Торино (италијански: Torino, пиемонтски: Turin) — четврти по големина град во Италија. Познат е како најиндустриски град во Италија. Во него е седиштето на светски познатите автомобилски компании Фиат, Алфа Ромео, Ланча и други. Торино со својата покраина во регионот Пиемонт е познат како местото на раѓање на современата италијанска држава.

Торино
Torino
општина
Comune di Torino
Знаме на ТориноГрб на Торино
ЗемјаИталија
РегионПиемонт
ПокраинаТорино (TO)
Управа
 • ГрадоначалникСерџо Кјампарино (Демократска партија)
Површина
 • Вкупна130,17 км2 (5,026 ми2)
Надм. вис.&10000000000000239000000239 м
Население (30 април 2009)[1]
 • Вкупно910.188
 • Густина70/км2 (180/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.10100, 10121-10156
Повик. бр.011
Светец-заштитникЈован Крстител
Слава24 јуни
Мреж. местоМатична страница

Положба на градот

уреди

Торино се наоѓа во северозападниот дел на Италија. Низ градот тече реката По (најголем град на оваа река). Од главниот град Рим, Торино е оддалечен 700 км северозападно, а од Милано е оддалечен 130 км западно. Торино има население од 910.188 жители и површината на градот изнесува 130,17 км2.

Природни одлики

уреди

Релјеф

уреди

Торино се развил во западниот дел на Падската Низина и со три страни (југ, запад и север) — опкружен од Алпите. Градот со поголемиот дел е на рамничарски предел, но помал дел (источниот дел преку реката По) — на ридест дел (подножјето Монферат).

Клима

уреди

Климата во Торино е изменето континентална со влијание од Средоземното Море. Затоа во лето е многу топло, а во зима снегот е редовна појава и е многу ладно во однос на поголемиот дел на Италија.

Вода

уреди

Торино се развил на реката По која е симбол на градот. Освен таа река низ градот минуваат и нејзините утоки: Дурија Минор, Сангоне и Стура ди Ланцо. Торино е најголемиот град на оваа река. Таа го дели градот на источен и западен дел и во средината на градот се формирало таканаречено градско езеро.

Историја

уреди

Историјата на Торино започнува во 3 век п.н.е. кога во долината на реката По се населиле првите племиња-Таури (потомци на келтско-лигурска лоза) и Гали кои ги поминале Алпите во потрага по обработливо земјиште. Римјаните ова подрачје го освоиле во 2 век п.н.е. Гај Јулиј Цезар во 29-28 година п.н.е. ова подрачје го претворил во војна база и му ја доделил на неговиот роднина Августул.

По падот на Западното Римско Царство во 476 година, Торино го освоиле Готите, потоа Лонгобардите и на крајот Франките, кои основале своја провинција во 7 век. Царот Фридрих II, Торино како феудално сопствеништво ѝ го доделил на моќната фамилија Савоја.

Врвот во својот развиток Торино го достигнал во XVII и XVIII век кога се дало акцент на уметноста и културата. Градот станал средиште на барокот како уметност и архитектура.

Во 1861 г. дошло до соединување на Италија во единствена држава. Торино бил прв главен град во италијанската држава. Тоа траело од 1861 до 1864 година кога престолнината била пренесена во Рим. По ова Торино започнал на стагнира во развојот, а тоа особено се забележува во архитектурата. Градот започнува да станува индустриски центар. Се раѓа Фиат и други слични фабрики.

Население

уреди

Во 2008 година во Торино имало над 900.000 жители, двојно повеќе отколку на почетокот на 20 век, но 20% помалку отколку во 1970 година. Во овој град денес се доселиле голем број имигранти од сите краеви на светот. Овој град има огромно градско подрачје со околу 1,7 милиони жители. Метрополското подрачје на градот има околу 2,5 милиони жители.

Градски знаменитости

уреди

Денес, една од главните одлики на Торино е неговата барокна архитектура. Тука се и многубројните историски кафулиња, продавници за чоколади со висок квалитет, големи цркви (како Торинската катедрала) и многу музеи, меѓу кои и Египетскиот, Чинема и др.

Индустрија

уреди

Торино е важен индустриски центар, пред сè благодарение на тоа што тука се наоѓа седиштето на светско познатата автомобилска компанија Фиат.

Спорт

уреди

Од Торино потекнуваат два многу успешни фудбалски клубови во италијанската Серија А: Јувентус (најуспешната екипа во историјата на италијанскиот фудбал со 34 титули првак на Италија) и Торино (со 7 титули).

Во кошаркарската Серија А се натпреварува екипата Ауксилиум Торино.

Градот бил домаќин на Зимските олимписки игри во 2006 година.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. ‘City’ population (i.e. that of the comune or municipality) from demopgrahic balance: Januray-April 2009, ISTAT.

Надворешни врски

уреди