Бура
Луња[1] или бура[2] — секоја нарушена состојба на животната средина или атмосфера на астрономско тело, особено што влијае на нејзината површина и подразбира невреме. Може да биде обележанa со значителни нарушувања на нормалните услови како што се силен ветер, град, обилни врнежи (снег, дожд), силни ветрови (тропски циклон) или ветар што носи некоја материја низ атмосферата како снежна бура, ледена бура и песочна бура.
Настанок
уредиНевремето се создава, кога нискиот притисок владее, со висок притисок околу него. Ова е формација на непријателски природни сили, што создаваат разни ветрови, бури, тешки снегови, тешки дождови и слично.
Сонцето нерамномерно ја затоплува Земјата. Близу до екваторот, тоа силно грее и го загрева воздухот и океаните. Така, една голема воздушна маса полна со водена пареа се крева високо во небото. На Северниот и Јужниот Пол сончевите зраци се послаби. Таму се создава сува студена воздушна маса. Разликите во температурата и ротирањето на Земјата предизвикуваат постојано движење на воздушните маси. Топлиот воздух од екваторот се движи во северен и јужен правец, а студениот воздух се движи од половите кон екваторот.
Видови
уредиИмаме повеќе вида на невремиња.
- Ледена бура
Ледените бури се едни од најпознатите облици на зимското невреме. Температурите се под 0° и е под смрзнувачко на телесната покривка на земјата.
- Снежна бура
Снежната бура се означува кога паѓа снег со така брзина од 5 цантиметри на час.
- Океанска бура
Оваа бура се означува кога на океаните дува ветер повеќе од 90 километри на час (км/ч).
- Торнадо
Торнадото е силен ветер што едноставно од облаците се прикачува на земјата со ротација. Најчесто изгледа темно, со форма на циклон. Торнадото е најзастапено во САД (Tornado Alley)
Невремето како тема во уметноста и во популарната култура
уредиБурата како мотив во книжевноста
уреди- „Бура“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[3]
- „Тишина по бурата“ (италијански: La quiete dopo la tempesta) — песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1829 година.[4]
- „Бура и друго“ — поетска збирка на италијанскиот писател Еуџенио Монтале од 1956 година.[5]
- „Бура“ — песна на арапскиот поет Имрул Кајс.[6]
- „Кремљ во снежната бура кон крајот на 1918 година“ — песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1918 година.[7]
- „Бура“ — песна на рускиот поет Владислав Ходасевич од 1921 година.[8]
- „Бура“ (англиски: The Tempest) — драма од Шекспир.
- „Бура“ - расказ на полскиот писател Бруно Шулц.[9]
Бурата како мотив во музиката
уреди- „Бура“ (англиски: The Storm) - песна на британската рок-група Биг кантри (Big Country) од 1983 година.[10]
- „Снежна бура“ (англиски: Snowstorm) — песна на американската рок-група Galaxy 500 од 1989 година.[11]
- „Засолниште од бурата“ (англиски: Shelter From The Storm) — песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1975 година.[12]
- „Јавачи на бурата“ (англиски: Riders On The Storm) — песна на американската рок-група Дорс од 1971 година.[13]
- „Временска бура“ (англиски: Weather Storm) — песна на британската група Масив Атак (Massive Attack) од 1994 година.[14]
- „Бура во мојата куќа“ (англиски: Storm In My House) — песна на американската рок-група Минитмен (Minutemen) од 1984 година.[15]
- „Пустинска бура“ (англиски: Desert Storm) — песна на британската техно-група Orbital од 1991 година.[16]
- „Бура“ (англиски: Stormy Weather) — песна на американската рок-група Пиксис (Pixies ) од 1990 година.[17]
- „Бура повторно“ — песна на македонската група ПМГ Колектив од 2007 година.[18]
Наводи
уреди- ↑ „луња“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „бура“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 80.
- ↑ Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 34-35.
- ↑ Serđo Tukoni, „Euđenio Montale“, во: Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 165.
- ↑ Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 6-7.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 52-53.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 33-34.
- ↑ Bruno Šulc, Cimetaste prodavnice. Beograd: Paidea, 2015, стр. 85-90.
- ↑ Discogs, Big Country – The Crossing (пристапено на 7.4.2022)
- ↑ Discogs, Galaxie 500 – On Fire (пристапено на 8.11.2022)
- ↑ Bob Dylan – Blood On The Tracks (пристапено на 30.9.2022)
- ↑ Discogs, The Doors – L.A. Woman (пристапено на 12.5.2020)
- ↑ Discogs, Massive Attack – Protection (пристапено на 11.1.2021)
- ↑ Discogs, Minutemen – Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)
- ↑ Orbital – Orbital (пристапено на 3.6.2023)
- ↑ Pixies – Bossanova (пристапено на 10.9.2023)
- ↑ „www.pmgrecordings.com (пристапено на 3.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2021-05-11. Посетено на 2017-12-03.
Надворешни врски
уреди„Бура“ на Ризницата ? |
- Branick, Michael. NOAA Technical Memorandum NWS SR-145: A comprehensive glossary of weather terms for storm spotters. Second edition. 1996.