Иван Гарванов
Иван Георгиев Гарванов бил револуционер од Бугарија, учесник во македонското револуционерно движење, дел од Егзархиската групација во Македонија, основач и претседател на Бугарското тајно револуционерно братство, член и раководител на Македонската револуционерна организација.[1]
Иван Гарванов | ||
Роден | 23 декември 1869 Стара Загора, Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 28 ноември 1907 Софија, Бугарија |
Поврзано
|
Рани години
уредиГарванов е роден во Стара Загора, тогаш во Османлиското Царство. Неговиот татко загинал во Руско-турската војна. Основно образование завршил во родниот град, потоа образованието го продолжил во Пловдив каде завршил гимназија, а подоцна учел при Вишото училиште во Софија и завршил физика и математика, а години подоцна специјализирал во Виена во 1904 година. Во периодот од 1894 до 1903 година бил професор по физика во Солунската егзархиска гимназија.
Егзархиска служба
уредиЕгзархиска групација
уредиКога Иван Гарванов станал професор во Солунската гимназија, наставниот кадар бил поларизиран на три групи: привилигирани северњаци, благоразумни, неблагодадежни и сепаратисти [2]. Првата групација се залагала за ширење на бугарската национална свест меѓу Македонците и ја култивирале земјата, односно создавале услови за присоединување на Македонија кон Бугарија. Егзархистите се стремеле сето македонско христијанско население да се сплоти околу Бугарската егзархија и да се подржи црковно - просветното дело, а другото:
„ | ... кога ќе дојде време ќе го сврши Бугарија со своите 200 000 штика [3] | “ |
Во оваа група биле: Васил Иванов К’нчов, Михаил Сарафов, д-р Колушев, Начев - пистел, Тошев - подоцна бугарски трговски агент и полномошен министер, Коне Самарџиев - македонски трговец и издавач, Јосиф Кондов - банкар, Христо Ганов, Неделчо Колушев, Атанас Наумов, а кон нив набргу се приклонил и самиот Гарванов.
Набргу оваа група дошла во судир со Македонската револуционерна организација која се стремела за самостојно работење, ширење на револуционерната идеја меѓу населението, ослободување на Македонија преку едно востание без никој да и се меша.
И покрај идеините разлики Организацијата започнала преговори за ставање на крај на расправиите и Ѓорче Петров ги поканил Иван Гарванов и Неделчо Колушев да влезат во Организацијата но тие одбиле. Од своја страна Гарванов истакнал:
„ | за нив е доцна да стануваат обични редници [4] | “ |
Предлогот за помирување не бил само одбиен туку се започнала контра агитација со цел да се ослаби влијанието на Организацијата и тие започнале да проповедаат слично на неа:
„ | Бугарија ќе не ослободи и од Бугарија да чекаме се. Пушки да не се купуваат и да не се внесуваат, зошто кога ќе затребаат, Бугарија ќе ги даде. Револуционерноста да не се пројавува во акции, туку само во морална подготвеност [4] | “ |
Од оваа групација подоцна се родило Револуционерното братство чиј водач бил Гарванов. Тие сакале да влезат во Организацијата и да го стават Централниот комитет под своја контрола[1].
Револуционерна дејност
уредиБугарско тајно револуционерно братство
уредиГарванов и неговите блиски во март 1897 година го формирале Револуционерно братство. Според Христо Куслев, сигнал за формирање на братството дал полковникот Јанков кон крајот на 1896 година кога бил во Солун [5], а според Ѓорче Петров, идеен творец на Братството бил Васил Иванов К‘нчов, кои идејата ја дал во согласност со Егзрхот Јосиф и Селџобалиев [4]. Тие сметале дека најпогоден за оваа задача е Иван Гарванов и сакале него да го спротивстават на Македонската револуционерна организација.
Во конституирање на Братството учествувале 14 души и меѓу нив биле: Иван Гарванов, Христо Тенчев, Јосиф Кондов, Димитар Мирчев, Атанас Наумов, Делчо Колушев, Христо Ганов и други, а за претседател бил избран Иван Гарванов. Според Ѓорче Петров, Братсвото било воспоставено под божем револуционерна основа за да може полесно да ги зазеде позициите на ЦК. Братсвото немало друга идеја [4].
Набргу по основањето, членовите на Братството дошле во судир со српските пропагандисти, имено српската пропаганда во Солунско тогаш била предводена од Пејчиноски кои бил родум од Ресенското село, Царев Двор, тој бил поранешен учител во Солунската егазархиска гимназија и бил во лоши односи со бугарските учители. На 3 јуни 1897 година во Солун, Пејчиноски ќе го организира нападот против членовите на Бугарското тајно револуционерно братство. Во нападот ќе учествуваат србинот Александар, црногорeцот Никола Бабаковиќ и Ташко кој бил родум од селото Магарево. Во нападот бил убиен Христо Ганов додека пак Иван Гарванов бил ранет по што бил пренесен во италјанската болница. Бугарскиот трговкси агент Атанас Шопов истакнал:
„ | Гарванов покажал невидена храброст. Во моментот кога Ганов бил нападнат од Александар, Гарванов се фрлил врз него, му ја одзел камата и ја фрлил. Веднаш потоа се фрлил врз Ташко, кој стрелал со револверот, при што Гарванов бил ранет. Поради тоа Шопов смета дека тој заслужил орден од Н. Царско височество [1] | “ |
Учесниците во нападот подоцна биле уапсени, а Централниот комитет по нападот им помогнал на членовите на Братството и покрај тензијата која постоела меѓу нив, Иван Хаџи Николов го придружувал Гарванов до болницата, Христо Татарчев му понудил бесплатно лекување, а Христо Матов му пишал на Гарванов од Скопје. Меѓу другото Даме Груев ја организирал ликвидацијата на Пејчиноски со терористи на Македонската револуционерна организација. Меѓутоа Гарванов и Братството многу бргу ги заборавиле овие услуги [1].
Набргу Братството поради својата дејност дошло во судир со Организацијата, имено:
„ | Појавата на Братството, со претензија да биде втора револуционерна организација во Македонија, немала цел да го засили национално-ослободителното движење на македонскиот народ. Напротив, тоа се појавило како ретрограден фактор во моментот кога македонскиот народ најинтезивно беше атакуван од српскогрчката пропаганда и имал потреба од сплотеност [1][6] | “ |
Судирот бил неизбежен и се дошло до вооружени престрелки. Најпрво Организацијата направила неколку ободи за ликвидација на идеолозите на Братството по што Централен управен совет на чело со Гарванов донел одлука за ликвидација на Даме Груев, Иван Хаџи Николов, Пере Тошев и Христо Матов [7].
Меѓутоа овие ликвидации не се оствариле и Иван Гарванов увидел дека Братството нема доволно сили само да се пресмета со Организацијата и затоа решил да побара помо. Тој заминал за Софија, а таму имал средби со Рачо Петров, Константин Стоилов и Радославов. Меѓутоа нивниот пречек бил ладен, го советувале да дојде до помирување и без ветување за каква било помош. Меѓутоа Борис Сарафов кој тогаш бил претседател на Врховниот комитет при средбата со Гарванов истакнал дека Комитетот ќе ги преземе сите средстав за да дојде со помирување, дури и ако треба и со сила [8].
Борис Сарафов се обидел да орагнизира средба помеѓу Гарванов и Ѓорче Петров, меѓутоа Гарванов не сакал да се сретне, Ѓорче Петров планирал ликвидација на Граванов во Софија со терористи [8]. Односите биле до толку изострени што Сарафов истакнува дека
„ | Централистите беа решиле со терор да се справат со Гарванова и др.. Тоа нам ни штетеше многу тука, на делото. Ѓорче аплаудираше на акцијата против Наумов. Беше на мислење дека треба да се испоколат сите од Братството, - никакво разбирање, никакво помирување[9] | “ |
Под притисок на Организацијата и со посреднишво на Македонскиот комитет и Борис Сарафов во првата декада на септември 1899 година дошло до помирување меѓу Братството и Македонската револуционерна организација, односно членовите на Револуционерното братството се слеалее во ТМОРО. Неколку дена подоцна Пере Тошев во организацијата ги заколнал: Гарванов, Колушев, Коне Самарџиев, Мирчев и др. Заклетва не дале Чакаров и Кочо Аврамов. По две недели во Централниот комитет како претставник на поранешното Братство влегол Јосиф Кондов, а Иван Гарванов влегол во Солунскиот окружен комитет. Според некој:
„ | Оваа грешка (на Ц.К на ТМОРО б.н) скапо ќе го чини македонското ослободително движење [1] | “ |
Македонска револуционерна организација
уредиПо само распуштањето на Револуционерното братство Гарванов влегол во Солунскиот окружен комитет, меѓутоа на Гарванов единствената задача која му била доверена е да собира финансиски средства од симпатизерите на поранешното на Братство, други задачи и не му давале [10].
Во јануари 1901 година се разврзала Солунската афера, а во бранот на апсења последен на слобода од Централниот комитет останал Иван Хаџи Николов. Тој очекувајќи го своето апсење и опседнат со мислата дека се пропаѓа ги повикал Иван Гарванов и Спас Мартин и им го соопштил начинот на комуникација со внатрешноста и Врховниот комитет. На втората средба тие решиле да издадаат 5 бланко потврди за офицерите во случај на евентуално кревање на востание, а овие потврди во Софија ги однел Софрониј Стојанов. Во овој момент на очај, Иван Х. Николов Централниот комитет го предала на идејните противници на Организацијата, односно на членовите на поранешното Револуционерно братство. Подоцна Хаџи Николов пред Татарчев се правдал дека на Иван Гарванов, Спас Мартин и Димитар Мирчев им ги предал само печатот на ЦК, шифрите и списоците и дека Спас Мартин го задолжил да им пише на задграничните претставници во смисла:
„ | Држете ја вие од таму здраво ситуацијата [6] | “ |
Во однос на избивањето на аферата се доведува во прашање и улогата на членовите на поранешното Бугарско тајно револуционерно братство кои тогаш веќе биле дел од Организацијата, имено Јосиф Кондов бил член на Централниот комитет, а Иван Гарванов бил член на Солунскиот окружен комитет. Треба да се истакне дека ни еден челен на поранешното Братство не бил уапсен иако биле на раководни и важни места во Организацијата [1].
Во Централниот комитет
уредиЦончев и Гарванов
уредиПо Солунската афера во јули 1901 година во Солун, полтронот на Цончев, полковникот Стефан Николов имал контакти со ТМОРО и со бугрскиот трговски агент Атанас Шопов. Според Шопов, полковникот Николов дошол за да може лично да се запозане со револуционерните комитети и состојбата во Македонија. На средбата со Шопов, полковникот Николов истакнал:
„ | (ВК ќе се б.н) постави на совршено легална и културна почва, во хармонија со законите на земјата [11] | “ |
Најверојатно полковникот Стефан Николов алудирал на хармонијата која постоела помеѓу кнезот Фердинанд I и Иван Цончев [1] . При оваа посета на Солун од страна на полковникот Николов најверојатно била договорена средбата помеѓу Иван Цончев и Иван Гарванов. Гарванов по излегувањето од затвор [12] се нашол во Софија и имал средба со Цончев. На оваа средба Гарванов истакнал:
„ | Организацијата, јас ќе ви ја предадам вам, но под услов ние да си останеме оделни таму, а вие тука [13] | “ |
Меѓутоа треба да се истакне дека постојат неколку верзии за тоа што точно Гарванов му рекол на Цончев. Според Владов, Гарванов изјавил дека во Македонија не треба да има ништо, бидејќи таму луѓето биле уапсени и се било растурено, и затоа треба да постои само ВМОК, кој би требало да раководи со револуционерното делото во Македонија и Бугарија [1] . По неколку дена Граванов се откажал од овој став и почнал да ја истакнува поребата од ЦК на ТМОРО. Според касиерот на ВМОК Георги Белев, Гарванов истакнал:
„ | Генерале, треба да се одземе таа разбојничка организација од внатре [14] | “ |
Најверојатно Гарванов на оваа средба на Цончев му ветил дека ќе му ја предаде ТМОРО во случај на едно евентуално востание во Македонија.
Солунски конгрес
уредиЦентралниот комитет на Иван Гарванов и Задграничното претставништво - Христо Татарчев и Христо Матов кон крајот на ноември 1902 година биле решени за кревање на востание. Затоа Гарванов на 6 јануари 1903 годинастар стил испратил окружно до ЗП, окружните и околиските комитети со кое свикал Конгрес и ги поканил делегатите [6]. На третото заседание, на 16 јануари, кое траело само час и половина се прифатил и потпишал Протоколот за извршената работа и преземените решенија. Решително против востанието се изјаснил само серскиот делегат Димитров, но на крајот и тој се присоедини кон заедничкото мнение. Скопскиот делегат Димитар Ганчев, испратен со директива да дејствува за одлагање на востанието бар на една година , исто го потпиша затоа што и другите потпишале. Нај важниот аргумент против востанието – недостигот на доволно оружје во повеќето реони – било до извесен степен демантирано од уверувањата на Иван Гарванов, дека за скоро време ќе се случат крупни доставувања, како и од надежта, дека при општо востание, четите од Бугарија ќе префрлат значително количество пушки и други материјали. По донесување на решението за востание од страна на Солунскиот конгрес, окружните комитети биле задолжени да ги преземат потребните мерки за забрзување на подготовките за кревање на востанието.
Солунски атентати
уредиКако резултат на Солунските атентати, извршени од 28 април до 1 мај 1903 година во Солун од страна на Гемиџиите, дошло до општата рација на османлиските власти при што биле затворени околу 2.000 лица и некои членови на ЦК на чело со неговиот претседател Иван Гарванов.
При тоа, Гарванов е осуден на вечен затвор, а потоа заточен во Мала Азија. Поради затворот, тој не бил учесник во Илинденското востание.[15] Ослободен во април следната година, по давањето амнестија од страна на султанот.
Во Софија
уредиПо општата амнестија Гарванов се нашол во Бугарија и во Софија работел како учител во ІІ машка гиманзија. Таму ја продолжил својата дејност во Организацијата но по неуспешното востание тој го изгубил својот кредибилитет. По Илинденското востание во самата Организацијата дошло до струења, а Гарванов станал близок со Христо Матов.
На 23 декември 1906 година во Софија 23 делегати на конзеравтивното крило ги избрале Борис Сарафов, Иван Гарванов и Христо Матов за членови на Задграничното претставништво [16][17], иако веќе не постоело единство во Организацијата и нивниот избор не бил прифатен од страна на реформската струја.
Временото задгранично крило во 1907 година почнало да испраќа чети во Македонија со поткерпа на бугарскиот двор. Поради тоа Серчани на чело со Јане Сандански издале наредба за ликвидација на Борис Сарафов, Иван Гарванов и Христо Матов. Тодор Паница по наредба на Сандански на 28 ноември 1907 ги убил Гарванов и Сарафов, а Христо Матов се спасил затоа што задоцнил.
Гарванов во спомените
уреди„ | ... Тие учители - Бугари се однесуваа со пренебрегнување кон самите Македонци, и учениците и кон се македонско. Исклучок правеа неколку души, меѓу кои беше Иван Гарванов, Делиделвов, Емануил Иванов и Панчев.[18] | “ |
Извори
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
- ↑ Вардарски (Петар Поп Арсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006
- ↑ Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. (бугарски)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција, (вовед, коментар и редакција Љубен Лапе), Скопје, 1984.
- ↑ Спомени на Хр. Куслев...,31-32
- ↑ 6,0 6,1 6,2 д-р, Татарчев Христо, Вътрешната македоно-одринска революциона ораганизация като митологична и реална същност, (съставител: Цочо Биляарски и Валентин Китанов), София, 1995
- ↑ Спомени на Иванъ Гарвановъ..., 121
- ↑ 8,0 8,1 Спомени на Иванъ Гарвановъ..., 123
- ↑ Спомени на Борис Сарафов
- ↑ Спомени на Иванъ Гарвановъ..., 129
- ↑ АМ, ф, БГК - Солун, мф, 4277, No. 12.07.1901. (строго доверливо)... Станува збор за доверлив извештај на А. Шопов испратено до Бугарското министерство за надворешни работи и вероисповед...
- ↑ На 7 јуни 1901 г. во куќата на Никола Ризов во присуство на Иван Гарванов, бил испробуван револвер и дошло до несреќа во која загинал членот на ЦК на ТМОРО, Јаким Игнатиев. Поради неговата смрт, Гарванов и Ризов биле уапсени но набргу биле ослободени поради сведоштвото на таткото на Јаким кој истакнал дека тие не можаат да бидаат виновни, бидејќи биле пријатели... Спомени на Иван Гарванов..., 133 - 134.
- ↑ Спомени на Иван Гарванов..., 136.
- ↑ Ефтим Спространов, Дневник..., т.1, 181
- ↑ д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 123. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Слави Славов, „Дейността на временното задгранично представителство на ВМОРО от 1907-1908 г.“, МНИ[мртва врска]
- ↑ История на България - електронно издание, ИК Труд (17 декември 1906 г.)
- ↑ Димитар Влахов, Мемоари, Скопје, 1970.