Римската легија (од латински legio и од legere) била голема воена единица на Римската војска.

Функција и уставот

уреди

За повеќето од периодот на Римското Царство, легиите ја формирале елитната тешка пешадија на Римската војска, тие биле регрутирани исклучиво од римски државјани, додека остатокот од војската се состои од ауксириали, кои се дополнителни пешадија и го сочинуваат огромното мнозинство на Римската коњаница. (Провинциајлци кои имале аспирации за државјанство го стекнале кога чесно ја напуштиле армијата). Римската војска, за текот на империјата, била главно составена од ауксилијари.[1]

Траење

уреди

Голем дел од легиите кои биле основани уште пред 40 г.п.н.е. биле активни дури до 5 век. Петтата македонска легија, која била основана од Август во 43 п.н.е. се наоѓала во Египет за време на Исламскато освојување на Египет.

Организација и сила

уреди
 
Римски легионери во тесна формација, во градот Глан, рмски град во денешна јужна Франција.

Поради тоа што легиите не биле долготрајни пред Мариевите реформи (107 п.н.е.) имало стотици легии низ историјата. Но само околу 50 биле идентификувани. Легиите од времето на Републиката биле главно составени од луѓе коишто плаќале за својата опрема, како водачи биле двата конзули, а во било кое време би можело повеќе легии да се оформат. При крајот на 2 век п.н.е. на Рим му недостасувале војници, поради квалификациите кои биле потребни за да се влезе во армијата. Конзулот Гај Мариј ги тргнал овие квалификации и овозможил за сите римски жители да можат да влезат во армијата, без оглед на нивната финансиска состојба, со тоа што државата ќе плаќа за опремата. Римската армија станала волонтерска, професионална и постојана армија која што исто овозможила на луѓето кои не се државјани на Рим да се вклучат во армијата (како Ауксилиари) на кои им вило дадено римско државјанство откако ќе завршат со службата. Во времето на Октавијан Август имало речиси 50 легии, кои потоа биле намалени на 25-35 постојани легии и вака останало до крајот на империјата.

Еволуција

уреди

Легијата еволуирала од 3.000 луѓе во Римската Република  до 5,200 војници во Римското Царство, која се состоела од центурии како основни единици. До средината на првиот век, десет кохорти (околу 5.000 војници) претставувале една римска легија. Ова било подоцна изменето на девет кохорти со стандардна големина (со шест центурии составени од 80 војници секоја) со тоа првата кохорта била двојно поголема. Во третиот век од н.е., легијата била многу помала единица од околу 1.000-1.500 војници, а имало повеќе легии. Во четвртиот век од н.е., граничните легии на Источното Римско Царство станале дури и помали. Во однос на организација и функција, легиите од републиканската ера биле под влијание на античките грчки и македонски фаланги.

Уставот

уреди

Легијата се состоела од неколку кохорти од тешка пешадија, кои биле познати како легионери. Речиси секогаш била придружена со еден или повеќе ауксилиарски единици, кои не биле римски државјани и ја обезбедувале коњаницата, стрелцитe и борците со копје кои биле помошни за тешката пешадија. Луѓето кои не се државјани на Рим ретко биле вклучени во овие трупи, и ако во време на голема потреба од војници ги вклучувале и нив. На пример, Цезар ја регрутирал петтата легија Алаудае главно од луѓето кои не биле државјани на Рим.

Големина

уреди

Големината на легија варирала низ историјата, со бројност од 4200 легионери и 300 коњаници, во време на Република Рим, до 5200 војници и 120 ауксилиари во империјалниот период.

Историја

уреди

Римски кралеви (до околу 500 п.н.е.)

уреди

Во периодот пред да се оформат легиите, војниците биле организирани во центурии од околу 100 луѓе. Овие центурии биле групирани заедно и биле лојални на водачот кој ги регрутирал. Вака останало до 2 век п.н.е. за лесна пешадија и коњаница, но било отфрлено целосно во подоцнежните периоди со оваа улога да ја имале сојузничките војници.

Голем дел од раната римска историја е испреплетена во легенди, но веројатно е дека под власта на Сервиус Тулиј, пописот бил воведен. Со ова сите римски мажи кои имале имот биле поделени во пет класи за воена служба врз основа на нивното богатство и потоа биле организирани во центурии, како војници во римската легија. Да се приклучи некој во армијата било должност, а за време на пре-Маријановите реформи најбогатите имале најдолга воена служба. Поради што тие би изгубиле најмногу ако државата пропаднала.

Наводи

уреди
  1. Data in: Goldsworthy, Adrian (2003). Complete Roman Army. pp. 95–95; Holder, Paul (1980). Studies in the Auxilia of the Roman Army. pp. 86–96; Elton, Hugh (1996). Frontiers of the Roman empire. pp 123. See table in article "Auxiliaries (Roman military)" for compilation of this data.

Надворешни врски

уреди