Википедија:Избрана статија/2016/50
Фредерик Шопен (1810-1849) — полски композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.
Роден е во селото Желазова Вола во Варшавското војводство. Мајка му била Полка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20-годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39-годишна ворзаст се разболил од туберкулоза.
Сите Шопенови дела се за пијано (претежно соло), и тие се сметаат дека припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничка виртуозност. Тој има измислено некои музички форми како баладата, но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како пијано сонатата, валцерот, ноктурното, етидата, импромптуто и прелудиумот. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика. (Дознајте повеќе...)