Мазурка
Мазурка (на полски mazurek, множина mazurki) е полски народен танц за неколку парови, во триделна мерка, во ¾ или 3/8 такт. За мазурката е карактеристичен пунктураниот ритам и чести нагласувања на второто и третото тактово време.[2]
Историја
уредиПретходници на мазурката се две други полски музички форми: бавната Кујавјак и брзата оберек. Мазурката од народот влегува во салите за танц, а својата популарност ја достигнува во 19 век кога започнува да се игра и низ другите европски земји. Државната химна на Полска е со ритам на мазурка, но сепак премногу бавна за да биде мазурка.
На полски јазик оваа музичка форма се вика мазурек, збор што доаѓа од мазур, збор штодо 19 век се однесувал на жител од регионот Мазовија, и бил корен за Мазурија. На полски, мазурка е всушност генитив од мазурек.
Многумина композитори пишувале мазурки, но на целиот свет мазурката станала позната преку клавирските композиции на Фредерик Шопен. Во 1825 година Марија Шимановска напишала голема колекција на мазурки за пијано кои биле објавени пред делата на Шопен. Хенрих Бенјавски исто така напишал две за виолина и пијано, а во 1920-те години, Карол Шимановски напишал комплет од дваесет мазурки за пијано, и ја завршил кариерата како композитор со последните две во 1934 година. Александар Скрјабин, за кој сметале дека е слеедбеник на Шопен, напишал 24 мазурки.
Шопен започнал со компонирање на мазурки во 1824 година, но ова не било сериозно до 1830 година, годината на „Ноемвриското востание“, односно полското востание против рускиот цар. Шопен продолжил да пишува мазурки до 1849 година, односно до својата смрт. Стилистички и музички мазурките на Шопен се разликуваат од традиционалните, со што се смета дека создал нов жанр на мазурки.[3] Со вклучување на повеќе хармонија, Шопен ги направил мазурките технички поинтересни од традиционалните.
Мазурката се појавила како танц за четири и осум парови, а потоа била создадена и соло мазурка за жени.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Blatter, Alfred (2007). Revisiting music theory: a guide to the practice, p.28. ISBN 0-415-97440-2.
- ↑ Randel, D. M., Ed., The New Harvard Dictionary of Music, Harvard University Press, 1986
- ↑ Charles Rosen, The Romantic Generation (Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press, 1995)
- ↑ Robert Greskovic (1998). Ballet 101: A Complete Guide to Learning and Loving the Ballet. Hal Leonard Corporation. стр. 354. ISBN 978-0-87910-325-5.
Надворешни врски
уреди- Историја на мазурката Архивирано на 5 април 2008 г.
- Мазурка во Ница, Франција
- Руска мазурка
- Проект Мазурка
- Halman, Johannes and Robert Rojer (2008). Jan Gerard Palm Music Scores: Waltzes, Mazurkas, Danzas, Tumbas, Polkas, Marches, Fantasies, Serenades, a Galop and Music Composed for Services in the Synagogue and the Lodge. Amsterdam: Broekmans & Van Poppel.*[1] Архивирано на 26 декември 2008 г.
- Мазурка во изведба на Винсент Кампбел