Вајсе Елстер
Вајсе Елстер[1][2][3] (германски: Weiße Elster, чешки: Bílý Halštrov) — 257 километри долга река во централна Европа, десна притока на Зале. Нејзиниот извор е во најзападниот дел на Чешка, близу Аш. По неколку километри, влегува во источна Германија. Во Германија, тече низ покраините Саксонија, Тирингија и Саксонија-Анхалт.
Вајсе Елстер | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Зале 51°25′57″N 11°57′10″E / 51.43250° СГШ; 11.95278° ИГД |
Должина | 257 |
Особености на сливот |
Значење на името
уредиИако „Elster“ на германски е „чавка“, потеклото на името нема ништо со птица. Има словенско потекло: alstrawa = брзајќи. Вајсе Елстер никогаш не се сретнува со Шварце Елстер, која тече од Лаузиц во Елба. Реките ги имаат имињата „вајсе“ и „шварце“ со цел да се разликуваат меѓусебе.
Вајсе Елстер тече низ градовите Плауен, Грајц, Гера, Цајц, Пегау и Лајпциг. Се влева во реката Зале кај Хале.
Во историјата на Наполеоновите војни, реката е позната како место на смртта на Јозеф Антони Поњатовски во 1813 г.
Историја
уредиВајсе Елстер се покажала катастрофална за француските трупи, кога се враќале од Лајпциг во октомври 1813.[2]
-
Изворот на Вајсе Елстер во најзападниот дел на Чешка, близу Аш.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Река „Вајсе Елстер“ Архивирано на 27 септември 2011 г. на www.germany-tourism.co.uk
- ↑ 2,0 2,1 Brookes, Richard and Marshall, John (1832). A new universal gazetteer: containing a description of the principal nations, W.W. Reed & Co,, New York, p. 270
- ↑ Вајсе Елстер од National Geospatial-Intelligence Agency, Bethesda, MD, USA. Accessed on 16 Jan 2011.
„Вајсе Елстер“ на Ризницата ? |
Оваа локација во Карловарски крај статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за Саксонија статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија место во Тирингија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за Саксонија-Анхалт статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |