Википедија:Избрана статија/2016/37
Фленсбург — слободен град (kreisfreie Stadt) во северниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, северна Германија. Зад Кил и Либек е трет најголем град во Шлезвиг-Холштајн, најголем град во областа Шлезвиг и најсеверен слободен град во Германија. Фленсбург се наоѓа на крајот на Фленсбуршкиот Фјорд и на северната граница на полуостровот Ангелн.
Како средиште на данското малцинство во Јужен Шлезвиг, Фленсбург зел водечка улога за признавање на националните малцинства по референдумското изјаснување во 1920 година и по објаснувањето помеѓу Бон и Копенхаген во 1955 година, содржејќи многу дански институции. Од не толку мал дел од околу 90.000 жители, покрај германскиот и данскиот јазик, се говорат и долногерманскиот и дијалектот пету.
Во рамките на Германија, градот е познат по службата за патен сообраќај, чие седиште е во градот, Фленсбуршкото пиво и ракометниот клуб РК Фленсбург-Хандевит. Поранешните главни носители на растот во XIX и XX век како трговијата со рум и воената настава, со поморската школа Фленсбург-Мирвик, денес играат незначителна улога. Од големо значење за градот се граничниот туризам, Фленсбуршкото пристаниште со историското пристаниште и бродоградилиштето, како и 8.600 студенти на Високата школа Фленсбург и Европскиот универзитет Фленсбург.
Во мај 1945 година, Фленсбург бил место на последната влада на Нацистичка Германија, т.н. Фленсбуршка влада предводена од Карл Дениц, кој владеел од 1 мај (смртта на Хитлер) една недела додека германската војска не се предала и градот бил окупиран од сојузничките сили. Режимот бил официјално распуштен на 23 мај.
Најблиски поголеми градови се Кил (86 км на југ) и Оденсе во Данска (92 км на североисток). Центарот на градот се наоѓа 7 километри од данската граница. (Дознајте повеќе...)