Лиза Мајтнер
Лиза Мајтнер (7 ноември 1878 година - 27 октомври 1968 година) била австриско-шведски физичар која работела на радиоактивноста и јадрената физика. Мајтнер, Ото Хан и Ото Роберт Фриш ја предводеа малата група научници кои за првпат ја забележале јадреното цепење на ураниумот при впивањето на дополнителен неутрон; резултатите подоцна биле објавени во почетокот на 1939 година.[4][5] Мајтнер, Хан и Фриш согледале дека процесот на цепење, односно цепењето на атомското јадро на ураниумот во две помали јадра, мора да биде придружено со огромно ослободување на енергија. Нивното истражување за јадрено цепење им помогна во развојот на пионерските јадрени реактори да создаваат електрична енергија [6] како и на развојот на јадрените оружја во текот на Втората светска војна .
Лиза Мајтнетр | |
---|---|
Лиза Мајтнер во 1946 година | |
Роден(а) | 7 ноември 1878[1][2] Виена, Австроунгарија |
Починал(а) | 27 октомври 1968 Кембриџ, Англија, Обединето Кралство | (возр. 89)
Почивалиште | Црква Св. Џејмс, Хемпшир |
Државјанство | Австрија (пред 1949), Шведска (по 1949) |
Полиња | физика |
Установи | Институт Кајзер Вилхелм Берлински универзитет, Лабораторија Мане Зигбан Стокхомски универзитет |
Образование | Виенски универзитет |
Докторски ментор | Франц Екснер |
Други ментори | Лудвиг Болцам Макс Планк |
Докторанди | Арлонд Фламерсфелд Кан Чанг Ванг Никола Рил |
Други значајни студенти | Макс Делбрик Ханс Хелман |
Познат по | јадрена физика |
Влијаел врз | Ото Хан |
Поважни награди |
|
Потпис |
Мејтнер најголемиот дел од својата научна кариера ја поминала во Берлин, Германија, каде што била професор по физика и раководител на одделот на Институтот Кајзер Вилхелм; таа е првата жена што станала професорка по физика во Германија. По доаѓањето на нацистите на власт, таа ги изгубила правата на работа во 1930-тите години поради анти-еврејските Нирнбершки закони на нацистичка Германија, а во 1938 година пребегнала во Шведска, каде што живеела многу години, со што станала шведски државјанин.
Мајтнер добила награди и почести при крајот на својот живот. Истовремено, таа и Ото Фриш не биле вклучени како добитници на Нобеловата награда за хемија во 1944 година која била доделена за јадрено цепење, која беше доделена исклучиво на нејзиниот долгогодишен соработник Ото Хан. Неколку научници и новинари ја нарекоа исклученоста „неправедна“. Сепак, Мајтнер има добиено многу посмртни почести, вклучително и именување на хемиски елемент 109 мајтнериум во 1992 година.[7][8][9][10] Според архивата на Нобелова награда, таа била номинирана 19 пати за Нобелова награда за хемија помеѓу 1924 и 1947 година, а 29 пати за Нобелова награда за физика помеѓу 1937 и 1965 година.[11] И покрај тоа што не ја доби Нобеловата награда, Мајтнер била поканета да присуствува на состанокот на Средбите во Линдау во 1962 година.[12]
Младост
уредиЕлиза Мајтнер е родена на 7 ноември 1878 година во еврејско семејство кое припаѓало на средна класа во Виена, 2-ри округ (Леополдштат), како трето дете во смејството од вкупно осум деца. Нејзиниот татко Филип Мајтнер[13] бил еден од првите еврејски адвокати во Австрија.[14] Таа го скратила своето име од Елиз во Лиза.[15] Во матичната книга на родените во виенската еврејска заедница Мајтнер е запишана како родена на 17 ноември 1878 година, но сите други документи за нејзиниот датум на раѓање го наведуваат 7 ноември, а воедно тоа е и датумот што и самата Мајтнер го користела. Како возрасна, таа станала христијанка, следејќи го лутеранството,[1] и истата била крстена во 1908 година.
Образование
уредиНајраните истражувања на Мајтнер започнале на 8-годишна возраст, кога таа под перницата чувала тетратка од своите записи. Таа била особено заинтересирана за математика и наука и најпрво ги проучувала бои на масна површина, тенката филмска лента и рефлексијата на светлината. Во периодот кога Мајтнер растела на жените не им било дозволено да посетуваат јавни установи за високо образование во Виена околу 1900 година, но Мајтнер бела во можност да се стекне со приватно образование за физиката благодарение на нејзините родители, и истото го завршила во 1901 година со испит за „надворешна матура“ во Академската гимназија.[3][16]
Мајтнер студирала физика и станала втора жена која се стекнала со докторска диплома по физика на Виенскиот универзитет во 1905 година (нејзината дисертација била на тема „ топлоспороводливост во нехомогено тело“).[14] Додека била на Универзитетот, таа сериозно им пристапувала на студиите. Бидејќи не била сигурна дали сака да студира математика или физика, присуствувала на повеќе предавања од двете области на студии, „запишувајќи повеќе белешки од редовните студенти“.
Додека го проучувала зрачењето на алфа-честичките, таа забележала дека расејувањето се зголемило со зголемување на атомската маса на атомите на металите. Во нејзините експерименти со колиматори и метална фолија, што му помогнало подоцна на Ернест Редерфорд да ја даде својата идеја за јадрениот атом, а кој бил нејзиното обележје, поднесувајќи го нејзиниот труд на истата тема во „Physikalische Zeitschrift“ (во превод „Физички весник“) на 29 јуни 1907 година.
Откако се стекнала со титулата доктор на науки, Мајтнер ја одбила понудата за работа во фабриката за гасни ламби. Охрабрена од нејзиниот татко и со помош на неговата финансиска поддршка, таа отишла во Хумболтовиот универзитет во Берлин, каде што славниот физичар Макс Планк и дозволил да присуствува на неговите предавања, што било необичен гест од негова страна, кој дотогаш не дозволувал да присуствуваат жени на неговите предавања.[17][18]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Lise Meitner and Nuclear Fission“. OrlandoLeibovitz.com. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Lise Meitner | Biography“. atomicarchive.com. 27 октомври 1968. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ 3,0 3,1 Frisch, O. R. (1970). „Lise Meitner. 1878–1968“. Biographical Memoirs of Fellows of the Royal Society. 16: 405–426. doi:10.1098/rsbm.1970.0016.
- ↑ Meitner, L.; Frisch, O. R. (1939). „Disintegration of Uranium by Neutrons: A New Type of Nuclear Reaction“. Nature. 143 (3615): 239. Bibcode:1939Natur.143..239M. doi:10.1038/143239a0.. Meitner is identified as being at the Physical Institute, Academy of Sciences, Stockholm. Frisch is identified as being at the Institute of Theoretical Physics, University of Copenhagen.
- ↑ Frisch, O. R. (1939). „Physical Evidence for the Division of Heavy Nuclei under Neutron Bombardment“. Nature. 143 (3616): 276. Bibcode:1939Natur.143..276F. doi:10.1038/143276a0. [The experiment for this letter to the editor was conducted on 13 January 1939; see Richard Rhodes The Making of the Atomic Bomb 263 and 268 (Simon and Schuster, 1986).]
- ↑ „Lise Meitner Dies; Atomic Pioneer, 89. Lise Meitner, Physicist, Is Dead. Paved Way for Splitting of Atom“. The New York Times. 28 октомври 1968. Посетено на 26 февруари 2020.
Dr. Lise Meitner, the Austrian born nuclear physicist who first calculated the enormous energy released by splitting the uranium atom, died today in a Cambridge nursing home. She was 89 years old.
- ↑ Perutz, Max F. (2002). „Splitting the Atom“. I Wish I'd Made You Angry Earlier: Essays on Science, Scientists, and Humanity. стр. 27. ISBN 9780879695248. OCLC 37721221. Originally published as book review; see Perutz, Max (20 февруари 1997). „A Passion for Science“. The New York Review of Books.
- ↑ Judson, Horace Freeland (20 October 2003). „No Nobel Prize for Whining“. The New York Times. Посетено на 26 февруари 2020.
Lise Meitner, the physicist first to recognize that experiments reported by two former colleagues in Berlin meant that atoms had been split, never got a prize, even though one of those colleagues, Otto Hahn, did in 1944.
- ↑ „Otto Hahn, Lise Meitner and Fritz Strassmann“. Science History Institute. јуни 2016. Посетено на 20 March 2018.
- ↑ Sample, Ian; Devlin, Hannah (7 октомври 2019). „What's the point of Nobel prizes?“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Nomination Database: Lise Meitner“. NobelPrize.org. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ Burmester, Ralph (2015). Wissenschaft aus erster Hand : 65 Jahre Lindauer Nobelpreisträgertagungen [Science at first hand : 65 years of Lindau Nobel Laureate Meetings] (германски) (3 extended. изд.). ISBN 9783940396501. OCLC 935264435.
- ↑ „Associated Papers of Lise Meitner“. Janus. Архивирано од изворникот на 2007-06-18. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ 14,0 14,1 Бартусијак, Марсија (17 март 1996). „The Woman Behind the Bomb“. The Washington Post.
- ↑ Корнвел, Џон (2003). Hitler's Scientists: science, war and the devil's pact. Viking 2003. стр. 66. ISBN 978-0-670-03075-0. OCLC 52761187.
- ↑ Мејтнер рекла дека била вдаховена од нејзиниот наставник, физичарот Лудвиг Болцман, и рекла дека често говорела со заразен ентузијазам за неговите предавања.
- ↑ Drezgic, Marija. „Lise Meitner | Famous Women in Physical Sciences and Engineering“. bnrc.berkeley.edu. Архивирано од изворникот на 12 ноември 2016. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Lise Meitner | Jewish Women's Archive“. jwa.org. Посетено на 26 февруари 2020.