Готска архитектура

Готската архитектура е архитектонски стил, кој настанала во периодот на средниот век. Готската архитектура се развила од романската архитектура и била заменета од ренесансната архитектура.

Кентербериска катедрала

Почетоците на овој стил потекнуваат од 12 век сè до 16 век во Франција. Оваа архитектура е позната по своите големи катедрали, опатии и цркви, замоци, дворци, сали, универзитети. Нејзината главна одлика е создавањето на емоција. Големината на објектот не е многу важен, ако се има предвид дека денеска многу мали објекти се вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Со еден збор, проучувањето на готската архитектура е проучување на изработката и изградбата на различни видови цркви и катедрали.

Потекло на поимот

уреди

Името готика кога се употребува во архитектурата треба да се напомени дека нема ништо општо со историјата на готскиот народ, чија уметност и култура се сметала пред сè како варварска и оваа време го нарекувале како “мрачно“. Некои архитекти имале погрешни сфаќања околу готската архитектура, чии елементи честопати ги идентифицирале со барокот. Во општеството, готиката повторно била вметнета во употреба во 19 век, кога биле реконструирани голем број на готски дела. Во Германија, оваа доба била прогласена како германски народен стил. Во XX век овој нов стил бил наречен неоготика, односно неоготска архитектура, која најголем развој имала во САД и Англија.

Дејство

уреди

Готската архитектура настанала од трансформацијата, монументализацијата и новите архитектурни елементи во романиката во Франција во областа Ил де Франс, од каде биле користени елементи и од романиката во Нормандија.

Кон крајот на 12 век, Европа била разделена на множество градови, држави и царства. Зоната која тогаш ја опфаќала модерна Германија, Белгија, Холандија, Луксембург, Швајцарија, Австрија, источна Франција и голем дел од северна Италија номинално била дел од Светото Римско Царство, каде месните владетели имале значителна автономија. Англија, заедно со Франција, Шкотска, Сицилија и Шпанија биле независни царства. Норвешка била под влијание на Англија, Полска под Германија.

Во Франција варовникот бил лесно достапен во неколку степени. Многу фин бел варовник од Кан (Нормандија) се користел за декоративни скулптури. Англија исто така имала големи извори на варовник, мермер и песок. За разлика од нив, во северна Германија, Холандија, Скандинавија и Полска, овие материјали биле многу малку достапни за месните градежници. Во Италија, каменот бил користен, како и тулата. Мермерот бил доста застапен при изработка на определени објекти. За прва готска катедрала се смета дека била изградена во Франција во Сен Дени, која била срушена во 12 век.

За најрана готска архитектура се смтаат скулптурите, создавани за катедралите и црквите. Малку подоцна започнало создавање на творби кои биле сврзани најчесто со Стариот и Новиот завет.

Основни одлики

уреди
  • Ребрестите сводови за првпат биле воведени од страна на Готиката, додека во романиката биле користени заоблени сводови на квадратна основа.
  • Големи прозорци и високи ѕидови се карактерни за овој стил во архитектрата, за разлика во романиката, каде се користиле тешки ѕидови со мали прозорци.
  • Оцртување, односно изобразување на вертикалата и светлината. Самите сводови во некои катедрали достигнувале висина и до 48 метри.
  • Витки и високи стoлбови

Галерија

уреди