Вулкан
Вулкан — отвор или пукнатина во Земјината кора низ кои магмата избива на површината како лава. Вообичаено, тие се јавуваат по должината на границите на плочите на кората: повеќето вулкани се наоѓаат во појас наречен Тихоокеански Огнен Прстен, кој се протега по должината на работ на Тихиот Океан. Вулканите може да бидат класифицирани според јачината и честотата на нивните ерупции. Неексплозивните вулкански ерупции, главно, се јавуваат таму каде што плочите на Земјината кора се одвојуваат една од друга.[1] Овие ерупции создаваат многу течна базалтна лава, која брзо се шири низ пространата област и создава релативно рамни конуси. Најаките ерупции создаваат густа лава и можат да исфрлат во вид на експлозии, облаци од прав и пироконгломерати. Лавата тече непосредно пред да се излади и затоа гради конусни вулкани со стрмни страни. Некои вулкани создаваат лава и ерупции од пепел, што градат сложени вулкански конуси. Вулканите што имаат чести ерупции се наречени активни, а тие што имаат ретки ерупции се нарекуваат заспани и тие што прекинале со еруптирање се наречени изгаснати вулкани.[2] Една од поедноставните дефиниции е според каталозите на Глобалната вулканска програма е дека активен вулкан е оној што избувнал од последното ледено доба наваму (т.е. во минатото ~ 10.000 години), заспан (неактивен) вулкан е оној кој не избил во изминатите 10.000 години, но кој се очекува повторно да еруптира а изгасен вулкан е оној од кој не се очекува повторно да еруптира.[3] Честопати е тешко да се утврди кои вулкани се изгасени и кои се неактивни. Причината за ова е дека вулканите можат да поминат децении, стотици години, па дури и стотици илјади години пред да избувнат. Некои вулканолози како неактивни ги класифицираат вулканите кои не избувнале во последните 10.000 години (крајот на последното ледено доба и почетокот на Холоценот).[4] Освен вулканите, во други појави поврзани со вулканските региони се и гејзерите, жешките минерални извори, солфатарите, пукнатините во вулканскиот конус од кои избива само чад и пареа и врелите базени со кал.
Големите ерупции можат да влијаат на температурата, бидејќи пепелта и капките на сулфурна киселина го прикриваат сонцето и ја смируваат пониската атмосфера на Земјата (или тропосферата). Тие исто така ја апсорбираат топлината што зрачи од Земјата, со што се затоплува горната атмосфера (или стратосферата). Историски гледано, вулканските зими предизвикуваат климатски промени со катастрофален глад[5].
Потекло на поимот
уредиЗборот вулкан (латински: vulcanus, италијански: vulcano, со значење „планина што гори“ ) се смета дека потекнува од вулканскиот остров Вулкано, како дел од Липарските (Еолски) Острови од Италија.[6] Името на островот потекнува од името на Вулкан, бог на огнот во римската митологија[7].
Видови на вулкани
уредиВулкан — отвор, или пукнатина во површината на планетата, или кора која дозволува врели растопени смеси од метали, пепел и гасови да излезат од под површината. Начинот на кој лавата излегува од вулканот не е секогаш ист, при тоа се создаваат разни форми на вулканите. Тие се:
- Стромболски: создаваат приближно правилен конус, имаат единствен канал за излевање и ерупцијата е многу бурна.
- Вулкански: создаваат приближно правилен конус, но главниот излезен канал се шири во неколку помали канали, а ерупцијата, исто така, е многу бурна.
- Хавајски: создаваат широк конус и мала височинка, со многу течна лава и не многу бурна ерупција.
- Пелешки: лавата е многу густа и како што излегува создава цврст столб.
Некои од најголемите вулкани во светот
уреди* Сѐ уште активни
Вулкан | Височина | Место |
---|---|---|
Котопакси | 5897 м | Еквадор |
Еребус | 3794 м | Антарктик |
Ерта Але | 613 м | Етиопија |
Етна | 3350 м | Италија |
Фуего | 3763 м | Гватемала |
Фуџи | 3776 м | Јапонија |
Килауеја | 1237 м | Хаваи |
Килиманџаро | 5895 м | Танзанија |
Кракатао (нов) | 832 м | Индонезија |
Ласен Пик | 3186 м | Калифорнија |
Лјулјаилако | 6583 м | Чиле |
Мануа Лоа | 4158 м | Хаваи |
Невадо дел Руиз | 5400 м | Колумбија |
Њирагонго | 3469 м | ДР Конго |
Охос дел Саладо | 6893 м | Чиле - Аргентина |
Орисаба | 5700 м | Мексико |
Попокатепетл | 5452 м | Мексико |
Стромболи | 926 м | Италија |
Теиде | 3718 м | Канарски Острови |
Везув | 1270 м | Италија |
Виљарика | 2840 м | Чиле |
Создавање на вулкани
уредиВулканите се места од каде што излегува вжарен карпест материјал од внатрешноста на земјата. Овој материјал понекогаш доаѓа од длабоките зони на кората, каде се стопил како последица на покачување на температурата и притисокот. Во други случаи, стопената маса потекнува директно од внатрешната обвивка. Вулкани нема на сите места, туку само на оние каде активноста за соединувањата (фузија) — посилна затоа што една плоча на кората се урива. Ова се случува, на пример, на сите брегови на Тихиот Океан, каде што кората навлегува под континентите. Во Атлантскиот Океан активноста е многу помала зашто се создава нова коpa.
Вулканската активност вклучува истиснување на карпите со тенденција да формира планини или некакви форми на планини во одреден период на време. Вулканите обично се наоѓаат онаму кај што имаме разделување или судирање на тектонските плочи. Средноатлантскиот гребен има примери за вулкани кои се предизвикани од „дивергентни тектонски плочи“ кои се разделуваат, а додека Тихоокеанскиот Огнен Прстен има пример за вулкани кои се предизвикани од „конвергентни тектонски плочи“ кои се судираат. За контраст, вулканите обично не се создадени каде две тектонски плочи се лизгаат една покрај друга. Вулканите исто така може да се формираат онаму кате имаме истегнување и истенчување на Земјината кора како кај африканските раседи, изворот на сиво-чистоводните вулкански јазови и јазот на Рио Гранде во Северна Америка, како и јазовите на реката Рајна во Европа со нејзините Ајфелови вулкани. Вулканите исто така можат да бидат предизвикани од „корини пера“. Овие т.н жешки точки, на пример Хаваите, можат да настанат далеку од границите на плочите. Вулкани на „жешки точки“ можат да се најдат било каде во Сончевиот Систем, посебно на планетите и месечините на кои има многу карпи.
Тектонски плочи и жешки точки
уредиДивергентни граници на плочите
уредиВо средноокеанските гребени, две тектонски плочи се раздвојуваат една од друга. Нова океанска кора се формира од жешката лава, која бавно се лади и се стврднува. Во средноокеанските гребени кората е многу тенка како последица на растегнувањето кое настанува од двете плочи. Ослободувањето на притисокот, поради тенката кора води кон адијабатска експанзија и делумно растопување на крилото. Ова топење го произведува новиот океански гребен. Повеќето плочи што се разделуваат се наоѓаат на дното на океаните, па по тоа може да се заклучи дека поголемиот дел од вулканската активност се одвива под водата, формирајќи нови подводни подови. Црните димни завеси или длабоките морски шахти се пример за овој тип вулканска активност. Онаму каде што средноокеанскиот гребен излегува над морското ниво, се појавуваат на вулкански острови, како на пример Исланд.
Конвергентни граници на плочите
уредиПодземно-канални зони се места каде што се судруваат две плочи, најчесто океанската плоча и континентална плоча. Во овој случај, океанската плоча прави канали или ги спојува, под континенталната плоча, притоа формирајќи длабок океански ров вон копното. Кората тогаш е стопена од жештината на обвивката и така настанува магмата. Тоа е така поради составот на водата која ја намалува температурата на топење. Магмата создадена овде има тенденција да биде многу леплива поради големото присуство на кварц во нејзиниот состав, па многу често не стигнува на површината и се лади на дното. Кога стигнува на површината се формира вулкан. Типичен пример за овој тип на вулкани е планината Етна и вулканите од Тихоокеанскиот Огнен Прстен.
Врели точки
уредиЖешките точки вообичаено не се сместени на гребените од тектонските плочи, туку над перата, каде се случува пренесувањето на жештината (во гас или течност) каде од Земјината обвивка се создава столб од жешок материјал кој расте додека не стигне до кората, која тежнее да биде потенка за разлика од други места на Земјата. Температурата на перото ја топи кората и со тоа го предизвикува создавањето на канали преку кои ќе тече магмата. Бидејќи тектонските плочи мрдат таму каде што перата остануваат на исто место, секој вулкан на тоа место станува прекриен и после некое време нов вулкан се формира како резултат од преминувањето на плочата над жешката точка. Хавајските острови се смета дека се настанати токму така, како и рамнината Снејк Ривер, со Јелоустоунската калдера (кратер кој настанал од езерото Тоба, со експлозија на купата или колапс во средината на вулканот), како дел од северноамериканската плоча која во моментот е над жешка точка.[8]
Одлики на вулканот
уредиНајопштата форма на вулканот претставува конусната планина, која исфрла лава и отровни гасови од кратерот на врвот. Ова опишува само еден од типовите на вулкани, па и одликите на вулканите кои се покомплицирани. Структурата и однесувањето на вулканот зависи од бројни фактори. Некои вулкани имаат грапави врвови формирани од лавини куполи, наместо врв и кратер, бидејќи некои претставуваат форми на копното, како на пример масивни висорамнини. Каналите од кои излегува вулкански материјал (лава, односно магма која излегла на површината), пепел и гасови (најчесто пареа и гасови од магмата), можат да бидат сместени било каде на површината. Повеќето од овие канали ги раѓаат помалите вулкански конуси како Пуу Оо на вулканот Килауеја на Хаваи.
Други типови вулкани вклучуваат криовулкани (или ледени вулкани), како повеќето од месечините на Јупитер, Сатурн и Нептун и калливи вулкани, кои се создадени по пат кој не асоцира на познатите магматски активности. Активните калливи вулкани тежнеат кон помали температури отколку огнените вулкани, освен во случај кога калливиот вулкан е канал од огнен вулкан.
Вулкански пукнатини
уредиВулканските пукнатини (отвори) се рамни, линеарни пукнатини низ кои избива лава .
Штитести вулкани
уредиХаваи и Исланд се примери за места каде вулканите исфрлиле големи количини на базална лава во големи отворени ерупции, кои потоа создале широка планина со профил на штит. Нивните изливи на лава се најчесто многу жешки и многу течни. Еден од најголемите штитести вулкани на Земјата, Мауна Лоа, се издига од 9.000 м од дното на океанот и има пречник од 120 км. Така го образува големиот остров Хаваи, долж други штитести вулкани како Мауна Кеја и Килауеја. Олимп на Марс е исто така меѓу најголемите штитести вулкани, познат како најголема планина во Сончевиот Систем. Помалите варијанти на штитести вулкани вклучуваат и лавини конуси и ритчиња.
Најголем штитест вулкан, а воедно и најголем вулкан во на Земјината топка е масивот Таму, во северозападниот дел на Тихиот Океан.[9]
Јагленисани конуси
уредиЗгурестите или јагленисаните конуси се резултат на ерупции кои најчесто еруптираат мали парчиња згура (материјал што останува по изгорувањето на руда) и пирокластици и се оградуваат околу каналот. Овие можат да бидат релативно кратки ерупции кои создаваат конусовиден врв со височина од 30 до 400 метри. Повеќето јагленисани конуси еруптираат само еднаш. Јагленисаните конуси можат да се создадат како канално крило од поголеми вулкани, или да настанат сами. Парикутин во Мексико и Сансет кратерот во Аризона се примери за јагленисани конуси.
Стратовулкани (мешовити вулкани)
уредиСтратовулканите се високи конусовини планини формирани од смеси на лава и други изливи од различни слоеви, а името на вулканот доаѓа од зборот стратум (слој од камења и почва). Страто/мешовитите вулкани се направени од згура, пепел и лава. Вулканите се настанати од други вулкани. Згурата и пепелта обично се натрупуваат на врвот на конусот, па потоа лава поминува над нив и се лади, а потоа истиот процес повторно започнува. Класичен пример на стратовулкан е Фуџи во Јапонија, Мајон во Филипините, како и Везув и Стромболи во Италија.
Во текот на пишаната историја, пепелта произведена од експлозивната ерупција на стратовулканите претставува најголема вулканска опасност за цивилизациите. Не само што тие имаат поголем притисок при основниот проток на лава отколку штитните вулкани, туку и нивните пукнатини и моногенетичките вулкански полиња (вулкански конуси) имаат помоќни ерупции. Тие исто така се поостри од штитестите вулкани, со падини од 30-35 ° во споредба со падините кои генерално се 5-10 °, а нивната тефра предизвикува опасни лахари.[10]
Супервулкани
уредиСупервулкан е популарен поим за голем вулкан кој има голема купа и е потенцијален опостошувач на енормна, понекогаш континентална скала. Такви ерупции би можеле да направат големи промени во глобалната температура за неколку години подоцна затоа што испуштаат големи количини на сулфур и пепел. Овој е најопасниот тип на вулкан. Примери се Јелоустоунската Калдера во паркот Јелоустоун во Западен САД, езерото Таупо во Нов Зеланд и езерото Тоба на Суматра, во Индонезија. Супервулканите тешко се идентификуваат по неколку векови, поради големите површини што ги зафаќаат. Најчесто местата каде што има големи количини на магматски карпи се смета дека се вулкани.
Подводни вулкани
уредиПодводните вулкани се многу чести особини за океанското дно. Некои се активни, а во близина на плитки води често се разоткриваат со тоа што исфрлаат пареа и каменовидни остатоци високо над морската површина. Повеќето се сместени на толку големи длабочини што тежината на водата над нив не им дозволува да исфрлаат пареа и гасови. Инаку можат да бидат пронајдени со помош на хидрофон и многу често ја обојуват водата поради вулканските гасови. Можат да се појават сплавови од пемза. Дури и големите ерупции можат да не ја пореметат површината на океанот. Бидејќи има рапиден оладувачки ефект поради водата и зголемена моќ на држење на површина, подводните вулкани многу често формираат стрмни столбови преку нивните вулкански канали, што е голема разлика од натповршинските вулкани. Тие можат да станат толку големи што можат да ја расцепат океанската површина и да формираат нови острови. Перници лава се најчестиот продукт од подводните вулкани.
Подледнички вулкани
уредиПодледничките вулкани се развиваат под ледените покривки. Тие се направени од рамни протеци на лава на површината на екстензивни перници од лава и палагонит (мешавина од вода вулканско стакло). Кога ледената покривка се топи, лавата на врвот пропаѓа и со тоа остава рамноврвна планина. Потоа, перниците лава исто така пропаѓаат, давајки агол од 37.5°. Овие вулкани се нарекуваат и маса (рамни) планини, туја или моберг. Многу добри примери од овој тип на вулкани можат да бидат видени во Исланд, како и во Британска Колумбија. Па и самиот термин туја доаѓа од местото Туја Бут, кое е едно од неколкуте туја во областа на реката Туја во северниот дел на Британската Колумбија. Туја Бут е првата таква форма на копното што е анализирана, па така ова име е влезено во геолошката литература за овој вид вулканска формација. Паркот на планините Туја неодамна бил оформен за да го заштити овој невообичаен предел, кој се наоѓа северно од езерото Туја и јужно од реката Џенингс, во близина со границата на територијата Јукон.
Калливи вулкани
уредиКалливите вулкани или калливи куполи се формации создадени од течности и гасови кои избиваат од внатрешноста на земјата, макар што постојат неколку процеси кои можат да ја предизвикаат таква активност. Најголемите структури се со пречник од 10 километри и достигнуваат височина од 700 метри.
Еруптиран материјал
уредиДруг начин за класифицирање на вулканите е според составот на еруптираниот материјал (лава), бидејќи има влијание врз формата на вулканот. Лавата може да се класифицира според 4 различни состави:
- Ако еруптираната магма содржи висок процент (>63%) на кварц, лавата се нарекува фелсик. Фелсичките лави (или риолити) имаат тенденција да бидат високо вискозни (не многу течни) и се еруптирани како куполи или како мали смеси. Вискозната лава тежнее да создава стратовулкани или лавини куполи. Врвот Ласен во Калифорнија е пример за вулкан формиран од кварцна лава и е всушност голема лавина купола.
- Бидејќи кварцните магми се толки вискозни, тие тежнеат да ги заробат гасовите со ниски точки на испарување, кои потоа предизвикуваат магмата да еруптира катастрофално, најверојатно формирајќи стратовулкан. Пирокластичните смеси (ингимбрит) се високоопасни продукти на таквите вулкани, бидејќи се составени од стопена вулканска пепел, претешка да оди горе во атмосферата, па се згуснува на падините на вулканот и патува далеку од вулканскиот отвор за време на големите ерупции. Температури до 1,200 °C се можни во пирокласничните текови, кои ќе запалат сè што е запалливо по патот на лавата, а дебелите слоеви на пирокластичните текови се таложат на подолните делови, најчесто формирајќи талог широк неколку метри. Долината на десет илјади чадови во Алјаска на пример е формирана од ерупцијата од Новарупта, во близина на Катмаи во 1912 година, е пример за широк ингимбритски депозит. Вулканската пепел е доволно лесна за да биде еруптирана високо во Земјината атмосфера и може да патува многу километри пред да падне на земјата како туф.
- Ако еруптираната магма има состав од 52% до 63% кварц, лавата е од среден состав. Овие „андезитни“ вулкани можат да се најдат само над зони каде има судирање на континенталната и океанската плоча. (пр. Мерапи во Индонезија).
- Ако еруптираната магма содржи помеѓу 52% и 45% кварц, лавата се нарекува мафик (бидејќи содржи високи проценти на магнезиум (мg) и железо (Fe) или базалт. Овие лави се вообичаено помалку вискозни за разлика од риолитските лави, во зависност од нивната ерупциона температура, но сепак имаат тенденција да бидат пожешки отколку фелсичките лави. Мафичките лави се појавуваат во овие опкружувања:
- На средноокеанските гребени, каде две тектонски океански плочи се разделуваат, базалтската лава еруптира како перници за да ја пополни празнината.
- Штитестите вулкани (на пр. Хавајските Острови, вклучувајќи ја Мауна Лоа и Килауеја), на две океански или континентални - како континентални примабазалти.
- Некои ерупции на магма содржат помалку од 45% кварц и даваат ултрамафичка лава. Ултрамафичките смеси, попознати како коматити, се многу ретки, всушност, многу малку се еруптирани од Земјината површина од времето на Протеозоик, кога температурата на Земјините смеси била повисока. Тие се (или биле) најжешките лави и најверојатно најтечните мафички лави.
Лавина текстура
уредиДва типа на лава се именувани според составот на површината: ʻAʻa (со изговор [ˈʔaʔa]) и пахоехое ([paːˈho.eˈho.e]), двата со потекло од Хаваите.
- ʻAʻa се одликува со груба површина и е вискозна лава. Базалтски и мафички смеси на лава можат да бидат еруптирани особено ако процентот на ерупцијата е висок и ако нагибот е стрмен.
- Пахоехое се одликува со мазна и често набрчкана површина и најмногу е формирана од течни лавини смеси. Обично само мафичките смеси ќе еруптираат како пахоехое, затоа што еруптираат на повисоки температури или имаат соодведни хемиски својства што им дозволуваат на смесите поголема течност.
Вулканска активност
уредиПопуларен начин за класифицирање на магматските вулкани е според зачестеноста на ерупција, па така оние што еруптираат регуларно се викаат активни, а оние што еруптирале во минатото, а сега се тивки се нарекуваат заспани (скриени), а оние кои не еруптирале ниту во минатото се нарекуваат изгаснати. Овие популарни класификации - изгасен во поединечна смисла - се практично незначајни за научниците. Тие користат класификации кои се однесуваат на поединечни вулкани за создавачките и еруптирачките процеси и резултираните форми, што е објаснето погоре.
Активни вулкани
уредиНе постои вистински консензус помеѓу вулканолозите за дефинирање на терминот „активен“ вулкан. Животниот век на вулканот може да варира од неколку месеци до повеќе милиони години, па таквата разлика е незначајна за разлика од животниот век на луѓето па и на цивилизациите. На пример повеќето од Земјините вулкани имаат еруптирано неколкупати во последните две илјади години, но моментално не покажуваат знаци на ерупција. Ако ги разгледуваме на подолг период (повеќе милиони години) тие се активни, но ако ги гледаме на пократок (човечки живот) тие не се.
Научниците обично сметаат дека вулканот е активен ако моментално покажува знаци на ерупција или немир, како невообичаена земјотресна активност или значајни нови емисии на гас. Многу научници сметаат дека вулканот е активен ако еруптирал во минатото. Важно е да се забележа дека пишаната историја варира на различни места. Во Средоземјето таа оди до 3,000 години назад но северозападниот Тихи Океан на САД доаѓа до само 300 години, како и во Хаваи - малку повеќе од 200 години.[12] Според Смитсоновата дефиниција на Глобалната вулканска програма, активни вулкани се оние кои еруптирале од пред најмногу 10.000 години (Холоцен). Најмногу активни вулкани се сместени во Тихоокеанскиот Огнен Прстен.[13] Се проценува дека 500 милиони луѓе живеат во близина на активните вулкански зони.[13]
До 2013, најактивни вулкани на Земјата се сметаат следниве:[14]
- Килауеја, познатиот хавајски вулкан кој е во континуирана ефузивна ерупција од 1983 со најдолготрајно видливо лавино езеро.
- Етна и вулканот Стромболи, двата средоземни вулкани во речиси континуирана ерупција уште од античко време.
- Планината Јасур, во Вануату, која еруптира речиси континуирано веќе 800 години.[се бара извор]
До 2013, најдолгите вулкански еруптивни фази се:[15]
- Планината Јасур, 111 години
- Етна, 109 години
- Стромболи, 108 години
- Санта Марија, 101 години
- Сангај, 94 години
Други многу активни вулкани:
- Њирагонго и соседниот Њамурагира, кои се најактивните вулкани во Африка
- Питон де ла Фурнез, во Реинион, кој еруптира доволно за да биде туристичка атракција.
- Ерта Але, во Афарската област (Етиопија), каде постои лавино езеро барем од 1906 г.
- Планината Еребус во Антарктик, со лавино езеро од 1972 г.
- Планината Мерапи
- Вакари / Вајт Ајленд, кој е во постојана фаза на испуштање чад уште од неговото откривање во 1769.
- Ол Доињо Ленгаи
- Амбрим
- Аренал
- Пакаја
- Кључевскаја Сопка
- Шевелуч
Заспани вулкани
уреди
Заспаните вулкани е оние кои не се моментално активни (како што е дефинирано погоре), но може да станат немирни или повторно да еруптираат. Може да настане збунување бидејќи многу научници сметаат дека некои вулкани се активни, но всушност мислат на заспани. Тешко е да се разликува изгаснат вулкан од заспан (неактивен). Вулканите често се сметаат за изгаснати ако нема пишани записи за неговата активност. Сепак, вулканите може да останат неактивни долг временски период. На пример Јелоустоун мирувал околу 700000 години а Тоба околу 380000.[16] Везув бил опишан од страна на римските писатели како покриени со градини и лозја пред ерупцијата од 79 година, која ги уништила градовите Херкуланеум и Помпеја. Пред неговата катастрофална ерупција од 1991 година, Пинатубо бил незабележлив вулкан, непознат за повеќето луѓе во околните места. Два други примери се вулканот Суфриер на островот Монтсерат, кој се сметал за исчезнат пред да се продолжи со активноста во 1995 година, и планината Фурпикет во Алјаска, која пред ерупцијата во септември 2006 година избувнала последен пат во 8000 година п.н.е. и долго време се сметала за изгасен вулкан. Климатските промени, наводно, можат да предизвикаат вулканска активност во чувствителните области со промена на притисокот на мразот или морската вода и екстремните временски услови.[17]
Изгаснати вулкани
уредиИзгаснати вулкани се оние за кои научниците сметаат дека не е можно да еруптираат повторно. Дали некој вулкан е изгаснат е тешко да се утврди. Бидејќи супервулканските купи може да имаат еруптивни животни векови од неколку милиони години, веројатно е да се сметаат за заспани наместо за изгаснати. Пример е Јелоустоунската калдера која е стара најмалку 2 милиона години и не еруптирала отприлика 640000 години, имала хидротермални ерупции од пред 10000 години последен пат и како и смеси на лава од пред 70000 години, сепак не се смета за изгасната бидејќи има чести земјотреси и активен геотермален систем.
Декадни вулкани
уредиДекадни вулкани се 17-те вулкани идентификувани од страна на Меѓународната асоцијација за вулканологија и хемија на Земјината внатрешност (IAVCEI) како достојни за посебно проучување заради нивната историја на големи, деструктивни ерупции и близината до населените места. Тие се наречени декадни вулкани, бидејќи проектот првенствено бил дел од Меѓународната декада за намалување на природните катастрофи спонзориран од Обединетите нации.
Моменталните 17 декадни вулкани се:
*Авачински-Корјакски, Камчатка, Русија | *Невадо де Колима, Мексико |
*Планината Етна, Сицилија, Италија | *Галерас, Нарињо, Колумбија |
*Мауна Лоа, Хаваи, САД | *Мерапи, Јава, Индонезија |
*Њирагонго, Демократска Република Конго | *Планина Рејнир, Вашингтон, САД |
*Сакураџима, Кагошима, Јапонија | *Санта Марија/Сантијагито, Гватемала |
*Остров Санторини, Грција | *Вулкан Тал, Лусон, Филипини |
*Теиде, Канарски острови, Шпанија | *Улавун, Папуа Нова Гвинеја |
*Планина Унзен, Нагасаки, Јапонија | *Везув, Неапол, Италија |
Последици од вулканската активност
уредиПостојат повеќе видови вулканска активност и ерупции: подземни ерупции (ерупции што се створени од пареа), експлозивни ерупции од жешка кварцна лава (тн. риолит), отворени ерупции на слабо-кварцна лава (тн. базалт), пирокластични текови, лахари (смеси на кал со пирокластични материјали) и јаглеродно диоксидни емисии. Секоја од овие активности може да предизвика опасност за луѓето. Земјотресите, жешки изливи на вода, фумаролите, калливите вулкани (солфатари) често се придружувани со вулканска активност.
Концентрацијата на различни вулкански гасови може значајно да варира од еден вулкан до друг. Водената пареа е најчесто најобилниот вулкански гас, потоа следи јаглерод диоксидот и сулфур диоксид. Други гасови се сулфуроводород, хлороводород и флуороводород. Голем број помали емисии од други гасови може да бидат најдени кај вулканските емисии како водород, јаглерод моноксид, органски смеси и друго.
При големите, експлозивни вулкански ерупции се исфрла водена пареа (H2O), јаглерод диоксид (CO2), сулфур диоксид (SO2), хлороводород (HCl), флуороводород (HF) и пепел во стратосферата до висини од 16–32 км над Земјината површина. Најзначајните удари од овие исфрлања доаѓаат од претворањето на сулфур диоксидот во сулфурна киселина (H2SO4), која брзо се кондензира во стратосферата и создава сулфатни аеросоли. Аеросолите го зголемуваат Земјиното албедо (слој кој го рефлектира зрачењето од Сонцето) и со тоа ги лади ниските слоеви на Земјината атмосфера, поточно тропосферата, исто така ја апсорбираат топлината од Земјиното зрачење, со што ја затоплуваат стратосферата. Неколкуте ерупции за време на минатиот век предизвикале намалување на средната температура на Земјината површина дури за еден степен (според Фаренхајт скалата) за период од една до три години.[18] Сулфатните аеросоли исто така ги забрзале и измениле комплексните хемиски реакции на нивните површини, поточно ги измениле гасовните видови како хлор и азот. Овој ефект, заедно со зголемените статосферски хлорови нивоа од хлорофлуоројаглерод, предизвикало стварање на хлор моноксид (ClO), кој го уништува озонот (O3). Како што аеросолите растеле и коагулирале, се сместиле во горната тропосфера каде служеле како јадра за цирусните облаци и со тоа дополнително го модифицирале земјениот радијациски баланс. Голем дел од хлороводородот (HCl) и флуороводородот (HF) дисоцира во капките вода во ерупцискиот облак и бргу паѓа на Земјината површина како кисел дожд. Исфрлената пепел исто така паѓа рапидно од стратосферата, а повеќето исчезнува во рок од неколку дена. Емитувањата на гасови од вулканите се природни снабдувачи на кисел дожд.
Вулканската активност емитува околу 130 до 230 тераграми (приближно 145 до 255 милиони тони) јаглерод диоксид секоја година. Вулканските ерупции можат да исфрлат аеросоли во Земјината атмосфера. Големи исфрлања може да предизвикаат разни бојни визуелни ефекти како невообичаедно обоени зајдисонца и исто така да влијаат врз глобалната клима, воглавно ладејќи ја. Сулфур диоксидот од ерупцијата на Хуајнапутина веројатно го предизвикал гладот во Русија од 1601-1603 година.[19] Вулканските ерупции исто така ја снабдуваат земјата со корисни хранливи материи преку временските (метео) процеси. Овие плодни почви го поттикнуваат растот на повеќе растенија и разни култури. Вулканските ерупции можат да создават нови острови, откако магмата се оладува и вцрстнува после контактот со вода.
Вулкани на други планетарни тела
уредиЗемјината месечина нема големи вулкани и моментална вулканска активност, но некои понови докази сугерираат дека Месечината поседува растопено јадро[20]. Месечината има повеќе вулкански творби како темните делови што се гледаат и куполите.
Планетата Венера има површина што е 90% базалт, што индицира дека вулканите играле главна улога во оформувањето на оваа планета. Планетата можеби имала глобално реоформување на површината пред отприлика за 500 милиони години[21], според тоа што научниците укажуваат на густината на кратерите на површината. Смесите на лава се различни и можат да настанат форми на вулкани како никаде на Земјата. Промените во атмосферата на планетата и забележливи блескавици, биле препишани на актуелни вулкански ерупции, иако нема потврда дали Венера е сѐ уште вулкански активна. Радарското скенирање од сондата Магелан открило докази за релативно скора вулканска активност на највисокиот вулкан на Венера, Маат, во форма на смеси од пепел во близина на врвот од северната страна.
Има неколку изгаснати вулкани на Марс, четири од нив се пространи штитести вулкани далелку поголеми од било кој на Земјата. Попознати се Арсија, Аскреус, Хекатес. Олимп и Павонис. Овие вулкани се изгаснати веќе повеќе милиони години[22], но европејското вселенско летало Марс Експрес нашло докази дека можеби се случила вулканска активност на Марс во минатото[22].
Јупитеровата месечина, Јо е најактивниот вулкански објект во нашиот Сончев Систем. Покриена е со вулкани што еруптираат сулфур, сулфур диоксид и кварцни камења, и како резултат, површината на Јо е постојано менета. Лавата од вулканите на Јо е најжешката досега на Сончевиот Систем со температури кои поминуваат 1,800 K (1,500 °C). Во 2001, најголемата снимена вулканска ерупција во Сончевиот Систем се случила на Јо.[23] Европа, најмалатата од Галилеевите месечини на Јупитер, исто така покажува дека има активен вулкански систем, освен тоа дека нејзината вулканска активност е целосно во форма на вода, која се замрзнува во лед штом излегува на студената површина. Овој процес е познат како криовулканизам и очигледно е најчестиот процес на месечините на надворешните планети од нашиот сончев Систем.
Во 1989 вселенското летало „Војаџер 2“ набљудувал криовулкани (ледени вулкани) на Тритон, месечина на Нептун, и во 2005 година сондата Касини-Хајгенс фотографирала фонтани од ледени парчиња кои еруптираат од Енкладус, месечина на Сатурн.[24][25] Содржината на исфрлениот материјал веројатно било вода, течен водород, прашина и метански содржини. Касини-Хајгенс нашло исто така докази од криовулкан кој исфрла метан на Сатурновата месечина Титан, што се верува дека е значаен извор на метан најден во нејзината атмосфера.[26] Според бројни теории криовулканизмот е можен во Кајперовиот Појас (на работ на нашиот Сончев Систем).
Во културата
уредиВерувања во минатото
уредиМногу стари народи верувале дека вулканските ерупции се натприродни нешта, па ги препишувале на боговите и полубоговите. Со вулканот Килауеја е поврзана и легендата за Пеле – богот на вулканите. Според верувањата на Хавајците богот Пеле и богот Камапуа (бог на дождот) се во постојана битка за превласт, а во овој вулкан таа битка ја добива богот Пеле. За Старите Грци, каприциозната моќ на вулканите можела да се објасни само како чин на боговите и за нив познатите вулкани биле „работилници“ на богот Хефест, кој во римската митологија се нарекува Вулкан. Во 16-17 век, германскиот астроном Јоханес Кеплер верувал дека тие се канали за Земјините солзи.[27] Единствената идеја која се противела на оваа, била предложена од исусовецот Атанасиус Кирхер, кој ги видел ерупциите на Една и Стромболи, а потоа го посетил кратерот на Везув и го објавил својот поглед на Земјата како централен оган поврзан со бројни други, предизвикан од горењето на сулфур, јаглен и битумен.
Разни објаснувања биле предложени за однесувањата на вулканите пред модерните сфаќања за структурата на обвивката, како полуцврст материјал. По неколку декади после свесноста дека компресијата и радиоактивните материјали се можните извори на жештина, нејзините придонесувачи били постојано одбивани. Вулканската активност често била сметана за хемиска реакција на тенок слој на растопени камења на површината.
Вулканите често се појавуваат и како главен елемент во хералдиката.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ NSTA Press / Archive.Org (2007). „Earthquakes, Volcanoes, and Tsunamis“ (PDF). Resources for Environmental Literacy. Архивирано од изворникот (PDF) на July 14, 2014. Посетено на April 22, 2014.
- ↑ „Active, erupting, dormant and extinct volcanoes“. www.volcanodiscovery.com. Посетено на 2017-12-30.
- ↑ „How is a volcano defined as being active, dormant, or extinct? | Volcano World | Oregon State University“. volcano.oregonstate.edu (англиски). Архивирано од изворникот на 2013-01-12. Посетено на 2017-12-30.
- ↑ „What is a Dormant Volcano? - Definition, Facts & Example - Video & Lesson Transcript | Study.com“. study.com (англиски). Посетено на 2017-12-30.
- ↑ Robock, Alan (2000-05-01). „Volcanic eruptions and climate“. Reviews of Geophysics (англиски). 38 (2): 191–219. doi:10.1029/1998rg000054. ISSN 1944-9208.
- ↑ „volcano | Origin and meaning of volcano by Online Etymology Dictionary“. www.etymonline.com (англиски). Посетено на 2017-12-30.
- ↑ Davis A. Young (January 2016). "Volcano" Архивирано на 12 ноември 2015 г.. Mind over Magma: The Story of Igneous Petrology.
- ↑ Foulger, G.R. (2010). Plates vs. Plumes: A Geological Controversy. Wiley-Blackwell. ISBN 978-1-4051-6148-0.
- ↑ Howard, Brian Clark (2013-09-05). „New Giant Volcano Below Sea Is Largest in the World“. National Geographic. Посетено на 2013-09-07.
- ↑ Lockwood, John P.; Hazlett, Richard W. (2010). Volcanoes: Global Perspectives. p. 552. ISBN 978-1-4051-6250-0.
- ↑ „Scientists Discover and Image Explosive Deep-Ocean Volcano“. NOAA. 2009-12-17. Посетено на 2009-12-19.
- ↑ Decker, Robert Wayne; Decker, Barbara (1991). Mountains of Fire: The Nature of Volcanoes. Cambridge University Press. p. 7. ISBN 0-521-31290-6.
- ↑ 13,0 13,1 "Volcanoes" Архивирано на 4 август 2012 г.. European Space Agency. 2009.
- ↑ „The most active volcanoes in the world“. VolcanoDiscovery.com. Посетено на 3 August 2013.
- ↑ „The World's Five Most Active Volcanoes“. livescience.com. Посетено на 4 August 2013.
- ↑ Chesner, C.A.; Rose, J.A.; Deino, W.I.; Drake, R.; Westgate, A. (March 1991). „Eruptive History of Earth's Largest Quaternary caldera (Toba, Indonesia) Clarified“ (PDF). Geology. 19 (3): 200–203. Bibcode:1991Geo....19..200C. doi:10.1130/0091-7613(1991)019<0200:EHOESL>2.3.CO;2. Посетено на January 20, 2010.
- ↑ McGuire, Bill 2016 How climate change triggers earthquakes, tsunamis and volcanoes Global warming may not only be causing more destructive hurricanes, it could also be shaking the ground beneath our feet. The Guardian. 26th October 2016. Seen 13th Nov. 2016. https://www.theguardian.com/world/2016/oct/16/climate-change-triggers-earthquakes-tsunamis-volcanoes
- ↑ Miles, M. G.; Grainger, R. G.; Highwood, E. J. (2004). „The significance of volcanic eruption strength and frequency for climate“ (PDF). Quarterly Journal of the Royal Meteorological Society. 130: 2361–2376. doi:10.1256/qj.30.60 (неактивно 2017-11-28).
- ↑ University of California – Davis (April 25, 2008). „Volcanic Eruption Of 1600 Caused Global Disruption“. ScienceDaily.
- ↑ M. A. Wieczorek, B. L. Jolliff, A. Khan, M. E. Pritchard, B. P. Weiss, J. G. Williams, L. L. Hood, K. Righter, C. R. Neal, C. K. Shearer, I. S. McCallum, S. Tompkins, B. R. Hawke, C. Peterson, J, J. Gillis, B. Bussey (2006). „The Constitution and Structure of the Lunar Interior“. Reviews in Mineralogy and Geochemistry. 60 (1): 221–364. Bibcode:2006RvMG...60..221W. doi:10.2138/rmg.2006.60.3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Bindschadler, D. L. (1995). „Magellan: A new view of Venus' geology and geophysics“. Reviews of Geophysics. 33: 459. Bibcode:1995RvGeS..33..459B. doi:10.1029/95RG00281. Посетено на 28 September 2015.
- ↑ 22,0 22,1 „Glacial, volcanic and fluvial activity on Mars: latest images“. European Space Agency. February 25, 2005. Посетено на August 17, 2006.
- ↑ "Exceptionally bright eruption on Io rivals largest in Solar System" Архивирано на 28 јули 2013 г., November 13, 2002.
- ↑ „Cassini Finds an Atmosphere on Saturn's Moon Enceladus“. PPARC. 16 March 2005. Архивирано од изворникот на 2007-03-10. Посетено на 4 July 2014.
- ↑ Smith, Yvette (March 15, 2012). „Enceladus, Saturn's Moon“. Image of the Day Gallery. NASA. Посетено на 4 July 2014.
- ↑ „Hydrocarbon volcano discovered on Titan“. Newscientist.com. June 8, 2005. Архивирано од изворникот на 2007-09-19. Посетено на October 24, 2010.
- ↑ Williams, Micheal (November 2007). "Hearts of fire". Morning Calm. Korean Air Lines (11–2007): 6.
Надворешни врски
уреди„Вулкан“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Вулкани. |
- Вулкани на Curlie (англиски)
- Вулкани, Сојузна агенција на САД за управување со кризи (FEмA)
- Светот на вулканите
- Вулкани (Worsley School)