Олтар
Олтар — место на кое се извршува жртвен обред. Во христијанството, во олтарскиот простор се наоѓа „чесната трпеза“, местото каде свештеникот му ја принесува жртвата на божеството. Олтарот влече корени од дамнешни верски искуства на човештвото, но е присутен и во современите религии.
Христијанските храмови се поставуваат во правец исток-запад. Во православните храмови олтарот се наоѓа на источната страна, додека кај католичките цркви олтарот е на западната страна (има исклучоци, на пример во битолската католичка црква олтарот се наоѓа на исток).
Олтарски простор во христијанските цркви
уредиОлтарот е најсветиот и најважниот дел на христијанската црква. Тој е подигнат во однос на останатиот дел од храмот и од средишниот дел (наосот) е одвоен со иконостас. Зборот олтар е од латинско потекло, од зборот altare и значи жртвеник, светилиште.
Во олтарот се наоѓаат: трпеза - престол, проскомидија и ѓаконик. На престолот мора да има: антиминс, Свето Евангелие, крст, дарохранилка во која се наоѓаат материјал за причестување на болни лица, мироносница - потребна за свето крштевање, свеќи, кандило и службеник. Проскомидијата е место во олтарот, каде се чува сè што е потребно за богослужба: путир, дискос, копје, лажичка, богослужбена одежда...
Олтарот симболично го претставува небото каде престојува Бог. Се смета за најсвето место во храмот, па во него може да влегуваат само лица посветени на црковната служба.[1]
Олтарот како тема во уметноста
уреди- „Олтар“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[2]
Галерија
уреди-
Олтар во базиликата во Брестаница, Словенија
-
Олтарот на лутеранската црква св. Мариен во Марбург, Германија
-
Олтарот во лутеранската црква св. Мариен во Марбург, Германија
-
Мотив од олтарот на катедралата во Вецлар, Германија
-
Олтарот на црквата св. Мартин во Касел, Германија
-
Фрескопис во олтарот во Богородица Перивлепта, Охрид
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Олтар“ на Ризницата ? |
- Московската патријаршија
- Олтар (на руски) Архивирано на 29 јуни 2007 г.