Партерека во Саксонија, Германија, десна притока на Вајсе Елстер. Нејзина вкупна должина е 60 километри. Парте потекнува од северна Саксонија, помеѓу Колдиц и Бад Лаузик. Тече северозападно низ Партенштајн, Наунхоф, Борсдорф и Тауха пред да влезе во градот Лајпциг. Парте се влева во Вајсе Елстер во северозападен Лајпциг.

Парте
Местоположба
Физички особености
УстиеВајсе Елстер
51°21′39″N 12°20′32″E / 51.36083° СГШ; 12.34222° ИГД / 51.36083; 12.34222
Должина60 км
Особености на сливот

На нејзиниот тек низ низината околу Лајпциг (Leipziger Tieflandsbucht), Парте тече низ Гросбардау, Партенштајн, Наунхоф, Бојха, Борсдорф, Панич, Тауха и Лајпциг. Во Парте се влеваат, меѓу другите, Гладеграбен, Мала Парте, Тодграбен, Мителграбен, Гренцграбен, Трене, Цаухграбен, Кителграбен, Вахтелбах, Лезеграбен, Штадицбах, Хазенграбен и Ридгенграбен. Парте низ Лајпциг тече низ камено речно корито, кое е видливо.

Меѓу другите, општината Партенштајн и сообраќајната раскрсница Партенауе (спојувањето на А38 во А14) се наречени по реката.

Поплава 2002

уреди

Во текот на поплавата на столетието на Елба во 2002, Парте исто така се излила од нејзиното користо. Ова довело до штета во селата и градовите, како што се Клајнбардау и Гросбардау.

Рекреација и природа

уреди

Велосипедската патека Парте-Мулде, долга 51 километар од Грима преку Наунхоф, Борсдорф и Тауха до Лајпциг води долж реката Парте. Таа е дел од мрежата на велосипедски патеки, кои водат од Лајпциг до Фрајбергер Мулде, како и реката Елба.

Во Тауха и Лајпциг-Абтнаундорф, Парте тече низ паркови. Големи делови на речниот тек се прогласени како „Природен резерват Партенауе-Махерн“.