Пету (изворно: Petuh или Petu) — мешан јазик[1] кој се говори во градот Фленсбург во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, северна Германија, на границата со Данска. Претставува мешавина од германски, долногермански, дански и јужнојитски. Има горногерманска лексика (со извесни дански поими и преведени заемкиемки) но граматиката и синтаксата му се дански и долногермански (долносаксонски). Се смета дека настанал во XIX век и бил во широка употреба и во 1950-тите, но денес е на работ на изумирање.

Потекло на името

уреди

Дијалектот е наречен по постарите госпоѓи наречени „петутантки“ (иматели на годишен билет) кои со тракети оделе на излети и прошетки низ Фленсбуршкиот Фјорд и седеле во кафетериите на неговиот брег.

Пету Германски
Wie kann ich sitzen bei ausses Licht un szue Rollo'n un nähn abbe Knöppe an? Wie kann ich ohne Licht sitzen und bei geschlossenen Rollos Knöpfe annähen?
besüsseln jemanden hegen und pflegen
figellinsch schlitzohrig
Kinner einlegen Kinder ins Bett bringen

Наводи

уреди
  1. „Дански“. Регионални и малцински јазици во Германија (I. изд.). Министерство за внатрешни работи на Германија, Одделение за односи со јавноста. 2008. стр. 11.
  • Karl Nielsen Bock, 1933. "Niederdeutsch auf dänischem Substrat." Studien zur Dialektgeographie Südostschleswigs. Copenhagen and Marburg.

Надворешни врски

уреди