Средноирски јазик

Средноирски јазик (средноирски: Gaoidhealg, изговор: г’јелг, МФА: [ˈɡɯːʝeɫɡ]) — назив кој историските филолози му го имаат дадено на гелскиот јазик кој се зборувал од XX до XII век; затоа стој се смета за современик на доцниот староанглиски и раниот средноанглиски јазик.[1][2] Современите гелски јазици: ирскиот, шкотскиот гелски и манскиот произлегуваат од средноирскиот јазик.

Средноирски
Gaoidhealg 
Изговор: г'јелг [ˈɡɯːʝeɫɡ]
Зборуван во: Ирска, Шкотска, Ман
Исчезнување: се развил во класичен ирски околу XII век
Јазично семејство: Индоевропски
 Келтски
  Островски келтски
   Гелски
    Средноирски 
Писмо: Латиница
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: mga
ISO 639-3: id=mga mga
Средноирски натпис од Клонмакнојс: Oroit ar Thurcain lasan dernad in chrossa: „Молете се за Туркан од кого е направен овој крст

Во врвот на неговата распространетост, средноирскиот јазик се зборувал ширум Ирска, Шкотска и Манскиот Остов; од Манстер до северноморскиот остров Инчколм. По географски опсег ова бил најраспространетиот од сите островски јазици пред доцниот XII век, кога средноанглискиот јазик почнал да се шири во Ирска, и многу келтски региони во северна и западна Британија.

Ретко кој средновековен европски јазик може да се мери со средноирскиот по книжевниот обем и зачуваната литература. Зачувувањето на јазикот во голема мера се должи на истрајноста на неколкумина ирски старинари од раното ново време, но самиот обем на зачувани саги, летописи, хагиографии, итн., укажува на тоа колкава доверба средновековните гелски учени редови имале во својот вернакулар. Речиси сѐ од Ирска е зачувано, но многу малку од Шкотска и Ман.

Наводи

уреди
  1. Mac Eoin, Gearóid (1993). „Irish“. Во in Martin J. Ball (уредн.) (уред.). The Celtic Languages. London: Routledge. стр. 101–44. ISBN 0-415-01035-7.
  2. Breatnach, Liam (1994). „An Mheán-Ghaeilge“. Во in K. McCone, D. McManus, C. Ó Háinle, N. Williams, and L. Breatnach (уредн.) (уред.). Stair na Gaeilge in ómós do Pádraig Ó Fiannachta (ирски). Maynooth: Department of Old Irish, St. Patrick's College. стр. 221–333. ISBN 0-901519-90-1.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)

Поврзано

уреди