Руска Империја

поранешна држава од 1721 до 1917 година
(Пренасочено од Руска империја)

Руска Империја (тогашен руски: Pоссiйская Имперiя) — држава која постоела од 1721, па сѐ додека не била прогласена за република во август 1917.

Руска Империја
Россійская Имперія
Империја

1721 – 1917
Знаме Грб
Гесло
Съ нами Богъ!
(Бог е со нас!)
Химна
Боже, чувај го Царот!
Местоположба на Русија
Руската Империја во 1866 г.[1]
Главен град Санкт Петербург
(1721–28)
Москва
(1728–30)
Санкт Петербург (Петроград од 1914 г.)
(1730–1917)
Јазици Државен: руски
Признаени регионални јазици: фински, шведски, полски
Втор јазик: француски
Вероисповед Државна црква: Руска православна црква
Малцински: јудаизам, католицизам, протестантство, староверие, ислам, будизам
Уредување апсолутна монархија и
царизам
Император (Цар)
 -  1721–1725 Петар I (прв)
 -  1894–1917 Николај II (последен)
Претседатели на Министерскиот совет
 -  1905-1906 Сергеј Вите (прв)
 -  1917 Николај Голицин (последен)
Законодавство Управен сенат
 -  Горен дом Државен совет
 -  Долен дом Државна дума
Историја
 -  Крунисување на Петар I 7 мај 1682
 -  Прогласена за империја 22 октомври 1721 1721
 -  Декабристичка буна 26 декември 1825
 -  Укинување на крепосништвото 3 март 1861
 -  Револуција од 1905 јануари–декември 1905
 -  Основни закони 6 мај 1906
 -  Февруарска револуција 15 март 1917 1917
 -  Октомвриска револуција 7 ноември 1917
Површина
 -  1916 21799825 км²
Население
 -  1916 181537800 
     Густина 8.3 жит/км²
Валута Рубља
Денес во

Историја уреди

Руската Империја произлегла од моќната средновековна држава Московија (Московска Русија), владеена од наследниците на Иван IV како цареви. Иако империјата била официјално прогласена во 1721 г. од страна на цар Петар I, таа навистина се родила кога Петар станал цар во 1682. Петар бил згаден од назадноста на неговата земја, и затоа, пред да го заземе престолот, тој патувал по Европа, работејќи разни работи и занимања за да стекне искуство, како би можел да ја осовремени Московија. По војната на Балтикот во раните 1700-ти, Петар се зацврстил на крајбрежјето, и го основал градот кој ќе биде престолнина на државата во следните 200 години, Санкт Петербург. До крајот на XIX век империјата зафаќала површина од 22,400,000 км2 (речиси 1/6 од копнената површина на светот); во тоа време нејзиниот единствен соперник била Британската Империја. Меѓутоа во тоа време, најголемиот дел од населението живеело во европска Русија. Во Руската Империја живееле повеќе од 100 различни етнички групи, со тоа што русите биле мнозинство, со околу 45% од населението.

Во 1914, Руската Империја се состоела од 81 губернии и 20 области. Вазали и протекторати на Руската Империја биле Бухарскиот емират, Хивскиот ханат и, по 1914, Тува (Уријанхаи).

Покрај денешна Русија, пред 1917 во Руската Империја влегувала речиси цела денешна Украина, (Дњепарска Украина и Крим), Белорусија, Молдавија (Бесарабија), Финска (Велевојводство Финска), Ерменија, Азербејџан, Грузија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан (Руски Туркестан), речиси цела Литванија, Естонија и Латвија (Балтички губернорат), како и во голем дел Полска (Полско царство) и турските провинции Ардахан, Артвин, Игдир и Карс. Помеѓу 1742 и 1867 Руската Империја ја зазела Алјаска како своја колонија.

Руската Империја била наследна апсолутна монархија на чие чело стоел автократскиот император (царот) од династијата Романови. Руското православие била официјална државна религија која била контролирана од царот преку Светиот Синод. Поданиците на Руската Империја биле поделени цо сословја, или општествени класи како благородништво (дворјанство), свештенство, трговци, козаци и селани. Сибирските и централноазиските народи биле официјално регисрирани како инородци (несловени, буквално: „луѓе со друго потекло“).

По падот на монархијата по Февруарската револуција во 1917 год, Русија била прогласена за република од страна на Привремената влада.

Овој период, заедно со неговите преклопи со следните периоди, е покриен во следниве статии.

Владетел уреди

Петар Велики ја променил својата титула од Цар во 1721, кога бил прогласен за Серуски Император. Додека следните владетели ја задржиле оваа титула, владетелот на русија останал да се нарекува Цар или Царица сѐ до падот на империјата во Февруарската револуција во 1917 год.

Надворешни територии уреди

Вон самата „поширока Русија“, империјата се состоела и од уставните монархии во персонална унија:

Балтичкиот губернорат исто така се сметал за засебен од самата „поширока Русија“, заради воглавно автономното балтичко германско благородништво кое ја задржило контролата врз правниот систем, Лутеранската црква, локалните и градските управи, како и образованието кое се одвивало на германски јазик сѐ до доцниот XIX век, и делумно до 1918.

Империјата исто така контролирала и голема прекуморска територија во Северна Америка:

Покрај тоа, понекогаш империјата контролирала и концесиони територии, од кои значајни биле пристанишниот град Квантунг и Кинеската источна железничка зона, од кои двете биле предадени на царска Кина, како и концесија во Тјанѕин.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. По 1866 г. Алјаска е продадена на САД, Јужен Сахалин потпаѓа под Јапонија, но припоени се Батум, Карс, Памир и Задкасписката област (Туркменистан).
  2. Источниот дел на провинацијата Бадахшан
  • Library of Congress Country Studies: Russia
  • Hingley, Ronald. The Tsars, 1533-1917. Macmillan, 1968.
  • Warnes, David. Chronicle of the Russian Tsars: The Reign-by-Reign Record of the Rulers of Imperial Russia. Thames & Hudson, 1999.

Надворешни врски уреди