-Еускади | + 1ч 30' 34″ |
8 | Омега Парма-Квик Степ | + 1ч 50' 25″ |
9 | Тим Скај | + 1ч 56' 42″ |
10 | Кофидис | + 2ч 07' 11″ |
Награден фонд
уредиВкупно околу 2 милиони евра биле распределени на трката. Првично секоја екипа добила околу 50.000 евра, додека секоја екипа со најмалку седум возачи кои ја завршиле трката добила по 1.600 евра повеќе по возач. Поединечниот победник на генералниот пласман добил 450.000 евра, а останатите подолу на пласманот добиле помал износ за секое место подолу, сè до 400 евра за последниот возач.[16][18]
Етапниот победник добивал 8.000 евра за обична етапа и 10.000 евра за хронометар. Парите се намалувале постепено до возачот на 20. место, кој добивал по 200 евра. Пари се давале и за поминување низ категоризираните искачувања, за најдобар млад возач на секоја етапа, најборбен возач и најдобра екипа на етапа.[18]
Поредок | 1. | 2. | 3. | 4. | 5. | 6. | 7. | 8. | 9. | 10. |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Етапа | 8.000 € | 4.000 € | 2.000 € | 1.200 € | 830 € | 780 € | 730 € | 670 € | 650 € | 600 € |
Среден спринт | 1.500 € | 1.000 € | 500 € | – | ||||||
Искачување од екстра категорија | 800 € | 450 € | 300 € | – | ||||||
Искачување од 1. категорија | 650 € | 400 € | 150 € | – | ||||||
Искачување од 2. категорија | 500 € | 250 € | – | |||||||
Искачување од 3. категорија | 300 € | – | ||||||||
Искачување од 4. категорија | 200 € | – | ||||||||
Млад возач | 500 € | – | ||||||||
Најборбен возач | 2.000 € | – | ||||||||
Екипа | 2.800 € | – |
Допинг
уредиЕден месец откако завршила трката било објавено дека немало позитивни тестови, но сите тестови ќе бидат зачувани, со што се овозможува нивно повторно анализирање во иднина.[19]
Наводи
уреди- ↑ „Teams selection of the 100th edition of Tour de France“. letour.fr. 27 април 2013. Посетено на 1 јуни 2013.
- ↑ „Вигинс се повлече од Џиро“. Посетено на 18 мај 2013.[мртва врска]
- ↑ „Bradley Wiggins: Tour de France champion ruled out“. BBC Sport. 31 мај 2013. Посетено на 31 мај 2013.
- ↑ 4,0 4,1 Фотерингем, Вилијам (11 јуни 2013). „Chris Froome's pursuit of perfection makes him Tour de France favourite“. The Guardian. Посетено на 11 јуни 2013.
- ↑ „Giro d'Italia triumph won't change Nibali's Tour de France plans“. Посетено на 27 мај 2013.
- ↑ „Крис Фрум победи на Критериум ду Дофине пред Тур де Франс“. BBC Sport. 9 јуни 2013. Посетено на 10 јуни 2013.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 „Тур 2013“. www.letour.fr. јуни 2013. Посетено на 6 јуни 2013.
- ↑ 8,0 8,1 „Три етапи на Корзика за бр. 100“. LeTour.fr. Посетено на 15 декември 2011.
- ↑ „100. Тур ќе започне на Корзика“. letour.fr. 24 ноември 2011. Посетено на 24 ноември 2011.
- ↑ „100. ќе започне на Корзика“ (холандски). sporza.be. 24 ноември 2011. Посетено на 24 ноември 2011.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 Фотерингем, Вилијам (24 октомври 2012). „Centenary Tour de France: this could be the hardest finish ever“. The Guardian. Посетено на 25 октомври 2012.
- ↑ „A floating headquarters“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. 26 јуни 2013. Посетено на 28 јуни 2013.
- ↑ „Етапа 18: Гап до Алп д'Ез“. Le Tour. 2 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2013-09-21. Посетено на 2 јуни 2013.
- ↑ „Одредби на трката“ (PDF). Amaury Sport Organisation. стр. 33–35. Посетено на 19 јули 2013.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 15,3 Christian, Sarah (2 јули 2009). „Tour de France demystified — Evaluating success“. RoadCycling.co.nz Ltd. Архивирано од изворникот на 2013-02-09. Посетено на 18 јули 2013.
- ↑ 16,0 16,1 „Sporting stakes / Rules“. Le Tour. Посетено на 15 јули 2013.
- ↑ 17,0 17,1 „Zoom… 2012“. letour.fr. Amaury Sport Organisation. 2012. Посетено на 29 мај 2012.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 „Sporting stakes / Detailed Rules Page 20 Onwards“ (PDF). Le Tour. Посетено на 15 јули 2013.
- ↑ Бенсон, Даниел (20 август 2013). „Нема позитивни допинг тестови на Тур де Франс 2013“. Cyclingnews. Future Publishing Limited. Посетено на 20 август 2013.
Надворешни врски
уреди„Тур де Франс 2013“ на Ризницата ? |