Аеродром Хелсинки
Аеродром Хелсинки[3] (IATA: HEL, ICAO: EFHK; фински: Helsinki-Vantaan lentoasema, шведски: Helsingfors-Vanda flygplats[4]) — главен меѓународен аеродром на метрополитенската област Хелсинки и на цела Финска. Се наоѓа во Ванта, околу 5 километри западно од Тикурила, центарот на Ванта, и 17 километри северно од Хелсинки и служи како јазол за Finnair, финскиот авиопревозник, а воедно е база и за Norwegian Air Shuttle и Flybe Nordic.
Аеродром Хелсинки Helsinki-Vantaan lentoasema Helsingfors-Vanda flygplats | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||||||||||
Тип | јавен | ||||||||||||||||||
Оператор | Финавија | ||||||||||||||||||
Опслужуван град | Хелсинки, Финска | ||||||||||||||||||
Местоположба | Ванта | ||||||||||||||||||
Јазол за | |||||||||||||||||||
Фокусен град за | Blue1 | ||||||||||||||||||
Надморска височина | 55 m / 179 ft | ||||||||||||||||||
Мрежно место | helsinki-vantaa.fi | ||||||||||||||||||
Карта | |||||||||||||||||||
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |||||||||||||||||||
Писти | |||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||
Статистика (2013) | |||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||
Преглед
уредиПрвично изграден за потребите на Летните олимписки игри 1952 во Хелсинки, аеродромот опслужил 15.279.043 патници во 2013 година и е четврти најголем аеродром во Скандинавија. Аеродромот Хелсинки е далеку најпрометен аеродром во Финска. Во 2013 година имал 15.279.043 патници, скоро 81% од вкупниот број на патници од 21. комерцијален аеродром во Финска (18.880.940).[5] Обезбедува работа за 20.000 лица и скоро 1.500 претпријатија работат на аеродромот.[6]
Аеродромот е управуван од Финавија, државно претпријатие, кое управува со финските аеродроми. Аеродромот Хелсинки бил избран за најдобар аеродром во светот во студија на ИАТА од 1999 година. Во 2006 година, истражување на корисниците низ светот го сместило аеродромот на првите места во светот, а во 2005 година според стапките на задоцнување, аеродромот бил прогласен за најточен во Европа.
Објекти
уредиТерминали
уредиАеродромот е поделен на два терминала, оддалечени 250 метри еден од друг и поврзани со внатрешна пешачка врска. Меѓутоа, во пракса, пасошките одделенија не се поделени на терминали, туку на областа Шенген и надвор од неа. Областа надвор од Шенген во терминалот 2 била проширена во 2009 година за да му овозможи на аеродромот да опслужи осум големи воздухоплови во портите истовремено. Капацитетот на терминалите на аеродромот е околу 16-17 милиони патници годишно.[7]
Во 2013 година, Финавија објавила планови за проширување на аеродромот да опслужува до 20 милиони патници до 2020 година. Изградбата е определена да започне во 2014 година со додавање на капацитет на пасошките одделенија и транзитниот дел во терминалот 2. Проектот за проширување се проценува дека ќе чини 900 милиони евра. Дел од планот е изградба на дополнителен терминал до терминалот 2, но планот бил откажан поради трошоците и сега ќе се оди со проширување на една терминална зграда.[8] Во септември 2014 година, Финавија открила подетални планови за идното проширување кое ќе се остварува во периодот 2014-2010. Терминалите 1 и 2 ќе бидат проширена и споени под еден покрив со нови порти и места на пистата.[9]
Во 2014 година, Хелсиншкиот аеродром вовел за првпат во светот систем за следење на патниците,[10] кој автоматски ја надгледува толпата и спречува застои во аеродромот.[10]
Писти
уредиТрите писти на аеродромот обезбедуваат платформа за идниот раст на аеродромот и аеродромот може да прифаќа големи воздухоплови како Ербас А340. Употребата на трите писти дозволува ефикасно чистење на снег и мраз во текот на зимските месеци, што дозволува аеродромот да остане отворен.[11]
Сервис
уредиСледниве агенти обезбедуваат услуги за авиопревозници:[12] Airpro, Inter Handling, ISS Aviation, Servisair, Groundpower и Swissport.
Други услуги
уредиПостојат неколку аеродромски хотели и деловни згради на аеродромот. Авијаполис е нов меѓународен бизнис парк во близина на аеродромот, веќе дом на бројни компании околу аеродромот. Неколку хотели се сместени близу аеродромот исто така.
Авиопревозници и одредишта
уредиПатници
уредиКарго
уредиСтатистика
уреди10 најпрометни меѓународни линии
уредиМесто | Град | Аеродром(и) | Неделни летови (мај 2014) |
Авиопревозници |
---|---|---|---|---|
1. | Стокхолм | Аеродром Стокхолм-Арланда, Аеродром Стокхолм-Брома | ||
2. | Копенхаген | Аеродром Копенхаген | ||
3. | Лондон | Аеродром Лондон-Хитроу, Аеродром Лондон-Гетвик | ||
4. | Рига | Аеродром Рига | ||
5. | Осло | Аеродром Осло-Гардермун | ||
6. | Франкфурт | Аеродром Франкфурт | ||
7. | Талин | Аеродром Талин | ||
8. | Париз | Аеродром Париз-Шарл де Гол, Аеродром Париз-Орли | ||
8. | Берлин | Аеродром Берлин-Тегел | ||
10. | Минхен | Аеродром Минхен | ||
10. | Амстердам | Аеродром Амстердам |
10 најпрометни домашни линии
уредиМесто | Град | Аеродром(и) | Неделни летови (мај 2014) |
Авиопревозници |
---|---|---|---|---|
1. | Оулу | Аеродром Оулу | ||
2. | Куопио | Аеродром Куопио | ||
3. | Васа | Аеродром Васа | ||
4. | Рованиеми | Аеродром Рованиеми | ||
5. | Тампере | Аеродром Тампере-Пиркала | ||
5. | Турку | Аеродром Турку | ||
7. | Јоенсу | Аеродром Јоенсу | ||
8. | Кајани | Аеродром Кајани | ||
9. | Јивјаскилја | Аеродром Јивјаскилја | ||
10. | Кеми | Аеродром Кеми-Торнио |
Патници
уредиГодина | Домашни патници | Меѓународни патници | Вкупно патници | Промена |
---|---|---|---|---|
1999 | 2.803.907 | 6.760.931 | 9.564.028 | +2,2% ▲ |
2000 | 3.042.914 | 6.967.234 | 10.010.148 | +4,7% ▲ |
2001 | 2.999.672 | 7.031.246 | 10.030.918 | +0,2% ▲ |
2002 | 2.747.862 | 6.862.025 | 9.609.887 | −4,2% ▼ |
2003 | 2.684.618 | 7.026.302 | 9.710.920 | +1,1% ▲ |
2004 | 2.836.852 | 7.893.125 | 10.729.977 | +10,5% ▲ |
2005 | 2.804.304 | 8.326.285 | 11.130.589 | +3,7% ▲ |
2006 | 2.927.627 | 9.220.154 | 12.147.781 | +9,1% ▲ |
2007 | 2.875.289 | 10.215.455 | 13.090.744 | +7,8% ▲ |
2008 | 2.700.350 | 10.726.551 | 13.426.901 | +2,2% ▲ |
2009 | 2.372.844 | 10.218.762 | 12.591.606 | −6,3% ▼ |
2010 | 2.208.521 | 10.674.878 | 12.883.399 | +2,2% ▲ |
2011 | 2.707.044 | 12.158.827 | 14.865.871 | +15,5% ▲ |
2012 | 2.693.151 | 12.165.064 | 14.858.215 | −0,1% ▼ |
2013 | 2.431.632 | 12.847.411 | 15.279.043 | +2,8% ▲ |
Товар и пошта
уредиГодина | Домашен товар | Домашна пошта | Меѓународен товар | Меѓународна пошта | Вкупно товар и пошта | Промена |
---|---|---|---|---|---|---|
2005 | 4.692 | 5.251 | 115.734 | 9.627 | 135.303 | +1,9% ▲ |
2006 | 4.145 | 5.469 | 126.332 | 9.098 | 145.044 | +7,2% ▲ |
2007 | 3.171 | 5.676 | 139.840 | 14.961 | 154.801 | +6,7% ▲ |
2008 | 2.968 | 4.435 | 140.572 | 9.532 | 157.508 | +1,8% ▲ |
2009 | 1.322 | 2.161 | 110.382 | 8.243 | 122.107 | −22,5% ▼ |
2010 | 1.083 | 1.992 | 147.139 | 7.793 | 158.007 | +29,4% ▲ |
2011 | 615 | 2.464 | 157.178 | 9.962 | 169.985 | +8,0% ▲ |
2012 | 1.747 | 1.930 | 180.426 | 8.100 | 192.204 | +12,8% ▲ |
Сообраќаен пристап
уредиЖелезница
уредиПоврзувајќи го аеродром со честата локална автобуска линија со број 61 на Хелсиншкото јавно сообраќајно претпријатие или такси до железничката станица Тикурила обезбедува пристап до приградските возови како и регионални возови до Тампере и Лахти, вклучувајќи линии до Санкт Петербург и Москва. Автобусот со број 540 ја поврзува железничката станица Еспо со аеродромот.
Изградбата на кружната железничка линија до аеродромот започнала во мај 2009 година, со предвиден рок за завршување кон средината на 2015 година. Новата железница ќе ги опслужува локалните приградски возови кои ќе поминуваат на секои десет минути во најгустите периоди. Патувањето од подземната станица по моменталната терминална зграда до главната железничка станица во Хелсинки ќе трае околу 30 минути. Патниците ќе имаат пристап до други возови на Тикурила, 8 минути оддалечена од аеродромот.[15]
Автобуси
уредиПостојат вообичаените автобуски линии 615 и 620 до главната железничка станица во Хелсинки на секои 30-55 минути и до поголемите хотели и железнички станици во метрополитенската област на Хелсинки на секои 12-120 минути. Главниот управител на овие автобуси е Хелсиншкото сообраќајно претпријатие под брендот „ХСЛ“. Директната услуга од Finnair е исто така достапен до и од центарот на градот (обично на околу 30 минути).
Наводи
уреди- ↑ „EFHK Helsinki-Vantaa“ (PDF). AIP Финска. Finavia. 17 декември 2009. стр. EFHK AD 2.1, pp. 1–7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-08-09. Посетено на 19 февруари 2010.
- ↑ „Finavia's Air Traffic Statistics 2010“ (PDF). Ванта: Finavia. стр. 7, 9. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-04-15. Посетено на 15 јули 2011.
- ↑ „Аеродром Хелсинки“. Finavia. Архивирано од изворникот на 2015-09-28. Посетено на 29 август 2014.
- ↑ Официјалното име на аеродромот на логото гласи Аеродром Хелсинки, иако финското и шведското име останале како Хелсинки-Ванта.
- ↑ Raeste, Juha-Pekka: Lentoasemat pulassa. Helsingin Sanomat 8 јуни 2014, pp. B8-B9.
- ↑ Аеродром Хелсинки
- ↑ http://www.helsinki-vantaa.fi/enemman-tietoa/helsinki-vantaa-lyhyesti/kehityshankkeet/terminaalilaajennus
- ↑ Finavia is starting a major development programme at Helsinki Airport Архивирано на 9 октомври 2014 г. 16 октомври 2013
- ↑ Helsinki Airport determined to remain an attractive international hub: services will expand under one roof Архивирано на 9 октомври 2014 г. 18 септември 2014
- ↑ 10,0 10,1 „Хелсиншкиот аеродром воведе за првпат во светот систем за следење на патниците“. The Sydney Morning Herald. 30 јули 2014. Посетено на 30 јули 2014.
- ↑ „Како Хелсиншкиот аеродром се справува со снег и мраз“. BBC News. 20 декември 2010. Посетено на 16 јули 2011.
- ↑ [1][мртва врска]
- ↑ „Кружна железничка линија“. Finnish Transport Agency. 14 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2015-09-10. Посетено на 16 јули 2011.
Надворешни врски
уреди- Аеродром Хелсинки на Ризницата ?
- Официјална страница
- AIP Финска Архивирано на 30 октомври 2007 г.
- Историја на несреќи за HEL на Aviation Safety Network