Сибирски тигар
Сибирски тигар
(P. tigris altaica)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мачки
Род: Пантери
Вид: Тигар
Подвид: Сибирски тигар'
Триномен назив
Panthera tigris altaica
Теминк, 1884
Распространетост на сибирскиот тигар.

Сибирски тигар (научPanthera tigris altaica), познат и како амурски тигар,[1] „источносибирски тигар“ и „усуриски тигар“ е редок подвид на тигар што живее на Далечениот Исток. Тој е најголемaта мачка на светот и истовремено со тоа еден од најмалобројните подвидови тигри. Внесен е во Црвената книга и е заштитен, до тој степен што, за убивање на сибирски тигар во Кина следува смртна казна.[2].

Таксономија

уреди

Felis tigris било научното име предложено од Карл Линеј во 1758 година за тигарот.[3] Во 19 век, неколку примероци тигар биле собрани во источна Азија и опишани:

 
Женка во Зоо Скопје.
  • Felis tigris altaicus предложен од Кунрад Јакоб Теминк во 1844 година биле кожи од тигар со долги влакна и густи палта продавани во Јапонија, кои потекнувале од Кореја, најверојатно од животни убиени на Алтајските и писиханските планини.[4]
  • Tigris longipilis предложен од Леополд Фитцингер во 1868 година се засновал на долговлакнест тигар во Природонаучниот музеј,во Виена.[5]
  • Felis tigris var. amurensis предложен од Чарлс Дод во 1871 година бил заснован на кожа од тигри од Амурскиот регион.[6]
  • Felis tigris coreensis од Емил Брас во 1904 година била кожа од тигар од Кореја.[7]

Валидноста на неколку подвидови на тигрите била доведена во прашање во 1999 година. Повеќето претпоставени подвидови опишани во 19 и 20 век се разликувале врз основа на должината и бојата на крзното, моделите на риги и големината на телото - особености кои многу варираат во населенијата. Морфолошки, тигрите од различни региони се разликуваат малку, а се смета дека протокот на гени меѓу населенијата во тие региони е можен за време на плеистоценот. Затоа, било предложено да се признаат само два подвида тигри како валидни, имено Panthera tigris tigris во континентална Азија и P. t. sondaica на Големиte Сундски Острови и евентуално на Сундаленд.[8][9] Во 2015 година, морфолошките, еколошките и молекуларните црти на сите подводни типови тигри биле анализирани во комбиниран пристап. Резултатите ја поддржуваат разликата на двете еволутивни групи: континентални и сундски тигри. Авторите предложиле признавање на само два подвида: имено P. t. tigris кои се состојат од населенија на бенгалски, малајски, индокинески, јужнокинески, сибирски и касписки тигри; и P. t. sodaica која се состои од населенија на јавански, балиски и суматрански тигри.[10]

Во 2017 година, Мачешката специјалистичка група ја евидирала мачешката таксономија и сега ги признава сите населенија на тигри во континентална Азија како P. t. tigris.[11]

Особености

уреди

На должина се протега до 3 метри со опашот, висина од 1 метар во плеќите и тежина до 350 кг (расте цел живот). Нормалната тежина е околу 200 кг, а висината 90 см. Женките обично се помали — 100-180 кг. Крзното е жолтеникаво со црни ленти, оддолу на стомакот е бело. Долго и густо, тоа му овозможува да живее при температури и до -45 °C. Канџите се долги 10 см и мошне остри, а видот му е 5 пати подобар од човековиот. Сибирскиот тигар е ѕвер со огромна физичка моќ кој може да влече животно со размери на коњ со стотици метри. Независно од своите крупни размери може да трча со брзина од 50 км/ч, а некои единки и до 70 км/ч. Добар пливач е и многу ја сака водата. Секое животно има свое поединечно подрачје на живеење со просечна површина од 50 км2.

Исхрана

уреди

Сибирски тигар се храни само со месо. 65-90% од пленот е обичниот елен. Исто така негови пленови се и лосот, срната, еленот сика, горалот, дивата свиња и рисот.[12] Понекогаш лови и помал дивеч како зајаци и глувци. Наеднаш може да изеде до 20 кг месо.

Размножување

уреди

Половата зрелост достигнува на 4 годишна возраст. Се парат по секое време на годината за околу десетина дена. Бременоста е 3-3½ месеци. Раѓаат 2-4 слепи мачиња. На 2-3 недели ги отвораат очите, а на четвртата неделе веќе добро гледаат. До двомесечна возраст цицаат, а потоа почнуваат да се хранат и со месо. Сепак цицаат до седум месечна возраст а понегаш и повеќе.

Распространетост

уреди

Се среќава на Далечниот Исток, во Русија и Кина. Во Приморскиот крај на Русија живеат околу 450 единки, а во Кина нешто 40-50 (10%). Одделни единки се среќаваат и во Северна Кореја, до руско-кинеската граница. Како резултат на заштитата во последниве години популацијата споро се зголемува и ја проширува својата територија, враќајќи си ги старите живеалишта.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Соколов В. Е. (1986). Редкие и исчезающие животные. Млекопитающие. Москва: Высш. шк.
  2. «Интересные факты об амурском тигре. Справка»РИАНОВОСТИ посет. 3 септември 2008 г
  3. Linnaeus, C. (1758). Felis tigris. Caroli Linnæi Systema naturæ per regna tria naturæ, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I (decima, reformata. изд.). Holmiae: Laurentius Salvius. стр. 41.
  4. Temminck, C. J. (1844). „Aperçu général et spécifique sur les Mammifères qui habitent le Japon et les Iles qui en dépendent“. Во Siebold, P. F. v.; Temminck, C. J.; Schlegel, H. (уред.). Fauna Japonica sive Descriptio animalium, quae in itinere per Japoniam, jussu et auspiciis superiorum, qui summum in India Batava imperium tenent, suscepto, annis 1825 - 1830 collegit, notis, observationibus et adumbrationibus illustravit Ph. Fr. de Siebold. Leiden: Lugduni Batavorum.
  5. Fitzinger, L. J. (1868). „Revision der zur natürlichen Familie der Katzen (Feles) gehörigen Formen“. Sitzungsberichte der Kaiserlichen Akademie der Wissenschaften. Mathematisch-Naturwissenschaftliche Classe. 58: 421–519.
  6. Dode, C. (1871). Felis tigris, var. amurensis. Proceedings of the Zoological Society of London (May): 480–481.
  7. Brass, E. (1904). Nutzbare Tiere Ostasiens. Pelz- und Jagdtiere, Haustiere, Seetiere. Neudamm: J. Neumann.
  8. Kitchener, A. (1999). „Tiger distribution, phenotypic variation and conservation issues“. Во Seidensticker, J.; Christie, S.; Jackson, P. (уред.). Riding the Tiger: Tiger Conservation in Human-Dominated Landscapes. Cambridge University Press. стр. 19–39. ISBN 978-0-521-64835-6.
  9. Kitchener, A.; Yamaguchi, N. (2010). „What is a Tiger? Biogeography, Morphology, and Taxonomy“. Во Tilson, R.; Nyhus, P. J. (уред.). Tigers of the World: The Science, Politics and Conservation of Panthera tigris (Second. изд.). London, Burlington: Academic Press. стр. 53–84. ISBN 978-0-08-094751-8. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  10. Wilting, A.; Courtiol, A.; Christiansen, P.; Niedballa, J.; Scharf, A. K.; Orlando, L.; Balkenhol, N.; Hofer, H.; Kramer-Schadt, S.; Fickel, J.; Kitchener, A. C. (2015). „Planning tiger recovery: Understanding intraspecific variation for effective conservation“. Science Advances. 11 (5): e1400175. Bibcode:2015SciA....1E0175W. doi:10.1126/sciadv.1400175. PMC 4640610. PMID 26601191. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  11. Kitchener, A. C.; Breitenmoser-Würsten, C.; Eizirik, E.; Gentry, A.; Werdelin, L.; Wilting, A.; Yamaguchi, N.; Abramov, A. V.; Christiansen, P.; Driscoll, C.; Duckworth, J. W.; Johnson, W.; Luo, S.-J.; Meijaard, E.; O’Donoghue, P.; Sanderson, J.; Seymour, K.; Bruford, M.; Groves, C.; Hoffmann, M.; Nowell, K.; Timmons, Z.; Tobe, S. (2017). „A revised taxonomy of the Felidae: The final report of the Cat Classification Task Force of the IUCN Cat Specialist Group“ (PDF). Cat News (Special Issue 11): 66−68. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  12. „Л. Г. Капланов. Тигр. Изюбрь. Лось“. Архивирано од изворникот на 2008-12-08. Посетено на 2013-09-05.

Надворешни врски

уреди