ФК Јувентуситалијански фудбалски клуб од градот Торино, Пиемонт. Јувентус е трет најстар фудбалски клуб во земјата и со исклучок на една сезона, ја има поминато целата своја историја во првата италијанска лига (позната и како Серија А од 1929 година).

Клубот бил основан во 1897 година како Спортски клуб Јувентус од страна на група на млади студенти од Торино, а меѓу нив и човекот кој бил нивниот прв претседател, Еугенио Канфари, како и неговиот брат Енрико. Тие се автори на ова друштво, управувано од страна на индустриското семејство Ањели уште од 1923 година, што претставува најстаро спортско партнерство во Италија. Со тоа, „Јувентус“ бил првиот професионален клуб во земјата. Со текот на времето, клубот станал симбол на нацијата, што се должело на нивната долга традиција на успех. Во текот на 1930-тите, период во кој „Јувентус“ освоил рекордни пет последователни титули во првенството, клубот доживеал огромен напредок во поглед на бројот на неговите навивачи, со што станал првиот тим во Италија кој имал обожаватели од разни краишта на земјата. Исто така, „Јувентус“ бил идентификуван од страна на италијанскиот народ во тоа време како „тим кој го претставува целото население“ или „тимот на Италија“, како што го нарекувале во втората половина на 1920-тите. Ова седолжи, меѓу другото, и на придонесите на клубот во италијанската фудбалска репрезентација, при што, почнувајќи од втората половина на 1920-тите години, клубот постојано давал играчи кои играле одлучувачка улога во државните репрезентации на светските првенства во 1934, 1982 и 2006 година. „Јувентус“ има најголем број навивачи во Италија и, во тој поглед, тој е еден од најголемите тимови во целиот свет. Поддршката за Јувентус особено е распространета во земјите со значајно присуство на италијанска дијаспора. (Дознајте повеќе...