Македонски клуб (Белград)
Македонскиот клуб, формиран 1905 година во Белград, бил асоцијација на македонските емигранти и печалбари во Србија што претставувало всушност обновување на забранетиот таков клуб од пред три години. Главни обновувачи се воденчанецот Григорие Хаџи Ташковиќ и гевгеличанецот Георги Герџиковиќ, предводници на автономистичкото движење во Србија. Нефициaлен орган на Клубот е весникот Автономна Македонија, со концепција за автономна македонска држава, под гаранција на големите држави и балканските соседи, како посебна рамноправна единица во една конфедерација на балканските држави [1]
Извори
уреди- ↑ Блаже Ристовски, Македонскиот клуб во Белград и весникот Автономна Македонија (1905), Современост, XXX, 4 и 5, 1969, 501-542 и 619-639