Википедија:Избрана статија/2016/33
Летни олимписки игри — меѓународен повеќеспортски настан првпат одржан во 1896 г., кој се приредува на секои четири години од страна на Меѓународниот олимписки комитет. На секој натпревар се доделуваат медали, при што златен медал за прво место, сребрен за второ и бронзен за трето — традиција која започнала во 1904 година. Зимските олимписки игри се создадени поради успехот на дотогашните летни игри.
Олимписките игри прераснале од настан со 42 дисциплини и 250 учесници — од мажи од 14 земји до настан со 300 дисциплини преку 10.000 натпреварувачи од 205 земји. Организаторите на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг очекувале присуство на 10.500 спортисти во 302 дисциплини.
Пет држави — Грција, Австралија, Франција, Велика Британија и Швајцарија — учествувале на сите одржани олимписки игри. Единствената земја која освоила златен медал на сите Летни олимписки игри е Велика Британија, од едно злато во 1904, 1952 и 1996 година па сè до 56 златни медали во 1908 година. (Дознајте повеќе...)