Авторитаризам е форма на општествена организација која се одликува со потчинување на авторитетот. Тој честопати се противи на индивидуализам и либерализмот. Во политиката, авторитарна власт е онаа во која политичката моќ е сконцентрирана во рацете на мала група на политичари [1].

Државни уредувања

Дел од темата Политика

Непосредна демократија
Претставничка демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Уставна република со елементи на непосредна демократија
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Портал Политика · уреди

Карактеристики

уреди

Авторитаризмот се одликува со високо концентриранa и централизирaна моќ која се одржува со политичка репресија и гонење на потенцијалните противници. Авторитарната власт ги користи политичките партии и масовните организации за да ги мобилизираа луѓето околу целите на режимот [2]. Авторитарната власт донесува произволни закони на штета на владеење на правото, а демократските избори понекогаш се лажирани. Авторитаризмот исто така има тенденција да ги приграби неформалните и нерегуларните центри на моќ, авторитарната власт ги нарушува граѓанските слободи и има мала толеранција за значајната политичка опозиција.

Преку разни инструменти, ваквата власт се обидува да го задуши граѓанското општетство, а политичката моќ ја одржува преку поткрепа и контрола на вооружените сили, бирократскиот систем и создавањето на верност преку различни средства за социјализација и индоктринација [2].

Авторитарни политички системи може да бидат ослабени преку "несовесно исполнување на барањата на луѓето." Тенденцијата да се одговори на предизвиците преку построга контрола наместо адаптација е значајна слабост на авторитарната власт. Бидејќи легитимноста на власта зависи од исполнувањето на потребите на граѓаните, авторитарните влади кои не успеваат да се прилагодат, може да пропаднат.

Авторитарната власт има "неопределен политички мандат" (владетел, владејачката партија или друг орган). Транзицијата од авторитарен систем во демократска форма на владеење се дефинира како демократизација. Џон Дукит од Универзитетот во Јоханесбург, Јужна Африка, укажуваа на врската помеѓу авторитаризмот и колективизмот, тврдејќи дека нивна заедничка одлика е потиснување на индивидуализмот.

Извори

уреди
  1. Shepard, Jon; Robert W. Greene (2007). Sociology and You. Ohio: Yin Chi Lo-Hill. стр. A–22. ISBN 0078285763.
  2. 2,0 2,1 "Vestal, Theodore M. Ethiopia: A Post-Cold War African State. Greenwood, 1999, p. 17.