Кула на скапоценостите

(Пренасочено од Кула на Скапоценостите)

51°29′54.3″N 0°7′35.3″W / 51.498417° СГШ; 0.126472° ЗГД / 51.498417; -0.126472

Кулата на Скапоценостите во дворот на стариот дворец

Кулата на Скапоценостите (англ. Jewel Tower) е кула во Лондон, еден од само два преостанати делови од средновековната кралска Вестминстерска палата (другиот преостанат објект е Вестминстерската сала). Изградена е околу 1365 г. како ризница за драгоценостите на кралот Едвард III, а била нарекувана и „Лична остава на кралот“ (King's Privy Wardrobe). Ова е мал трикатен објект од камен, сместен наспроти денешната Вестминстерска палата, дом на Британскиот парламент. Кулата се наоѓала на најјужниот крај од тогашниот кралски комплекс, изѕидана како дел од бедемот, но понастрана од главните градби, и затоа го преживеала големиот пожар во 1834 кој го уништил речиси цел дворец.

Денес за објектот е задолжена управата English Heritage, која во неа држи постојана поставка насловена како Parliament Past and Present („Парламентот во минатото и денес“). Непосредно до кулата можат да се забележат и остатоци од некогашниот одбранбен шанец. Сè до пожарот, во оваа кула се чувале историските записи на Домот на Лордовите, кои денес се чуваат во Викториината кула, под раководство на парламентарниот архив.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди