Бредли Вигинс

друмски велосипедист

Сер Бредли Марк Вигинс СВЕ (англиски: Bradley Wiggins; р. 28 април 1980 во Гент) — британски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[4] Вигинс ја започнал кариерата со велодромскиот велосипедизам, но потоа се префрлил на друмскиот велосипедизам, станувајќи еден од неколкуте велосипедисти, кои постигнале успеси во обете дисциплини. Победил на Тур де Франс 2012, станувајќи првиот британски победник од нејзиниот почеток во 1903 година.

Бредли Вигинс
Бредли Вигинс на Критериум ду Дофине 2011
Лични податоци
Цело имеБредли Марк Вигинс
ПрекарВиго[1]
Роден28 април 1980(1980-04-28)(44 г.)
Гент, Белгија
Висина1,90 м[2]
Маса69 кг[3]
Податоци за клубот
Мом. клубИнеос Гренадиерс
Дисциплинадрумски и велодромски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри/Универзален возач (друмски) и поединечец (велодромски)
Професионални клубови
2001
2002–2003
2004–2005
2006–2007
2008
2009
2010–
Линда Мекартни Рејсинг Тим
Франсес де же
Кредит Агрикол
Кофидис
Тим Хај Роад
Гармин-Слипстрим
Тим Скај
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Генерален пласман (2012)
2 поединечни етапи (2012)
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2010)

Етапни трки

Хералд Сан Тур (2009)
Критериум ду Дофине (2011, 2012)
Париз-Ница (2012)
Тур де Романди (2012)
Трка околу Британија (2013)
Трка околу Калифорнија (2014)

Еднодневни трки и класици

Светски хронометарски првак (2014)
Национален хронометарски првак (2009, 2010, 2014)
Национален друмски првак (2011)
Последна промена
16 октомври 2014

Кариерата на Вигинс започнала со велодромски велосипедизам, каде се специјализирал во дисциплините за поединечна потера и медисон и постепено се префрлал на друмскиот велосипедизам. Тој освоил шест титули на велосипедските светски првенства, најпрвин во 2003, а последниот пат во 2008; три во поединечна потера, два во екипна потера и еден во медисон. Вигинс освоил бронзен медал на Летните олимписки игри 2000, дополнителни три на Летните олимписки игри 2004, две златни медали на Летните олимписки игри 2008 и едно злато на Летните олимписки игри 2012. Вигинс се вратил на велодромскиот велосипедизам на Комонвелтските игри 2014 и објавил дека сака да настапи како велодромски велосипедист на Летните олимписки игри 2016.

По Олимпијадата во 2008 година, Вигинс земал пауза од велодромскиот, за да се посвети повеќе на друмскиот велосипедизам. Првично гледан како специјалист за хронометри и универзален возач, Вигинс ги покажал своите способности во етапните трки, кога стигнал до четвртото место на Тур де Франс 2009; подоцна го добил третото место откако резултатите на Ленс Армстронг биле избришани во 2012 година. Во 2010 година бил вклучен како водач на новиот Тим Скај и победил на воведната етапа на Џиро д’Италија. Негова прва поголема етапна победа на Вигинс била на Критериум ду Дофине 2011. Вигинс завршил трет на Вуелта а Еспања 2011. Десет дена подоцна, Вигинс го освоил сребрениот медал на хронометарот на Светското друмско првенство во Копенхаген, Данска. Во 2012, Вигинс покажал одлична форма со победите на Париз-Ница 2012, Тур де Романди 2012 и ја одбранил неговата титула на Критериум ду Дофине, пред да победи на Тур де Франс и да го освои златниот медал на хронометарот на Летните олимписки игри 2012. По неговиот успех во 2012 година, Вигинс добил неколку признанија и награда; наградата Златен велосипед за најдобар возач на годината, наградата спортист на годината од страна на ББС и бил прогласен за витез во 2013 година. Во 2014 година, го освоил златниот медал на хронометарот на Светското друмско првенство 2014.

Вигинс е единствениот велосипедист, кој успеал да го освои Тур де Франс и да добие олимписки златен медал во истата година[5] и единствен возач, кој победил на Гранд Тур и има олимписки златен медал во велодромски велосипедизам. Вигинс освоил седум олимписки медали, вклучувајќи четири златни, најмногу од сите британски олимпијци и трет по бројот на златни медали, зад Крис Хој и Стив Редгрејв.

Ран живот

уреди

Вигинс е роден во 1980 во Гент, Белгија, каде живеел неговиот австралиски татко, Гери Вигинс, професионален велосипедист. Кога неговите родители се разделиле во 1982, се преселил во Лондон со неговата мајка и останале кај неговите баба и дедо.[6] Вигинс имал лоша врска со неговиот татко Гери, кој правел мали напори за да го види малиот Бредли во текот на неговото детство во Обединетото Кралство. Тие се сретнале кратко пред Летната олимпијада 2000 во Сиднеј. Меѓутоа, обајцата се разишле кога Бредли се разочарал од проблемите на татко му со алкохолот и дрогата.[7] Тие не се сретнале повторно - Гери Вигинс умрел во 2008 на 55 години во Аберден, Нов Јужен Велс.[8]

 
Велодромот Херн Хил во јужен Лондон, каде Вигинс ја започнал својата кариера во велодромскиот велосипедизам на возраст од 12 години.

Мајката на Вигинс Линда, била секретарка во училиште во Северен Лондон, кое Бредли го посетувал. Тој имал помлад полубрат Рајан.[6] Тој започнал да вози на Велодромот Херн Хил во јужен Лондон на возраст од 12 години и го претставувал лондонскиот округ Кемден на Лондонските младински игри како младинец. Во 2010, бил примен во холот на славните на Лондонските младински игри.[9][10]

Кариера

уреди

Рани години

уреди

Во 1997, Вигинс го направил својот голем пробив, освојувајќи ја титулата светски јуниорски првак во поединечен пласман во Куба на возраст од 17.[11][12] На Комонвелтските игри 1998 во Куала Лумпур го освоил сребрениот медал во екипен пласман, натпреварувајќи се за Англија.[13] На 20 години, Вигинс го освоил бронзениот медал за Британија во екипен пласман на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј.[14] Во 2001, потпишал за британската професионална друмска екипа Линда Мекартни Рејсинг Тим, пред да се распушти на почетокот на 2001.[15] Тој му се придружил на Франсес де же во 2002, за потоа да се пресели во Кредит Агрикол во 2004. Во текот на 2003, Вигинс бил подучуван од Крис Бордмен; бил гледан како негов наследник.[16] На Летните олимписки игри 2004 во Атина, Вигинс станал првиот британски спортист во последните 40 години, кој успеал да освои три медали на едни Игри, последниот бил Мери Ранд на Летната олимпијада во 1964 во Токио. Тој освоил злато во поединечна потера, сребро во екипна и бронза во медисон со неговиот партнер Роб Хејлс.[17]

На Вигинс му била доделена титулата OBE во 2005 за заслугите во спортот.[15] На почетокот на 2005, изразил желба да учествува во друмскиот велосипедизам.[18] Тој се приклучил на Кофидис во 2006 и возел по првпат на Тур де Франс.

 
Вигинс завршил четврти на прологот на Тур де Франс 2007 во Лондон

Повторно се вратил на велодромите за трката Манчестер од Светскиот куп UCI и светските првенства во 2007, победувајќи во поединечен и екипен пласман. Во друмскиот велосипедизам, пак, го освоил прологот на Критериум ду Дофине Либере 2007. Тој возел за Кофидис на Тур де Франс 2007 и завршил четврти на прологот во Лондон. Ја освоил наградата за борбеност на шестата етапа по долгото соло бегство, на 40-годишнината од смртта на британскиот возач Том Симпсон на Тур де Франс 1967 и роденденот на неговата жена Кетрин. Кофидис се откажал, откако Кристијан Морени бил позитивен на допинг тестот и Вигинс и неговите колеги биле одведени од Тур со полиција.[19] Во случајот со Морени и позитивниот тест на водачот на трката Александар Винокуров, Вигинс прозборел против допингуваните на Тур,[20] и го фрлил неговиот дрес на Кофидис, изјавувајќи дека никогаш повторно нема да вози за таа екипа.[21]

 
Вигинс и Марк Кевендиш на нивниот пат кон станувањето светски медисон прваци 2008 во Манчестер

Во 2008 потпишал со Тим Хај Роад, екипата подоцна позната како ХТЦ-Хајроад. На Светското велодромско првенство во Манчестер, тој освоил три златни медали: поединечен пласман, екипен пласман и медисон.

На Летните олимписки игри 2008 повторно го освоил поединечниот пласман, прв возач кој успеал да го одбрани насловот на Олимпијадата. На 17 август бил член од олимпискиот тим за екипен пласман, кој го поставил новиот светски рекорд со 3:55:202, победувајќи ја Русија во меѓусебната борба.[22] Следниот ден, екипата го освоила златото со светски рекорд од 3:53:314, победувајќи ја Данска за 6,7 секунди.[23] Вигинс заедно со Марк Кевендиш во дисциплината медисон завршил на деветтото место.[24]

Во октомври 2008 ја објавил неговата автобиографија, Во потрага по славата[25] и се приклучил на екипата Гармин-Слипстрим за сезоната 2009.[26]

На 14 декември 2008, Вигинс бил деветти на изборот од ББС за спортисти на годината со 5.633 гласови.[27] На 31 декември Вигинс бил назначен за Командант на Редот на Британската Империја (CBE).[28]

 
Бредли Вигинс на Тур де Франс 2009, возејќи за Гармин-Транзишанс

По завршувањето на 71. место на Џиро д’Италиа 2009, каде исто така бил втор на последната етапа, Вигинс пристигнал на Тур де Франс 2009 притоа губејќи шест килограми.[29][30] Тој бил трет на воведниот хронометар во Монако и му помогнал на Гармин за второто место на екипниот хронометар, и покрај губитокот на четири возачи. На првата планинска завршница Вигинс завршил 12., а на петтото место во генералниот пласман влегол во втората недела, имал највисок пласман во втората недела од некој британски возачи, од Роберт Милар. На втората планинска завршница, Вигинс завршил петти, притоа поместувајќи се на третото место во генералниот пласман. Тој бил нападнат од браќата Шлек на етапата 17 и паднал на шестото место, но се поместил на четвртото место на хронометарот на етапата 18. На етапата20, Вигинс завршил десетти и ја задржал неговата позиција со три секунди пред Френк Шлек. Тој ја држел таа позиција до последната етапа, изедначувајќи го најдобриот пласман од некој британски возач на Тур на Роберт Милар.[31]

Вигинс го освоил националното британско хронометарско првенство во септември 2009.[32]

Во октомври 2009 го освоил Хералд Сан Тур, откако му помогнале колегите на трката. Тој водел по освојувањето на хронометарот на етапата 5 со 14 секунди предност пред колегата Свен Тафт.

Вигинс потпишал договор за Гармин-Слипстрим во 2010, но по многу шпекулации во декември 2009 било објавено дека заминува оттаму и дека се придружува на Тим Скај, потпишувајќи четиригодишен договор со новата британска екипа.[33]

 
Вигинс на воведниот хронометар на Џиро д’Италиа 2010, возејќи ја првата сезона за Тим Скај

Вигинс ја започнал 2010 како екипен водач по првпат. Тој бил дел од составот, која го освоил екипниот хронометар на етапата 1 на Трката околу Катар. На 10 мај тој ја освоил својата прва голема победа во годината, на воведниот хронометар[34] на Џиро д’Италиа, со што го презел и водството во генералниот пласман и розовата маичка. Тоа било неговата прва победа на Гранд Тур. Ја загубил маичката на етапата 2 од Кедел Еванс, откако следел пад пред крајот на етапата.[35] Загубил уште време низ понатамошните етапи на Џиро, но го повратил загубеното на етапата 11, на која завршил четврти. Но неговото темпо опаднало кон крајот на трката и загубил доста време на последните етапи со што на крајот завршил 40. место.

Вигинс влегол на Тур де Франс со високи очекувања по неговото 4. место претходната година. Меѓутоа, неговиот Тур започнал разочарувачки, кога завршил дури на 77. место на воведниот пролог, откако раната почетна позиција го изложила на лоши услови.[36] Вигинс завршил осми на етапата 3, бидејќи на калдрмата отпаднале многу фаворити.[37] Меѓутоа, на етапата 8 (првата планинска завршница на Тур), Вигинс успеал да дојде само до 19. место, со што загубил 1 минута и 45 секунди од етапниот победник Енди Шлек.[38] Вигинс загубил уште повеќе време следниот ден, на етапата 9, кога дошол 30. (губејќи 4 минути и 55 секунди од главните конкуренти),[39] што ги уништило шансите за влез во првите 10. На крај завршил на 24. позиција, 39 минути и 7 секунди зад победникот Енди Шлек и 7 места зад неговиот колега Томас Лефквист. Подоцна, Контадор бил пронајден виновен за користење допинг и титулата победникот на Тур де Франс 2010 прешла во рацете на второпласираниот Енди Шлек.[40]

Вигинс останал британски национален хронометарски првак.[41]

Вигинс повторно бил водач на екипата на Скај во 2011. Тој се определил да не настапи на Џиро д’Италиа 2011 и да настапува наместо тоа на пократки трки и класици, пред да замине на висински тренинзи да ги подобри неговите вештини за искачување за Тур де Франс.[42] Вигинс завршил 3. во крајниот пласман на Париз-Ница 2011 откако завршил втор на етапата 6.[43] Во март завршил втор на хронометарот на етапата 3 на Критериум Интернационал 2011.

 
Вигинс ја остварил својата најголема друмска победа на Критериум ду Дофине 2011

Вигинс победил на хронометар на етапата 4 на Трката околу Баварија и ја завршил трката на 14. место во крајниот пласман (и помагајќи му на колегата Герајнт Томас да победи на трката),[44] пред да се упати на висинските тренинзи за подготовка на Тур де Франс. Го преземал водството во генералниот пласман на Критериум ду Дофине 2011 откако завршил втор на хронометарот на етапата 3.[45] На последните три планински етапи Вигинс успеал да го задржи водството пред второпласираниот Кедел Еванс и да победи во Дофине, негова најголема победа во друмскиот велосипедизам.[46] На 26 јуни, Вигинс го освоил британското национално друмско првенство,[47] негова последна трка пред Тур де Франс. На 8 јули, го напуштил Тур де франс на етапата 7 поради скршена клучна коска.[48]

Откако се опоравил од неговите повреди било потврдено од Тим Скај, дека Вигинс ќе вози на Вуелта а Еспања 2011 по првпат,[49] како и на светските хронометарски првенства. Вигинс исто така потврдил дека ќе вози на Тур де Франс 2012, и покрај тоа што Олимпијадата во Лондон е набрзо и Вуелта/хронометарските првенства биле гледани како подготовка за 2012.[50]

Вигинс имал тежок почеток на Вуелта, бидејќи Скај задоцниле 42 секунди по воведниот екипен хронометар.[51] Меѓутоа, силната прва недела го довела Вигинс назад во игра, стигнувајќи до 19. место во генералниот пласман по етапата 8.[52] На етапата 9, Вигинс и колегата Крис Фрум нападнале на последното искачување и завршиле 4. и 5. соодветно и оствариле подобро време од Хоаким Родригес, Микеле Скарпони и другите соперници.[53] Етапата ги довела обата возача високо во пласманот и Вигинс се очекувало да го преземе водството на хронометарот следниот ден. Меѓутоа, Фрум направил целосно изненадување, завршувајќи втор на етапата, преземајќи ја црвената маичка за себе, додека Вигинс останал на третото место.[54] Вигинс ја преземал водечката маичка по денот за одмор. Откако загубил неколку секунди од Винченцо Нибали следните денови, на етапата 14 Вигинс и Фрум оствариле подобри времиња од повеќето од нивните соперници, додека Нибали загубил една минута.[55] Вигинс го загубил водството на Вуелта од Хуан Хосе Кобо на етапата 15, каде завршил 5. на искачувањето во Англиру.[56] По етапата Вигинс завршил 3. во генералниот пласман, додека Фрум бил втор. Вигинс завршил на крај на трето место, неговиот прв подиум на Гранд Тур.[57]

 
Вигинс во текот на Светските друмски првенства UCI 2011

Во септември, Вигинс завршил втор зад Тони Мартин на хронометарот на Светското првенство и го зел сребрениот медал.[58] Четири дена подоцна, Вигинс бил дел од екипата на Велика Британија, која го поставила Марк Кевендиш за победа на друмската трка.[59]

Во 2012, фокусот на Вигинс останал на друмскиот велосипедизам. Поединечната потера повеќе не била олимписка дисциплина и во декември 2011, тренерот Род Елингворт изјавил за The Guardian, „Шансите за него за екипната потера се сега многу мали“.[60] Ја започнал неговата сезона 2012 со трето место на Волта ао Алгарве 2012, вклучувајќи ја победата на завршниот хронометар на трката, победувајќи го светскиот првак Тони Мартин за помалку од една секунда.[61] Исто така, Вигинс му помогнал на колегата Ричи Порт да ја освои трката во целост. Во март, Вигинс завршил втор зад возачот на Вакансолел-ДКМ Густав Ларсон на воведниот хронометар на Париз-Ница 2012, и покрај тоа што го поставил своето време во влажни услови. Следниот ден го преземал водството на трката, откако бил дел од бегството со 30 возачи и главната групата се поделила во повеќе групи. Ја одржал предноста до крајот на трката, победувајќи на последната етапа, хронометар на Кол д’Ез,[62] и покрај големиот предизвик од холандскиот возач Ливе Вестра, од екипата Вакансолел-ДКМ. Започнувајќи ја последната етапа од 9,6 километри со предност од шест секунди, Вигинс го надминал времето на Вестра за две секунди, со што ја освоил трката со осум секунди предност, станувајќи првиот британски возач, кој ја освоил трката по Том Симпсон во 1967.[63] Неговата последна етапна победа била доволна да му го донесе и бодовниот пласман, завршувајќи пред Алехандро Валверде.[64]

Семеен живот

уреди

Се оженил со неговата сопруга Катерина во Манчестер, во ноември 2004 и има две деца, Бен и Изабела.[65] Семејството живее во Еклстон, во близина на велодромот во Манчестер, седиште на British Cycling и Team Sky.[66] Вигинс е поддржувач на фудбалскиот клуб Ливерпул и рагби клубот Виган Вориорс.[67]

Вигинс течно говори француски поради неговите учество во француските велосипедски екипи,[68] и живеел во Франција неколку години.[69][70][71] Вигинс е добро познат мод,[72][73] и поседува збирка на класични скутери и гитари од 1960-тите и 1970-тите.[74] Во април 2012 било објавено дека Вигинс ќе соработува со Фред Пери „на развој на автентична облека за велосипедистите“.[75]

Достигнувања

уреди

Олимписки игри

уреди
Летни олимписки игри 2000
  Бронза - екипна потера
Летни олимписки игри 2004
  Злато - 4 км поединечна потера
  Сребро - екипна потера
  Бронза - медисон
Летни олимписки игри 2008
  Злато - 4 км поединечна потера
  Злато - екипна потера
Летни олимписки игри 2012
  Злато - друмски хронометар

Светски првенства

уреди
Светски јуниорски велодромски првенства UCI 1997
  Злато - 2 км поединечна потера
Светски велодромски првенства UCI 2000
  Сребро - екипна потера
Светски велодромски првенства UCI 2001
  Сребро - екипна потера
Светски велодромски првенства UCI 2002
  Бронза - екипна потера
Светски велодромски првенства UCI 2003
  Злато - 4 км поединечна потера
  Сребро - екипна потера
Светски велодромски првенства UCI 2007
  Злато - 4 км поединечна потера
  Злато - екипна потера
Светски велодромски првенства UCI 2008
  Злато - 4 км поединечна потера
  Злато - екипна потера (светски рекорд)
  Злато - медисон
Светски друмски првенства UCI 2011
  Сребро - поединечен хронометар

Игри на Комонвелтот

уреди
Игри на Комонвелтот 2002
  Сребро - 4 км поединечна потера
  Сребро - екипна потера
Игри на Комонвелтот 1998
  Сребро - екипна потера

Професионален велосипедизам

уреди
2003
1. Етапа 1 поединечен хронометар (ITT) Тур де л’Авенир
1. Шест дена Гент
2005
1. Етапа 2 (ITT) Сиркут де Лорен
1. Етапа 8 Тур де л’Авенир
2007
1. Пролог Критериум ду Дофине Либере
1. Етапа 1 (ITT) Четири дена Динкерк
1. Етапа 4 (ITT) Трка околу Виена
1. Дуо Норман
Награда за борбеност   Етапа 6 Тур де Франс
2009
1.   Британски хронометарски првак
1. Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Етапа 5 (ITT)
1. Етапа 1 (TTT) Трка околу Катар
1. Етапа 3b (ITT) Три дена Де Пане
1. Трофеј Бомон
4. Краен пласман Тур де Франс
2010
1.   Британски хронометарски првак
1. Етапа 1 екипен хронометар (TTT) Трка околу Катар
1. Етапа 1 (ITT) Џиро д’Италиа
Ја носел розовата маичка   на првата етапа
2011
1.   Британски друмски првак
1. Краен пласман   Критериум ду Дофине
1. Етапа 4 Трка околу Баварија
2.   Светско друмско првенство - Машки хронометар
3. Краен пласман Париз-Ница
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
Ја носел црвената маичка   на етапите 11-15
2012
1. Краен пласман   Тур де Франс
1. Етапа 9 ITT
1. Етапа 19 ITT
1. Краен пласман   Париз-Ница
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 8 (ITT)
1. Краен пласман   Тур де Романди
1. Етапа 1
1. Етапа 5 (ITT)
1. Краен пласман   Критериум ду Дофине
1. Етапа 4 (ITT)
3. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 5 (ITT)
1.   Олимписки хронометар за мажи
2013
5. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Етапа 1b (ТТТ)
5. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 2 (ТТТ) Џиро д’Италија

Распоред на генералните пласман на Гранд Тур

уреди
Гранд Тур 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012
  Џиро 123 - - 134 71 40 - -
  Тур - 124 СО - 4 24 СО 1
  Вуелта - - - - - - 3

СО = се откажал

Светски рекорди и други достигнувања

уреди
 
Вигинс на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри 2012
Светски рекорд
  • 4000 м Екипна потера, 3:55:202, (како дел од репрезентацијата на Велика Британија), Пекинг, Кина, 2008
  • 4000 м Екипна потера, 3:53:314, (како дел од репрезентацијата на Велика Британија), Пекинг, Кина, 2008
Достигнувања
  • Најмногу освоени олимписки медали од некој британски олимпиец, заедно со Крис Хој со седум медали, надминувајќи го Стив Редгрејв со шест медали.
  • 93. најуспешен олимпиец на сите времиња.
  • Единствен велосипедист кој победил на Тур де Франс и освоил олимписки златен медал во иста година - го постигнал овој успех во 2012.[76]
  • Прв британски победник на Тур де Франс.
Хол на славните
  • Лондонски младински игри
  • Член на хол на славните (Класа 2010)[77]

Цитати

уреди
  • „Повеќето беа толку пијани за да ме забележат“. На неговите експерименти за тренинзи во ноќните часови како дел од подготовките за Тур де Франс.[78]
  • „Убаво е да бидете забележани за постигнување нешто значајно во животот, наместо трошење на седум недели од животот во куќа на телевизија, како дел од телевизиско шоу со други учесници“. За телевизиската програма, Големиот брат, по завршувањето на четвртото место во прологот на Тур де Франс.[79]
  • „Кога ќе погледнам назад во сезоната и ќе видам што се случуваше, мислам дека сум среќен, но кога ќе завршиш трет, не си победил, а за жал ние живееме за победи“. За постигнатото трето место на Вуелта а Еспања 2011.[80]

Наводи

уреди
  1. Харви, Крис (1 август 2012). „All hail Wiggo, the people's Olympian“. The Daily Telegraph. Лондон: Telegraph Media Group. Посетено на 29 ноември 2012.
  2. „Биографија на спортист - Вигинс Бредли“. Официјална страница за Олимпијадата во Пекинг. Архивирано од изворникот на 2009-03-03. Посетено на 2012-04-29.
  3. „Профил на Бредли Вигинс“. TeamSky.com. Архивирано од изворникот на 2010-11-12. Посетено на 3 август 2012.
  4. „Скај Просајклинг (SKY) – ВБР“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2014-01-04. Посетено на 13 јануари 2013.
  5. „London 2012 Olympic champion Bradley Wiggins on his cycling gold medal“. The Telegraph. 2 август 2012.
  6. 6,0 6,1 „Момчето кое стана двоен олимписки првак“. London Evening Standard. 15 јуни 2012
  7. Marks, Kathy (24 јули 2012). „Australian relatives of Bradley Wiggins's estranged father Gary launch campaign to solve mystery of his violent death“. The Independent. Посетено на 2012-08-25.
  8. White, Jim (23 јули 2012). „Bradley Wiggins: The hero who did it without his dad“. The Telegraph. Посетено на 24 август 2012.
  9. Вигинс, Бредли (8 април 2007). „Спорт блог: Гледајќи од Херн Хил, можам да видам дека иднината е јасна“. Лондон: Guardian Unlimited. Посетено на 26 април 2010.
  10. „Спортските ѕвезди слават за Лондонските младински игри“. Лондон: Сектор за култура, медиуми и спорт. Посетено на 19 март 2012.
  11. „British Cycling profile“. British Cycling. септември 2012. Посетено на 29 ноември 2012.
  12. „Bradley Wiggins: 12 career highlights“. Telegraph. Telegraph Media Group. 2 август 2012. Посетено на 14 декември 2012.
  13. „1998 Commonwealth Games Track Results“. Cyclingnews.com. Future Media Publishing. септември 1998. Посетено на 20 декември 2012.
  14. „2000 Sydney Results“ (PDF). LA84 Foundation. Посетено на 24 октомври 2012.
  15. 15,0 15,1 „Wiggins wheels his way to history“. BBC SPORT. 31 декември 2004.
  16. „Boardman the big wheel still has role“. The Guardian. 31 јули 2003. Посетено на 25 јули 2012.
  17. „Вигинс освои и трет медал“. BBC Sport. BBC. 25 август 2004. Посетено на 25 јули 2012.
  18. Gallagher, Brendan. „Cycling jester takes to the road“.
  19. „Екипата Кофидис на Вигинс надвор од Тур“. BBC Sport. BBC. 25 јули 2007.
  20. Фергусон, Питер (27 јули 2007). „Wiggins: I felt like smacking Moreni over that failed test“. Daily Mail. Associated Newspapers Ltd.
  21. „Wiggins makes strong anti-doping statement in Guardian blog“. VeloNation. 13 јули 2012. Посетено на 16 јули 2012.
  22. „Велика Британија постави нов рекорд во екипен пласман“. BBC Sport. 17 август 2008.
  23. „Велика Британија до злато во екипниот пласман“. BBC Sport. 18 август 2008.
  24. „Официјални резултати“. Пекинг 2008. 20 јули 2009.
  25. „In Pursuit of Glory“. Orion Books. Архивирано од изворникот на 2008-07-06. Посетено на 2012-05-09.
  26. „Бредли Вигинс ќе се придружи на Гармин“. Cycling Weekly.
  27. „Спортисти на годината – Целосни резултати“. Cycling Weekly. 2008-12-15. Архивирано од изворникот на 2009-02-18. Посетено на 2012-05-09.
  28. „No. 58929“. The London Gazette (invalid |supp= (help)). 31 December 2008. London Gazette uses unsupported parameters (help)
  29. „Вигинс останува со водачите на Тур де Франс“. Cycling Weekly. 12 јули 2009.
  30. Macur, Juliet (15 July 2009). „Wiggins Erases the Bitterness of 2007 Tour“. New York Times. Посетено на 26 април 2010.
  31. Роберт Милар бил четврти во 1984
  32. „Вигинс и Пули ги земаа британските првенства“. Cycling Weekly. 2009-09-06.
  33. Вилијам Фотерингем (2009-12-10). „Бредли Вигинс му се придружува на Тим Скај на четири години“. Лондон: The Guardian.
  34. http://velonews.competitor.com/?p=114776
  35. http://velonews.competitor.com/?p=114784
  36. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/475500/team-sky-s-decision-to-put-wiggins-off-early-back-fires.html 15-07-2011 10:29 UTC
  37. http://www.bikeworldnews.com/2010/07/06/2010-tour-de-france-stage-3-results/ Архивирано на 8 октомври 2011 г. 15-07-2011 10:31 UTC
  38. http://www.bikeworldnews.com/2010/07/11/2010-tour-de-france-stage-8-results/ Архивирано на 8 октомври 2011 г. 15-07-2011 10:33 UTC
  39. http://www.roadcycling.com/articles/2010-Tour-de-France-Results---Stage-9_003716.shtml Архивирано на 13 март 2012 г. 15-07-2011 10:52 UTC
  40. http://velonews.competitor.com/2010/07/news/2010-tour-de-france-stage-20-results_123035#gc 15-07-2011 10:53 UTC
  41. http://www.bikeradar.com/news/article/wiggins-and-pooley-win-british-time-trial-championships-27634/ Архивирано на 24 март 2012 г. 15-07-2011 10:34 UTC
  42. „Бредли Вигинс планира нова структура за сезоната 2011 за подготовка на Тур де Франс“. Velonation.com. 2010-11-04. Посетено на 2012-07-09.
  43. „Бредли Вигинс заврши трет на трката Париз-Ница“. BBC News. 2011-03-13. Посетено на 2012-07-09.
  44. Најџел Вин. „Герајнт Томас победи на Трката околу Баварија“. Cycling Weekly. Посетено на 2012-07-09.
  45. „Бредли Вигинс ја зел жолтата маичка на Критериум ду Дофине“. BBC News. 2011-06-08. Посетено на 2012-07-09.
  46. Холден, Кит. „Велосипедизам: Вигинс стави печат на триумфот во Дофине“. The Independent. Посетено на 2012-07-09.
  47. Thomas, Kennaugh and Stannard all in the mix (2011-06-26). „27-6-2011 09:00 BST“. Skysports.com. Посетено на 2012-07-09.
  48. „Тур де Франс: Вигинс несреќно се откажува, Кевендиш освои етапа“. BBC Sport. 8 јули 2011. Посетено на 9 јули 2011.
  49. „Wiggins raring to go“. Тим Скај. Архивирано од изворникот на 2012-03-31. Посетено на 2012-07-09.
  50. Холден, Кит. „Велосипедизам: Вигинс го става Тур пред олимписките надежи“. The Independent. Посетено на 2012-07-09.
  51. „Sky struggle in first Spain stage“. BBC News. 20 август 2011.
  52. „Резултати од Вуелта а Еспања - Етапа8“. RoadCycling.com. Архивирано од изворникот на 2012-03-28. Посетено на 2012-07-09.
  53. „Pro Cycling News“. Daily Peloton. 2011-08-28. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 2012-07-09.
  54. Феликс Лав. „Vuelta a España – Moncoutie on song as Wiggins takes red – Yahoo! Eurosport“. Uk.eurosport.yahoo.com. Посетено на 2012-07-09.
  55. Vuelta-a-Espana-stage-14-Bradley-Wiggins-tightens-grip-on-overall-lead-after-Rein-Taaramae-wins-on-mountain-top
  56. Фотерингем, Вилијам (4 септември 2011). „Бредли Вигинс од Тим Скај го загубил водството на етапата 15 на Вуелта а Еспања“. The Guardian. Лондон.
  57. Ник Бул. „Фрум и Вигинс завршија на подиум на Вуелта“. Cycling Weekly. Посетено на 2012-07-09.
  58. Ли Вокер. „Мартин го победи Вигинс за злато во поединечниот хронометар“. Eurosport. Посетено на 2012-07-09.
  59. Williams, Ollie (25 September 2011). „World Road Cycling: Mark Cavendish and Britain win road race title“. BBC Sport. Посетено на 25 септември 2011.
  60. „Бредли Вигинс најверојатно нема да го брани златото во екипна потера во Лондон 2012“. The Guardian. 2 декември 2011.
  61. „Вигинс победи на хронометар, Порт го освои генералниот пласман“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. 19 февруари 2012. Посетено на 19 февруари 2012.
  62. „Бредли Вигинс победи на Париз-Ница“. The Guardian. Guardian Media Group. Reuters. 11 март 2012. Посетено на 11 март 2012.
  63. „Вигинс е прв британски победник на Париз-Ница по 45 години“. Google News. Google Inc. Agence France-Presse. 11 март 2012. Архивирано од изворникот 2013-09-02. Посетено на 11 март 2012.
  64. „Wiggins not so easy on Eze“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. 11 март 2012. Посетено на 11 март 2012.
  65. Мајк Патенден (2008-08-24). „Бредли Вигинс“. Лондон: The Sunday Times. Посетено на 2009-07-26.
  66. „Bradley Wiggins: how the Olympic cycling champion beat his demons“. The Telegraph. 18 јуни 2010. Посетено на 11 јули 2012.
  67. „Sam Tomkins column: Bradley Wiggins is a true Warrior! | Manchester Evening News“. menmedia.co.uk. Архивирано од изворникот на 2012-08-01. Посетено на 27 јули 2012.
  68. „Bradley Wiggins: What the French make of cycling hero“. BBC News. 20 July 2012. Посетено на 20 July 2012.
  69. Fotheringham, William (22 јули 2012). „Wiggins poised for triumph as French hail first British winner of the Tour“. The Guardian. Посетено на 22 јули 2012.
  70. Schofield, Bradley (20 јули 2012). „Bradley Wiggins: What the French make of cycling hero“. BBC News. Посетено на 22 јули 2012.
  71. Willsher, Kim (22 јули 2012). „Finally, the French warm to Bradley Wiggins, Le Gentleman“. The Guardian. Посетено на 22 јули 2012.
  72. http://uk.eurosport.yahoo.com/blog/blazin-saddles/article/2742/wiggins-on-the-rise/
  73. Спек, Иван (18 август 2008). „Stylish modfather Wiggins is on the trail of Olympic legend Steve Redgrave“. Daily Mail. Лондон.
  74. Левис, Тим (26 октомври 2008). „Моите опсесии: Бредли Вигинс“. The Guardian. Лондон.
  75. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-07-15. Посетено на 2012-04-29.
  76. „Бредли Вигинс станал првиот велосипедист, кој освоил олимписки златен медал и победил на Тур де Франс во иста година“. Daily Record. 1 август 2012. Посетено на 2 август 2012.
  77. „Спортските ѕвезди ги слават Лондонските младински игри“. Лондон: Сектор за култура, медиуми и спорт. Посетено на 19 март 2012.
  78. „Цитати на неделата“. BBC News. 2007-07-17.
  79. „Забава и игри: Цитати на неделата“. BBC News. 17 јули 2007.
  80. „Крис Фрум од Британија го зазема второто место зад Хуан Хосе Кобо, кој победи на Вуелта“. BBC News. 11 септември 2011.

Надворешни врски

уреди
Спортски позиции
Претходник
Герајнт Томас
Британски национален друмски првак
2011
Наследник
Ијан Станард
Претходник
Мајкл Хатчинсон
Британски национален хронометарски првак
2009, 2010
Наследник
Алекс Даусет