Фудбалска репрезентација на Италија

Фудбалската репрезентација на Италија ја претставува Италија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалска федерација на Италија (FIGC). Својот прв натпревар репрезентацијата го одиграла во 1910 година, кога во Милано ја победиле Франција со 6-2.

 Италија
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)Azzuri (Сини)
СојузФИГК
КонфедерацијаУЕФА УЕФА (Европа)
СелекторРоберто Манчини
КапитенЏорџо Кјелини
Најмногу настапиЏанлујџи Буфон (176)
Најдобар стрелецЛујџи Рива (35)
ФИФА кодITA
Домашни бои
Гостински бои
резервни бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално16 (25 јули 2019)
Највисок1 (повеќепати)
Најнизок21 (август 2018)
Прв меѓународен натпревар
Италија Италија 6 - 2 Франција Франција
(Милано, Италија; 15 мај 1910)
Најголема победа
Италија Италија 9 - 0 САД САД
(Брентфорд, Англија; 2 август 1948)
Најлош пораз
Унгарија Унгарија 7 - 1 Италија Италија
(Будимпешта, Унгарија; 6 април 1924)
Светско првенство
Учества18 (Првпат во 1934)
Најдобар резултатШампиони (1934, 1938, 1982, 2006)
Европско првенство
Учества9
Најдобар резултатШампиони (1968)

Италијанската репрезентација е една од најуспешните репрезентации во историјата на Светските првенства со четири освоени титули (1934, 1938, 1982, 2006) - само една помалку од Бразил - две финалиња (1970, 1994), трето место (1990) и едно четврто место (1978). Во 1938, тие станале првата репрезентација која успеала да ја одбрани титулата на Светските првенства, и по паузата поради Втората светска војна, ја задржале титулата цели 12 години. Италија исто така претходно освоила два Средноевропски купа (1927–30, 1933–35) и Олимпискиот фудбалски турнир (1936). Откако поголемиот дел од репрезентативците ги загубиле животите во авионска несреќа во 1949 година, тимот не напредувал понатаму од групната фаза на следните два турнира на Светското првенство, а исто така не успеале да се квалификуваат за изданието во 1958 година - неуспех што не се случил повторно сè до изданието во 2018 година. Италија се вратила во форма дури кон крајот на 1960-тите години, кога го освоиле Европското првенство (1968), нивна досега единствена титула на ова натпреварување на кое имаат уште две финалиња (2000, 2012). Италија исто така има настапувано и на Купот на конфедерации, каде најдоброто место го забележале во 2013 година кога завршиле како трети.

Италијанската репрезентацијата настапува во сини дресови и бели шорцеви. Поради тоа имаат прекар Azzuri (превод на мак. светлосини). Италија има голем број фудбалски соперништва, а меѓу најпознатите се оние со Бразил, Германија, Франција и Шпанија. Исто така, Италија досега неколкупати била водечка репрезентација на Ранг-списокот на ФИФА, а последен пат во периодот јули-август 2006.

Настапи на турнирите

уреди

Настапи на Светските првенства

уреди
Светско првенство Квалификации за
Светско првенство
Домаќин/Година Рунда Поз. ОН П Н И ДГ ПГ ОН П Н И ДГ ПГ
  1930 Не учествувале
  1934 Шампион 1 5 4 1 0 12 3 1 1 0 0 4 0
  1938 Шампион 1 4 4 0 0 11 5 Се квалификувале како актуелни шампиони
  1950 Групна фаза 7 2 1 0 1 4 3 Се квалификувале како актуелни шампиони
  1954 Групна фаза 10 3 1 0 2 6 7 2 2 0 0 7 2
  1958 Не се квалификувале 4 2 0 2 5 5
  1962 Групна фаза 9 3 1 1 1 3 2 2 2 0 0 10 2
  1966 Групна фаза 9 3 1 0 2 2 2 6 4 1 1 17 3
  1970 Финале 2 6 3 2 1 10 8 4 3 1 0 10 3
  1974 Групна фаза 10 3 1 1 1 5 4 6 4 2 0 12 0
  1978 Полуфинале 4 7 4 1 2 9 6 6 5 0 1 18 4
  1982 Шампион 1 7 4 3 0 12 6 8 5 2 1 12 5
  1986 Осминафинале 12 4 1 2 1 5 6 Се квалификувале како актуелни шампиони
  1990 Полуфинале 3 7 6 1 0 10 2 Се квалификувале како домаќини
  1994 Финале 2 7 4 2 1 8 5 10 7 2 1 22 7
  1998 Четвртфинале 5 5 3 2 0 8 3 10 6 4 0 13 2
    2002 Осминафинале 15 4 1 1 2 5 5 8 6 2 0 16 3
  2006 Шампиони 1 7 5 2 0 12 2 10 7 2 1 17 8
  2010 Групна фаза 26 3 0 2 1 4 5 10 7 3 0 18 7
  2014 Групна фаза 22 3 1 0 2 2 3 10 6 4 0 19 9
  2018 Не се квалификувале 12 7 3 2 21 9
  2022 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациите
Вкупно 18/20 83 45 21 17 128 77 97 67 23 7 200 60

Настапи на Европските првенства

уреди
Европско првенство Квалификации
Година Рунда Поз. ОН П Н И ДГ ПГ Состави ОН П Н И ДГ ПГ Ref.
  1960 Не учествувале Не учествувале [1]
  1964 Не се квалификувале 4 2 1 1 8 3 [2]
  1968 Шампион 1. 3 1 2 0 3 1 Состав 8 6 1 1 21 6 [3]
  1972 Не се квалификувале 8 4 3 1 13 6 [4]
  1976 6 2 3 1 3 3 [5]
  1980 Четврто место 4. 4 1 3 0 2 1 Состав Се квалификувале како домаќини [6]
  1984 Не се квалификувале 8 1 3 4 6 12 [7]
  1988 Полуфинале 4. 4 2 1 1 4 3 Состав 8 6 1 1 16 4 [8]
  1992 Не се квалификувале 8 3 4 1 12 5 [9]
  1996 Групна фаза 10. 3 1 1 1 3 3 Состав 10 7 2 1 20 6 [10]
    2000 Финале 2. 6 4 1 1 9 4 Состав 8 4 3 1 13 5 [11]
  2004 Групна фаза 9. 3 1 2 0 3 2 Состав 8 5 2 1 17 4 [12]
    2008 Четвртфинале 8. 4 1 2 1 3 4 Состав 12 9 2 1 22 9 [13]
    2012 Финале 2. 6 2 3 1 6 7 Состав 10 8 2 0 20 2 [14]
  2016 Четвртфинале 5. 5 3 1 1 6 2 Состав 10 7 3 0 16 7 [15]
  2020 Ќе учествуваат во квалификациите 0 0 0 0 0 0
В К У П Н О 9/15 38 16 16 6 39 27 108 64 30 14 187 72 [16]

УЕФА Лига на нации

уреди
УЕФА Лига на нации
Година Дивизија Рунда Поз. ОН П Н И ДГ ПГ
2018–19 А Групна фаза 8-мо 4 1 2 1 2 2
2020–21 А To be determined
Вкупно Фаза по групи
Лига А
1/1 4 1 2 1 2 2

Настапи на ФИФА Купот на конфедерации

уреди
ФИФА Куп на конфедерации
Домаќин/Година Рунда Поз. ОН П Н И ДГ ПГ
  1992 Не се квалификувале
  1995
  1997
  1999
    2001
  2003
  2005
  2009 Групна фаза 5 3 1 0 2 3 5
  2013 Полуфинале 3 5 2 2 1 10 10
  2017 Не се квалификувале
  2021 Накнадно ќе биде одлучено
Вкупно 2/9 8 3 2 3 13 15

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Салваторе Сиригу 12 јануари 1987(1987-01-12)(37 г.) 22 0     Торино
20 ГМ Алекс Мерет 22 март 1997(1997-03-22)(27 г.) 0 0     Наполи
21 ГМ Џанлујџи Донарума 25 февруари 1999(1999-02-25)(25 г.) 14 0     Милан
3 ОД Франческо Ачерби 10 февруари 1988(1988-02-10)(36 г.) 4 0     Лацио
4 ОД Емерсон Палмиери 3 август 1994(1994-08-03)(30 г.) 6 0     Челси
5 ОД Армандо Ицо 2 март 1992(1992-03-02)(32 г.) 2 0     Торино
6 ОД Данило Д'Амброзио 9 септември 1988(1988-09-09)(36 г.) 2 0     Интер
13 ОД Алесио Ромањоли 12 јануари 1995(1995-01-12)(29 г.) 10 0     Милан
16 ОД Алесандро Флоренци 11 март 1991(1991-03-11)(33 г.) 34 2     Рома
19 ОД Леонардо Бонучи   1 мај 1987(1987-05-01)(37 г.) 91 7     Јувентус
23 ОД Џанлука Манчини 17 април 1996(1996-04-17)(28 г.) 2 0     Рома
2 СР Сандро Тонали 8 мај 2000(2000-05-08)(24 г.) 0 0     Бреша
7 СР Лоренцо Пелегрини 19 јуни 1996(1996-06-19)(28 г.) 12 1     Рома
8 СР Жоржињо 20 декември 1991(1991-12-20)(33 г.) 19 2     Челси
12 СР Стефано Сенси 5 август 1995(1995-08-05)(29 г.) 4 1     Интер
18 СР Николо Барела 7 февруари 1997(1997-02-07)(27 г.) 9 2     Интер
9 НП Андреја Белоти 20 декември 1993(1993-12-20)(31 г.) 24 6     Торино
10 НП Федерико Бернардески 16 февруари 1994(1994-02-16)(30 г.) 21 2     Јувентус
11 НП Винченцо Грифо 7 април 1993(1993-04-07)(31 г.) 1 0     Фрајбург
14 НП Федерико Кјеза 25 октомври 1997(1997-10-25)(27 г.) 15 0     Фјорентина
15 НП Кевин Лазања 10 август 1992(1992-08-10)(32 г.) 4 0     Удинезе
17 НП Чиро Имобиле 20 февруари 1990(1990-02-20)(34 г.) 37 8     Лацио
22 НП Стефан Ел Шарави 27 октомври 1992(1992-10-27)(32 г.) 23 3     Шангај Шенхуа

Статистика на играчите

уреди
  Активни репрезентативци

Играчи со најмногу настапи

уреди

Последна промена 8 септември 2019.[17]

# Играч Период Настапи Голови
1 Џанлујџи Буфон 1997–2018 176 0
2 Фабио Канаваро 1997–2010 136 2
3 Паоло Малдини 1988–2002 126 7
4 Даниеле Де Роси 2004–2017 117 21
5 Андреја Пирло 2002–2015 116 13
6 Дино Ѕоф 1968–1983 112 0
7 Џорџо Кјелини 2004– 103 8
8 Џанлука Ѕамброта 1999–2010 98 2
9 Џакинто Факети 1963–1977 94 3
10 Леонардо Бонучи 2010– 91 7
Алесандро Дел Пјеро 1995–2008 91 27

Играчи со најмногу постигнати голови

уреди

Последна промена 8 септември 2019.[18]

# Играч Период Голови Настапи Процент
1 Лујџи Рива 1965–1974 35 42 0.83
2 Џузепе Меаца 1930–1939 33 53 0.62
3 Силвио Пиола 1935–1952 30 34 0.88
4 Роберто Баџо 1988–2004 27 56 0.48
Алесандро Дел Пјеро 1995–2008 27 91 0.30
6 Адолфо Балончери 1920–1930 25 47 0.53
Филипо Инѕаги 1997–2007 25 57 0.44
Алесандро Алтобели 1980–1988 25 61 0.41
9 Кристијан Виери 1997–2005 23 49 0.47
Франческо Грацијани 1975–1983 23 64 0.36

Натпревари против други репрезентации

уреди

Наводи

уреди
  1. „Квалификации за ЕП 1960“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  2. „Квалификации за ЕП 1964“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  3. „Квалификации за ЕП 1968“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  4. „Квалификации за ЕП 1972“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  5. „Квалификации за ЕП 1976“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  6. „Квалификации за ЕП 1980“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  7. „Квалификации за ЕП 1984“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  8. „Квалификации за ЕП 1988“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  9. „Квалификации за ЕП 1992“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  10. „Квалификации за ЕП 1996“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  11. „Квалификации за ЕП 2000“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  12. „Квалификации за ЕП 2004“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  13. „Квалификации за ЕП 2008“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  14. „Квалификации за ЕП 2012“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  15. „Квалификации за ЕП 2016“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  16. „Italy team profile“. UEFA.com. Посетено на 1 мај 2015.
  17. Roberto Di Maggio; José Luis Pierrend (8 April 2016). „Italy – Record International Players: Appearances for Italy National Team“. RSSSF. Посетено на 3 May 2016.
  18. „Classifica marcatori“ [Goalscoring standings]. FIGC.it (италијански). FIGC. Архивирано од изворникот на 2013-07-31. Посетено на 2 May 2016.

Надворешни врски

уреди