Кралство Прусија (германски: Königreich Preußen) — германско кралство од 1701 до 1918. Сè до поразот на Германија во Првата светска војна, тоа сочинувло скоро две третини од површината на Германското Царство. Името го добила од истоимената територијата Прусија, иако неговата база бил Бранденбург.

Кралство Прусија
Königreich Preußen
Држава на Германскиот Сојуз
Водечка држава во Северногерманскиот Сојуз
Водечка држава во Германското Царство
1701 – 1918
Знаме на Прусија (1892–1918) Кралски грб
Гесло
Suum cuique
"На секој свој"
Химна
Preußenlied
"Песна за Прусија"
Кралска химна
Heil dir im Siegerkranz
"Радувај се Ти на круната на победата"
Местоположба на Прусија
Кралството Прусија (темносино) на неговата најголемa големина, по припојувањето Саксонија-Лауенбург во времето на Германското Царство, 1876
Главен град Берлин
Јазици Службени јазици:
германски
Признаени јазици:
долногермански, полски, дански, литвански, долнолужички, кашупски, фризиски
Уредување апсолутна монархија
(до 1848)
уставна монархија
(од 1848)
Крал
 -  1701–1713 Фридрих I
(прв крал во Прусија)
 -  1740–1786 Фридрих II
(прв крал на Прусија)
 -  1888–1918 Вилхелм II (последен)
Канцелар1
 -  1848 Адолф Хајнрих (прв)
 -  1862–73, 1873–90 Ото фон Бизмарк (познат)
 -  1918 Максимилијан Баденски (последен)
Законодавство Ландтаг
 -  Горен дом Херенхаус
 -  Долен дом Парламент
Историски период ран модерен период
 -  Бранденбург-Прусија
    подигнат во
    Крал во Прусија


18 јануари 1701
 -  Француска доминација 14 октомври 1806
 -  Обновување 9 јуни 1815
 -  Уставна
    монархија

5 декември 1848
 -  Германско Царство 18 јануари 1871
 -  Германска револуција 9 ноември 1918
Површина
 -  1910[2] 348779.87 км²
Население
 -  1816[1] 10349031 
 -  1871[1] 24689000 
 -  1910[2] 34472509 
     Густина 98.8 жит/км²
Валута Рајхсталер (до 1750)
Пруски талер (1750–1857)
Ферајнсталер (1857–71)
Голдмарк (1871–1914)
Папирмарк (од 1914)
Минати
Следни
Царското знаме на Светото Римско Царство Свето Римско Царство
Грб на Бранденбург Бранденбург-Прусија
Кралска Прусија
Слободен Град Данциг
Грб на Шведска Померанија Шведска Померанија
Изборно Кнежевство Хесен
Слободен Град Франкфурт
Војводство Насау
Кралство Хановер
Грб на Холштајн Војводство Холштајн
Грб на Шлезвиг Војводство Шлезвиг
Саксо-Лауенбург
Слободна Држава Прусија
Денес во  Белгија
 Данска
 Германија
 Литванија
 Полска
 Русија
1: За време на Северногерманскиот Сојуз и Германското Царство (1867–1918), Канцеларот на Прусија, исто така, бил и канцелар на Германија.

Историја уреди

Основање уреди

Од 1618, Изборното Кнежевство Бранденбург и Војводството Прусија стапиле во личен сојуз од страна на Хоенцолерн („Бранденбург-Прусија“). Во текот на Втората северна војна, Договорот Лабиау и Договорот Велау-Бромберг му доделиле на Хоенцолерн суверенитот во Пруското војводство. Така, во замена за сојуз против Франција во Војната за шпанското наследство, изборниот кнез Фридрих III се крунисал самиот како Крал во Прусија како Фридрих I во 1701. Технички, ниедна кралство не можело да постои во Светото Римско Царство, освен Бохемија. Меѓутоа, Фридрих го зазел ставот дека Прусија никогаш не припаѓала на царството и дека Хоенцолерн го има целиот суверенитет над него, тој можел да ја воздигне Прусија во кралство. Титулата „Крал во Прусија“ била усвоена, бидејќи тие биле сè уште само избирачи во тој дел на Прусија, кој бил сè уште дел од Светото Римско Царство. Тоа било така сè до 1772, кога титулата била променета во „Крал на Прусија“.

1701-1740: Рана историја уреди

Новото Кралство Прусија било многу сиромашно - уште не целосно закрепнато од уништувањата во Триесетгодишната војна — и неговата територија била неповрзана долж 1200 километри: од земјите на Војводството Прусија на југоисточниот брег на Балтичкото Море, до Хоенцолерновиот средиштен дел во Бранденбург, до енклавите Клеве, Марк и Равенсберг во Рајнската област. Во 1708, околу една третина од населението на Војводството Прусија било жртва на бубонската чума.[3] Чумата го достигнала Пренцлау во август 1710, но на крајот се повлече пред да го стигне во главниот град Берлин, кој бил само 80 километри оддалечен.

Поразот на Шведска од страна на Русија, Саксонија, Полска, Данска-Норвешка, Хановер и Прусија во Големата северна војна (1700–1721) го означи крајот на значајната шведска моќ на јужните брегови на Балтичкото Море. Во текот на Померанската кампања и со Пруско-шведските Стокхолмски договори (јануари 1720), Прусија ја добила јужната Шведска Померанија со Штетин (Шчеќин). Веќе во 1529, Хоенцолерновиот Бранденбург го обезбедил враќањето на Војводството Померанија по серија конфликти и го добил неговиот источен дел по Вестфалскиот мир.

Во тоа време, трендовите поставени по предлог на големиот изборен кнез го достигнале нивниот максимум, како Јункер, земјопоседничката аристократија, биле заковани од Пруската армија. Оваа ера исто така сведочи за подемот на задолжителното образование во Германија[4]. Кралот Фридрих Вилхелм I го вовел прускиот задолжителен систем во 1717 година[4].

1740-1760: Шлески војни уреди

Во 1740, кралот Фридрих II (Фридрих Велики) дошол на престолот. Користејќи го како изговор договорот од 1537 година (ставено вето од страна на царот Фердинанд I), со кој делови од Шлеска требало да поминат кон Бранденбург по исчезнувањето на владејачката Пјастовска династија, Фридрих ја окупирал Шлеска, а со тоа и го означил почетокот на Војната за австриското наследство. По брзото окупирање на Шлеска, Фридрих понудил да ја заштити надвојвотката Марија Тереза, ако покраината се сврти кон него. Понудата била одбиена, но Австрија се соочувала и со други конкуренти и Фридрих на крајот бил во можност да се стекне со формална цесија со Берлинскиот конгрес во 1742.

На изненадување на многумина, Австрија успеала да ја обнови војната успешно. Во 1744 Фридрих нападнал повторно за да ја спречи одмазда и овојпат ја нападнал покраината Бохемија. Тој не успеал, но францускиот притисок врз австрискиот сојузник Велика Британија доведол до серија договори и компромиси, кулминирајќи во 1748 Ахенски договор да го врати мирот и да ја остави Прусија во поседувањето на Шлеска.

Понижена од страна на цесијата на Шлеска, Австрија работела да обезбеди сојузи со Франција и Русија („Дипломатска револуција“), додека Прусија пристигнала во кампот на Велика Британија формирајќи го Англо-пруски сојуз. Кога Фридрих превентивно ја окупирал Саксонија и Бохемија во текот на неколку месеци во 1756–1757, тој ја започнал Седумгодишната војна, која исто така може да се смета како Прва светска војна, бидејќи тогаш имало борби на три континента (француските и британските колонии).

Оваа војна била очајна за Пруската армија, но фактот дека успеала да се бори против голем дел од Европа во нерешени битки, сведочи за воените вештини на Фредерик. Соочувајќи се со Австрија, Русија, Франција и Шведска истовремено и единствено Хановер (и неконтинентална Велика Британија) како значајни сојузници, Фридрих успеал да спречи сериозни инвазии до октомври 1760 година, кога руската армија на кратко го окупирала Берлин и Кенигсберг (денешен Калининград). Ситуацијата станала постепено сè полоша, меѓутоа, сè до смртта на царицата Елисавета (Русија) (Чудо на Династијата Бранденбург). Пристапувањето на прусофилот Петар III го олесна притисокот на источниот фронт. Шведска, исто така, излегла од војната во исто време.

Откако ја победила австриската армија во Битката кај Буркерсдорф и потпирајќи се на продолжување на британскиот успех против Франција во колонијалните војни, Прусија конечно била во можност да извлече статус кво анте белум на континентот. Овој резултат ја потврди големата улога на Прусија во рамките на германските држави и ја создаде земјата како европска голема сила. Фридрих, вџашен од блискиот пораз на Прусија, живеел во неговите денови како многу мирен владетел.

1772, 1793 и 1795: Поделба на Полско-литванскиот Комонвелт уреди

На исток и на југ од Прусија, Полско-литванската Државна Заедница била постепена ослабувана во текот на XVIII век. Загрижени од зголемувањето на руското влијание во полските работи и од можното проширување на Руското Царство, Фридрих бил од помош во започнувањето на првата поделба на Полска помеѓу Русија, Прусија и Австрија во 1772 година, да се одржи рамнотежата на моќта. Кралството Прусија анексирало поголем дел од полската покраина на Кралска Прусија, вклучувајќи ја и Вармија; анексираното подрачје било организирано следната година во покраината Западна Прусија. Новата територија ги поврзувала покраината Источна Прусија (територија претходно позната како Војводство Прусија) со покраината Померанија, обединувајќи ги кралските источни територии.

По починувањето на Фридрих во 1786, неговиот внук Фридрих Вилхелм II ги продолжил поделбите, освојувајќи голем дел од западна Полска во 1793 година.

Во1795, Кралството Полска престанува да постои и голема површина (вклучувајќи ја и Варшава) на југ од Источна Прусија станала дел од Прусија. Тие нови територии биле организирани во покраини Нова Шлеска, Јужна Прусија и Нова Источна Прусија.

1801-1815: Наполеонови војни уреди

Договорот од Базел (1795) стави крај на војната на првата коалиција против Франција. Во него, Првата Француска Република и Прусија утврдиле дека тој ќе обезбеди неутралност на Светото Римско Царство во сите скорашни територии северно од демаркационата линија на реката Мајна, вклучувајќи ги и британските континентални територии, како Изборно кнежевство Хановер и Војводствата Бремен-Верден. За таа цел, Хановер (вклучувајќи го и Бремен-Верден) исто така мораа да обезбедат трупи за т.н. демаркациона армија одржување на оваа државна оружена неутралност.

Во текот на војната на втората коалиција против Франција (1799–1802) Наполеон Бонапарт ја повикал Прусија да ги окупира континенталните британски територии. Во 1801 24.000 пруски војници го нападнале, изненадувајќи го Хановер, кој се предал без борба. Во април 1801 пруските трупи пристигнале во главниот град на Бремен-Верден Штаде и останале таму до октомври истата година. Обединетото Кралство Велика Британија и Ирска прво го игнорирал пруското непријателство, но кога се приклучил на про-француската коалиција на вооружени „неутрални“ сили како што се Данска-Норвешка и Русија, Британија започнала да ги зазема пруските пловни објекти. По Копенхашката битка коалицијата се распаднала, а Прусија повторно ги повлекла своите војници.

На иницијатива на Наполеон, Прусија повторно ги заробила британските Хановер и Бремен-Верден во почетокот на 1806. На 6 август истата година Светото Римско Царство било распуштено како резултат на Наполеоновите победи над Австрија. Титулата Курфирст (Kurfürst) (Избран принц) на Бранденбург станала бесмислена и била отфрлена[5]. Пред тоа, Хоенцолерновиот суверен држел многу титули и круни, од Врховен гувернер на протестанстките цркви (summus episcopus) до крал, изборен кнез, голем војвода, војвода на разни региони и кралства по негова власт. По 1806, Фридрих Вилхелм III, едноставно, бил крал на Прусија и summus episcopus.

Но, кога Прусија, откако се сврте против Француското Царство, била поразена во Битката кај Јена (11 ноември 1806), кралот Фридрих Вилхелм III бил привремено принуден да побегне на оддалечениот Мемел. По Тилзитскиот мир во 1807, Прусија изгубила околу половина од својата територија, вклучувајќи ја и земјата добиена од Втората и Третата поделба на Полска (кои сега припаднале на Варшавското војводство) и целата земја западна од реката Елба. Франција го заробила пруско окупираниот Хановер, вклучувајќи го и Бремен-Верден. Остатокот од кралството било окупирано до француските трупи (на сметка на Прусија) и кралот бил задолжен да направи сојуз со Франција и да се приклучи на континенталната блокада.

По поразот на Наполеон во Русија, Прусија се повлекла од сојузот и учествувала во Шестата коалиција за време на „војните за ослободување“ (Befreiungskriege) против француската окупација. Пруските трупи под маршалот Гебхард Леберехт фон Блихер решавачки придонесе во Битката кај Ватерло во 1815 до конечната победа над Наполеон.

1815: По Наполеон уреди

 
Проширување на Прусија 1807–1871

Пруската награда за нејзиниот дел во поразот на Франција дојде на Виенскиот конгрес, каде Прусија добила поголем дел од нејзините загубени територии и значително повеќе, вклучувајќи и 40% од Кралството Саксонија и поголем дел од Рајнската област. Голем дел од територијата била анексирана во Третата поделба на Полска и била доделена на Царството Полска под руска власт.

Со овие пруски добивки во територии, кралството била реорганизирано во десет покраини. Поголемиот дел од кралството, освен покраините Источна Прусија, Западна Прусија и покраината Позен, станал дел од новиот Германски Сојуз, конфедерација на 39 суверени држави на местото на веќе непостоечкото Свето Римско Царство.

Фридрих Вилхелм II спровел во Прусија голем број на административни реформи, меѓудругото, реорганизација на владата по пат на министерства, која станала формална во следните сто години.

Што се однесува до религијата, реформистот калвинист Фридрих Вилхелм III — како Врховен гувернер на протестантските цркви — го наметнал неговиот долгогодишен негуван проект (започнат во 1798) за обединување на Лутеранската и Реформираната Црква во 1817, (види Пруска унија). Калвинистичкото малцинство, силно поддржано од Фридрих Вилхелм III и делумно неподготвеното лутеранско мнозинство ја формирале обединетата протестантска Евагелистичка Црква во Прусија. Сепак, следеа кавги предизвикувајќи постојан раскол меѓу Лутеранците обединети во новата Црква и старите Лутеранци од 1830 година.

Како последица на Револуциите во летото 1848, кнежевствата Хоенцолерн-Зигмаринген и Хоенцолерн-Хехинген (управувани од страна на католички кадет-гранка на Династијата Хоенцолерн) биле припоени кон Прусија во 1850, подоцна обединети како покраина Хоенцолерн.

1848-1871: Германските војни за обединување уреди

Во следниот половина век по Виенскиот конгрес, имало судир на идеали во рамките на Германскиот Сојуз помеѓу обединување на германскиот народ и зачувување на моменталната состојба на помали германски држави и кралства. Создавањето на германската царинска унија (Zollverein) во 1834, која ја исклучувала Австриското Царство, зголемувајќи го пруското влијание над земјите-членки. Како последица на револуциите во летото 1848, на кралот Фридрих Вилхелм IV му била понудена круната на обединета Германија од страна на Франкфуртскиот парламент. Фридрих Вилхем ја одбил понудата со образложение дека револуционерното собрание не може да обезбеди кралска титула. Но, имало и две други причини зошто тој одбил: да го сторел тоа ќе направел малку за да стави крај на внатрешната борба помеѓу Австрија и Прусија и сите пруски кралеви (дотогаш, вклучувајќи го и Вилхелм I) стравувале дека формирањето на Германско Царство би значело крај на пруската независност во рамките на германските држави.

Во 1848, активностите преземени од Данска кон војводствата Шлезвиг и Холштајн довеле до првата Данско-пруска војна (1848-51) помеѓу Данска и Германскиот Сојуз. Данска била поразена.

Фридрих Вилхелм го прогласил прускиот прв Устав под своја власт во 1850. Овој документ — благ во споредба со времето, но конзервативен по денешни стандарди — предвидувал дводомен парламент. Долниот дом, или Ландтаг бил избиран од страна на сите даночни обврзници, кои биле поделени на три класи, чии гласови биле мерени според висината на платени даноци. Жените и оние кои не плаќале даноци немале право на глас. Ова им овозможувало само околу една третина од гласачите да изберат 85% од законодавниот дом, речиси обезбедувајќи доминација од страна на мажите од населението. Горниот дом, кој подоцна бил преименуван во Херенхаус („Домот на лордовите“), бил назначен од кралот. Тој осигурил полна извршна власт и министрите биле одговорни единствено нему (впрочем, дури до 1910, пруските кралеви верувале дека владееле со божествено право). Како резултат на тоа, канџите на земјопоседничките класи, Јункерите, останале непрекинато, особено во источните покраини.

Фридрих Вилхелм претрпел мозочен удар во 1857 и неговиот помлад брат, принцот Вилхелм, станал регент. Вилхелм водел значително поумерено владеење и добил доволно моќ, кога Фридрих Вилхелм починал во 1861 година, тој бил во можност да стане крал како негово право како Вилхелм I. Меѓутоа, кратко време по добивањето на престолот, тој се соочил со спорот од парламентот за големината на армијата. Парламентот, доминиран од либералите, се двоумел за желбата на Вилхелм за зголемување на бројот на единици и го затаил одобрувањето на буџетот за плаќање на тие трошоци. Следел ќорсокак и Вилхелм сериозно размислувал да абдицира во корист на неговиот син, принцот Фридрих Вилхелм. Сепак, тој го наговорил Ото фон Бизмарк, неговиот амбасадор во Франција, да го назначи за премиер. Бизмарк ја презел функцијата на 23 септември 1862 година.

Иако Бизмарк имал репутација како бескомпремисен конзервативец, тој првично бил склон да бара компромис околу прашањето со буџетот. Меѓутоа, Вилхелм одбил да го разгледува тоа; тој ги гледал одбранбените прашања како кралски лични прашања. Принуден кон политика на конфронтација, Бизмарк излегол со нова теорија. Според Уставот, кралот и парламентот биле одговорни за договарање на буџетот. Бизмарк тврдел дека откако тие не успеале да дојдат до договор, дека има „дупла“ во Уставот и дека владата треба да продолжи да собира даноци и да исплаќа средства во согласност со стариот буџет со цел да се задржи функционирањето на државата. Владата на тој начин функционирала без нов буџет од 1862 до 1866, дозволувајќи му на Бизмарк да ги спроведе воените реформи на Вилхелм.

Либералите насилно го осудиле Бизмарк како нарушувач на законот. Меѓутоа, вистинскиот план на Бизмарк бил договор со либералите. Тој верувал дека германското обединување било неизбежно, но дека конзервативните сили треба да ја преземат водечката улога кон создавање на единствен народ со цел да се заштити. Тој, исто така, верувал дека либералите од средната класа сакале обединета Германија повеќе, отколку што сакале да се пробие контролата на традиционалните сили во општеството. Така, тој тргнал кон стремежот да создаде обединета Германија под пруско водство и водејќи ја Прусија низ три војни, на крајот успеал да ја постигне оваа цел.

Првата од овие војни била втората Данско-пруска војна (1864), која ја започнала Прусија и успедала да ја добие со помошта на Австрија. Данска била убедливо поразена и ги предале обете Шлезвиг и Холштајн, на Прусија и на Австрија соодветно.

 
Последица на Австриско-пруската војна (1866)
  Прусија
  Пруски сојузници: Италија и 14 германски држави[6]
  Австриски сојузници: 11 германски држави[7]

Поделената администрација на Шлезвиг и Холштајн потоа станало причина за Австриско-пруската војна (1866 – исто така позната и како седумнеделна војна), каде што Прусија, во сојуз со Кралството Италија и други северногермански држави, објавила војна на Австриското Царство. Австриската коалиција била уништена и Прусија ги анексирала четири од нејзините помали сојузници — Кралство Хановер, Изборно кнежевство Хесен, Војводство Насау и Слободниот град Франкфурт. Прусија, исто така, ги анексирала и Шлезвиг и Холштајн, како и делотворно анексираната Саксонија-Лауенбург, принудувајќи ја на личен сојуз со Прусија (која била претворена во целосна унија во 1876). Кралот Вилхелм првично сакал да ја земе територијата од Австрија самиот, но Бизмарк го убедил да се откаже од таа идеја. Додека Бизмарк не сакал Австрија да игра никаква улога во иднина во германските работи, тој сè уште ја гледал Австрија како можен вреден иден сојузник.

Со овие придобивки во територија, пруските поседи во Рајнската област и Вестфалија биле поврзани со остатокот од кралството за првпат. Броејќи ја и де факто анектирањето на Саксонија-Лауенбург, Прусија сега се протегала непрекинато низ северните две третини од Германија. Таа останала во таа големина, до соборувањето на монархијата во 1918.

Бизмарк ја искористил оваа можност да стави крај на буџетскиот спор со парламентот. Тој предложил сметка за обесштетување доделувајќи му ретроактивно одобрување за управување со бесправниот буџет. Тој претпоставувал, правилно како што се испоставило, дека тоа ќе доведе до поделба меѓу своите либерални непријатели. Додека некои од нив тврделе дека не може да има компромис со принципот на уставната влада, многу од либералите одлучиле да го поддржат предлогот во надеж дека ќе доведе до поголема слобода во иднина.

Германскиот Сојуз бил распуштена како дел од војната. На негово место, Прусија ги обединила 21 држава северно од реката Мајна, во тукушто формираната Северногерманскиот Сојуз во 1867. Прусија била доминантна држава во ова ново групирање, со четири петтини од нејзината територија и население. Неговата речиси целосна контрола била зацементирана со Уставот, напишан од Бизмарк. Извршната моќ била во рацете на претседателот на канцеларија поставен од пруската круна според наследното право. Тој бил помогнат од страна на канцеларот, кој му бил одговорен единствено нему. Исто така, имало и дводомен парламент. Долниот дом, или Рајхстаг (Собрание), било избрано преку универзалното машко право на глас. Горниот дом, или Бундесрат (Сојузен совет) бил назначен од страна на покраинските влади. Бундесратот бил, во пракса, посилен дел. Прусија имала 17 од 43 гласови и можеле лесно да ги контролира расправии со сојузи со другите покраини. За сите намери и цели, новото групирање било доминирано од Бизмарк. Тој служел како свој министер за надворешни работи, иако буквално целиот мандат бил премиер на Прусија и во тоа својство бил во можност да им укажува на пруските делегати во Бундесратот.

Јужните германски држави (освен Австрија) биле принудени да прифатат воен сојуз со Прусија и Прусија започнала да чекори кон нивни спојување со Северногерманскиот Сојуз. Бизмарк планирал Kleindeutschland обединувањето на Германија да дојде значително поблиску до реализација.

Финалното дејствие била Француско-пруската војна (1870), каде Бизмарк ракувал со царот Наполеон III кон објавување војна на Прусија. Активирањето на германските сојузници ги стави на место по Австриско-пруската војна, германските држави се собраа заедно и силно ја поразиле Франција. Дури и пред тоа, Бизмарк бил во можност да ја заврши работата на обединување на Германија под пруско водство. Со патриотскиот занес, возбудени од војната со Франција биле премногу за останатите противници за обединета нација да се надминат и на 18 јануари 1871 (170-годишнината од крунисувањето на првиот пруски крал, Фридрих I), Германското Царство била прогласена во Салата на огледалата во Версај, надвор од Париз, додека францускиот главен град бил сè уште под опсада. Кралот Вилхелм станал првиот цар на обединета Германија.

1871-1918: Врвот и падот уреди

 
Прусија во Германското Царство 1871–1918

Новото Бизмарково царство била најмоќната држава на Континентот. Пруската доминација над новото царство била речиси апсолутна, како што била и во Северногерманскиот Сојуз. Истата вклучувала две третини од царската територија и три петтини од населението. Царската круна била наследна должност на династијата Хоенцолерн. Прусија исто така имала големо мнозинство во седиштата во Бундесратот и како порано можеле да ги контролира расправиите со поддршка на своите сојузници во средните држави.

Меѓутоа, семе за идните проблеми лежело во бруто разликата меѓу царскиот и прускиот систем. Царството доделило право на глас на сите мажи на возраст над 25 години. Меѓутоа, Прусија го задржала рестриктивниот трикласен систем на гласање, во кој богатите имале 17,5 пати поголема гласачка моќ од остатокот на населението. Откако царскиот канцелар бил, освен на двапати (јануари-ноември 1873 и 1892–94), исто така, и премиер на Прусија ова значело дека за постоењето на царството, кралот/царот и премиерот/канцеларот морал да бара мнозинства од законодавните тела, избрани од две целосно различни овластувања.

Во времето на создавање на царство, обете Прусија и Германија биле околу две третини рурални средини. Во рок од 20 години, ситуацијата била обратна; градовите изнесувале две третини од населението. Меѓутоа, и во кралството и во царство, изборните окрузи никогаш не биле изменети, за да се одрази растечкото население и влијанието на градовите. Ова значело дека руралните средини биле премногу присутно од 1890-тите па наваму.

Бизмарк сфатил дека остатокот на Европа бил скептичен на неговиот нов силен Рајх и го свртел вниманието на зачувување на мирот со постапки како што е Берлинскиот конгрес. Новата Германско Царство ги подобрила веќе силните односи со Британија. Односите меѓу Лондон и Берлин биле запечатени со златна плетенка во 1858, кога принцот Фридрих Вилхелм Пруски се оженил со принцезата Викторија од Велика Британија.

Вилхелм I умрел во 1888 и принцот го наследил престолот како Фридрих III. Новиот цар, одлучен англофил, планирал да ја трансформира Прусија и царството во полиберална и демократска монархија по британскиот модел. Меѓутоа, тој умрел по само 99 дена на престолот и бил наследен од неговиот 29-годишен син, Вилхелм II. Како момче, Вилхелм се побунил против напорите на своите родители да го обликуваат него како либерал и бил темелно прусионизиран под туторство на Бизмарк. Новиот цар бргу ги влошил односите со британските и руските кралски семејства (и покрај тоа што е тесно поврзан со нив), станувајќи нивен соперник и на крајот нивен непријател.

Политика уреди

 
Пруската кралска круна (збирка во замокот Хоенцолерн)

Кралството Прусија било апсолутна монархија до револуциите во 1848 во германските држави, по што Прусија станала уставна монархија и Адолф Хајнрих фон Арним-Бојценбург бил избран како прв пруски премиер. По првиот пруски Устав, бил оформен дводомен парламент. Долниот дом, или Ландтаг бил избиран од страна на сите даночни обврзници, кои биле поделени во три класи според висината на платени даноци. Ова им овозможи нешто повеќе од 25% од гласачите да изберат 85% од законодавниот дом, со тоа обезбедувајќи поголемо присуство на богатите во населението. Горниот дом, кој подоцна бил преименуван во Херенхаус, бил назначен од кралот. Тој осигурил полна извршна власт и министрите му биле одговорни единствено нему. Како резултат на тоа, канџите на земјопоседничките класи, Јункерите, останале напрекинати, особено во источните покраини. Пруската тајна полиција, била формирана како одговор на револуциите во 1848 во германските држави, потпомогната од конзервативната влада.

Административна поделба уреди

 
Десетте покраини на Кралството Прусија, по Виенскиот конгрес (1815). Другите земји-членки на Германскиот Сојуз се покажани во беж боја. Кантонот Нешател на југозапад бил под пруска управа до 1848 г.
 
Карта на моменталните сојузни покраини кои се целосно или скоро целосно сместени во старите граници на Германското Царство и Кралството Прусија

Оригиналните основни региони на Кралството Прусија биле Бранденбург и Војводство Прусија, кои заедно ја формирале Бранденбург-Прусија. Понатамошната покраина Померанија била држена од Прусија уште од 1653. Во комбинација со Шведска Померанија, добиена од Шведска во 1720 и 1815, овој регион ја оформил покраината Померанија. Пруските придобивки во Шлеските војни довеле до формирање на покраината Шлеска во 1740.

По првата поделба на Полска во 1772, ново анексираната Кралска Прусија и Вармија станале покраина Западна Прусија, додека војводството Прусија (заедно со дел од Вармија) станало покраина Источна Прусија. Другите анексирања по реката Нотеќ станале Округ Неце. По втората и третата поделба (1793–1795), новите пруски придобивки станале покраините Нова Шлеска, Јужна Прусија и Нова Источна Прусија, со округот Неце поделен помеѓу Западна и Јужна Прусија. Овие три покраини биле загубени од полското кралство по Виенскиот конгрес во 1815, освен западниот дел на Јужна Прусија, кој подоцна ќе биде дел од Големото Кнежевство Познањ.

По големите западни придобивки, кои биле постигнати од страна на Прусија на Виенскиот конгрес, биле воспоставени 10 покраини, секоја од нив понатошно поделена на помали административни региони, познати како владини окрузи. Покраините биле:

Во 1822, покраините Јилих-Клеве-Берг и Долна Рајна биле споени, за да се формира Рајнската покраина. Во 1829, покраините Источна и Западна Прусија биле споени, за да се формира покраината Прусија, но биле одвоени повторно во 1878 година. Кнежевствата Хоенцолерн-Зигмаринген и Хоенцолерн-Хехинген биле анектирани во 1850 и ја оформиле покраината Хоенцолерн.

По пруската победа во 1866, во Австриско-пруската војна, териториите анектирани од Прусија биле реорганизирани во три нови покраини: Хановер, Хесен-Насау и Шлезвиг-Холштајн.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Кралство Прусија (1701–1918)“ (германски). Посетено на 2007-05-02.
  2. „Германско Царство: административни поделби и општини, 1900 до 1910“ (германски). Посетено на 2007-05-02.
  3. Вокер, Мак, Салцбуршка спогодба: протерување и откуп во XVIII век во Германија, (Печат на Универзитет Корнел, 1992), 74.
  4. 4,0 4,1 Ротбард, Мареј Н. (1999). Образование: Слободно & Задолжително. Обурн, Алабама: Институт Лудвиг фон Мисес. стр. 24–27. ISBN 0945466-22-6. Надворешна врска во |title= (help)
  5. Кога Светото Римско Царство било распуштено во 1806, функцијата на принц-изборник избирајќи го својот цар била непотребна.
  6. Пруски сојузници во Австриско-пруската војна биле: Анхалт, Бремен, Брауншвајг, Лауенбург, Липе-Детмолд, Либек, Хамбург, Мекленбург-Шверин, Мекленбург-Штрелиц, Олделбург, Саксонија-Алтенбург, Саксонија-Кобург и Гота, Шварцбург-Зондерсхаузен, Валдек-Пирмонт
  7. Австриски сојузници во Австриско-пруската војна биле: Баден, Баварија, Хановер, Хесен-Дармштат, Хесен-Касел , Насау, Ројс-Грајц, Саксонија-Мајнинген, Саксонија, Шаумбург-Липе, Виртемберг