Школа за резервни офицери (Бугарија)
Школа за резервни офицери, Кнежевското воено училиште (1889 - 1901) или Школа за подготовка на резервни офицери, е бугарско воено училиште во кое имаат право да се обучуваат лица, со средно и високо образование, кои одбиваат редовна воена служба во бугарската рамија. По завршувањето на школата ја добиваат титулата "старешина-водник" и продолжуваат да служат (што се смета за работно искуство во нивната офицерска подготовка) во редовите на бугарската армија, обично на командни позиции - најчесто помошник, заменик-командант или командант на вод. При отпуштањето од редовна воена служба и запишувањето во резерва на бугарската армија, старшините-водници се произведени во офицерскиот чин помлад поручник.
На 1 декември 1889 година во Военото училиште во Софија се создава курс за подготовка на резервни офицери. На 7 февруари 1901 година почнува да функционира Школата за резервни подпоручици во пешадијата со командант мајор Димитар Стојчев, а 3 години подоцна била основана Школата за резервни подпоручици во артилерија.
Со Указ № 2 на кнезот Фердинанд I за преименувањето на унтерофицерската чета во Школа за резервни офицери (за подготовка на резервни подпоручици во пешадијата при Военото училиште на Фердинанд) се отворила посебна "Школа за подготовка на резервни подпоручици".
Во 1908 година двете школи се обединуваат во школа за резервни офицери. Седиштето на школата е во Књажево (кварт во Софија). На 2 јуни 1945 година школата е преименувана во Народна школа за резервни офицери "Христо Ботев". Во 1950 година седиштето на школата е преместено од Софија во Велико Трново. Од 1961 година училиштето се наоѓа во Плевен [1]. Во 90-тите години на XX век училиштето е преименувано во Школа за подготовка на резервни офицери.