Оденсе (дански: Odense) — трет град по големина во Данска и најголем град на островот Фин. Оденсе е најголем град во регионот Јужна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Оденсе. Денес Оденсе има околу 170.000 жители во градот и околу 190.000 во поширокото градско подрачје.

Оденсе
Odense
Катедралата „Св. Кнуд“
Катедралата „Св. Кнуд“
Амблем на Оденсе
Амблем
Оденсе is located in Данска
Оденсе
Оденсе
Местоположба во Данска
Координати: 55°23′45.48″N 10°23′18.73″E / 55.3959667° СГШ; 10.3885361° ИГД / 55.3959667; 10.3885361
Население (2012)
 • Градско168.798
 • Метро191.610
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоwww.odense.dk

Оденсе е познат и по својот најпознат жител, прочуениот писател Ханс Кристијан Андерсен.

Природни одлики уреди

Оденсе се наоѓа во средишниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, Оденсе е оддалечен само 165 километри западно.

Релјеф: Оденсе се наоѓа во средишнипт дел на данскиот остров Фин. Надморската височина на средиштето на градот изнесува околу 15 метри.

Клима: Климата во Оденсе е умерено-континентална под силно влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Оденсе е споен со Северното Море, преку каналот, кој градот го поврзува со Оденскиот Залив.

Историја уреди

Оденсе е еден од најстарите дански градови. Основан е во 988 година. Името потекнува од зборот Odin Vi, што значи Одиново светилиште. Во Оденсе се наоѓа гробот на Кнуд IV (наречен уште и Свети Кнуд), па така голем број верници доаѓале во Оденсе во текот на средниот век. Св. Кнуд е светец-заштитник на Данска. Благодарејќи на тоа Оденсе се развил како втор град по значење во Данска, што и останал до современото време.

Во 16. век народното собрание повеќепати се состанувало во Оденсе. Во Оденсе се наоѓала и Одиновата кула, втора кула во височина во светот (веднаш зад Ајфеловата кула). Изграден е во 1935 година, а данските нацисти го срушиле во 1944 година. Во блиското гратче Мункебо се наоѓа најголемото бродоградилиште во Данска.

И покрај пет годишната окупација на Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, Оденсе и неговото население не претрпеле многу страдања.

Население уреди

Денес Оденсе има околу 170.000 жители во градските граници и близу 200.000 со околните населени места.

Етнички состав: Населението на Оденсе до пред неколку децении било целосно населено со етнички Данци. Меѓутоа, бројни доселеници од странските земји го измениле составот на населението.

Стопанство уреди

Стопанството на Оденсе посебно се потпира на големото бродоградилиште, едно од најголемите во Северна Европа, а најголемо во Данска. Околината на Оденсе е големо развиено земјоделско подрачје, па затоа во градот и околината е развиена и прехранбената индустрија. Позната е пиварата „Албани“.

Сообраќај: Мостот Голем Белт е отворен во 1997 година за железнички сообраќај, а во 1998 и за патниот сообраќај и на тој начин островот Фин се поврзал со Зеланд со што е овозможена побрза врска и комуникација со Копенхаген.

Знаменитости на градот уреди

Катедралата „Св. Кнуд“ во минатото вила поврзана со блискиот бенедиктински манастр. Изградена е од цигли во готски стил, во периодот помеѓу 1081 и 1093 година. Повторно е градена во XIII век. Испод олтарот на катедралата лежи телото на светецот-заштитник на Данска, Свети Кнуд, кој планирал да ја освои Англија, а бил убиен во Оденсе за време на револуцијата во 1086 година. Палатата, Оденсе наредил да се изгради кралот Фридрих IV

Познати личности уреди

  • Ханс Кристијан Андерсен е роден во Оденсе на 2 април 1805 година. Во градот се наоѓа и неговиот музеј.
  • Композитор Карл Нилсен
  • Кралот Кнуд IV (1043 - 1086), познат и како Свети Кнуд.
  • Карл Фридрих Титген, индустријалец, банкар и филантроп. Роден е на 19 март 1829 година во Оденсе. Се смета со основач на првата приватна банка како и фирмите „Туборг“ и „Даниско“.
  • Каролина Возњацки - тенисерка

Збратимени градови уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Trondheims offisielle nettsted - Vennskapsbyer“. Архивирано од изворникот на 2012-02-21. Посетено на 2012-08-11.

Надворешни врски уреди