Супер Марио
Супер Марио — измислен лик што бил создаден од страна на јапонскиот дизајнер на видеоигри Шигеру Мијамото. Во почетокот се појавувал само во видеоигрите, но набрзо станал толку популарен што можемо да го видиме во анимираните филмови и стриповите. Овој дебелко со бркови во сино работничко одело со црвено капче на главата е еден од најпознатите фиктивни ликови на денешницата чија популарност ја надминува само Мики Маус. Во последно време неговата слава е во опаѓање, меѓутоа приказната за неговата историја сè уште е интересна.
Почетоци
уредиИсторијата на Марио започнала во 1980 година кога американската филијала на компанијата Нинтендо се нашла во проблеми: во магацинот им останале околу 2.000 парчиња од аркадната машина Radar Scope кој никој не ги сакал. Се работи за тогаш единствена врста машини за видеоигри — "кутија" со екран кој можат да се најдат по баровите и аркадните салони. Задачата да го испразни складиштето ја добил младиот цртач Шигеру Мијамото, и тоа така што да направи игра која би можела да се вгради во веќе постоечките машини. Резултатот бил Donkey Kong — игра инспирирана од филмот Кинг-Конг во која човечето ја спасува девојката од рацете на дивиот мајмун кој фрла по него со буриња. Јунакот бил наречен Jumpman (скокач, затоа што ги прескакал бурињата), меѓутоа кога процениле дека тоа име не е доволно привлечно, во следната игра бил преименуван во Марио затоа што личел на сопственикот на зградата кој постојано доаѓал да ги потсетува за задоцнетото исплаќање на киријата.
Jumpman по професија бил столар, а неговиот изглед бил диктиран од техничките ограничувања. Капата ја добил затоа што тогаш не било можно да му се направи реалистично движење на косата, а брковите и големиот нос за лицето да му биде по воочливо. Разликата во бојата на пантолоните и маицата е тука за се истакне движењето со рацето, а иако во текот на животот Марио облечен во различни униформи, најпознат е по сините панталони и црвената маица кој најчесто и ги носел.
Освојување на светот
уредиПопуларноста на Марио во првите игри од серијалот Donkey Kong му овозможила на Нинтендо да направи игри со него во главна улога — Марио Брос за аркадни машини, а потоа и Супер Марио Брос кој се продавал во комплет со новата куќна конзола за Нинтендо — Nintendo Entertainment System (скратено NES). Иако некој му ја оспоруваат титулата за прва "скролачка" (затоа што и екранот се "скролал" — се движел на десно) платформска игра на сите времиња, неговата популарност не можно да се негира.
По Гинисовата книга на рекорди, таа е со 40 милиони примероци најпродаваната игра на сите времиња. Во тоа симпатично човече (сега водоинсталатер) кое собира печурки и им скока на глава на непријателите, имало нешто толку привлечно што сите други игри од тоа време едноставно немале шанси.
Надворешни врски
уреди„Супер Марио“ на Ризницата ? |