Месна Група
Месна Група (наречена и „Локална Група“) — група на галаксии во која спаѓа и Земјината галаксија — Млечниот Пат (Кумовата Слама). Групата се состои од над 30 галаксии (вклучувајќи џуџести), со гравитациското средиште (тежиштето) некаде помеѓу Млечниот Пат и галаксијата Андромеда. Групата има пречник од 10 милиони светлосни години, а галаксиите имаа бинарен облик (облик на тег)[1]. Се смета дека групата има вкупна маса од (1,29 ± 0,14)×1012Ms.[1] Самата група е дел од Месното Суперјато (Девица).[2]
Двата најмасивни објекти во групата се Млечниот Пат и галаксијата Андромеда. Овие две спирални галаксии имаат свои придружни галаксии.
- Системот на придружни галаксии на Млечниот Пат се состои од Стрелец, Големиот Магеланов Облак, Малиот Магеланов Облак, Големо Куче, Мала Мечка, Змеј, Кобилица, Секстант, Вајар, Печка, Лав I, Лав II и Голема Мечка.
- Системот на придружни галаксии на галаксијата Андромеда се состои од M32, M110, NGC 147, NGC 185, Анд I, Анд II, Анд III, Анд IV, Анд V, Пегаз (или Анд VI), Касиопеја (или Анд VII), Анд VIII, Анд IX и Анд X.
- Галаксијата Триаголник, која е трета по големина и единствената обична спирална галаксија во групата може да е придружник на галаксијата Андромеда, но веројатно нејзин придружник е Риби.
- Припадноста на NGC 3109, и нејзините придружници Секстант A и Пумпа не е со сигурност утврдено поради нивната извонредно голема оддалеченост од Месната Група.
Другите членови на групата се гравитациски изолирани од овие големи подргупи: IC10, IC1613, Феникс, Лав A, Тукан, Кит, Пегаз, Цолф-Лундмарк-Мелот, Водолија и Стрелец.
Историја
уредиПоимот „Месна Група“ го вовел астрономот Едвин Хабл во Глава VI од неговото дело „Царството на маглините“ (The Realm of the Nebulae) (Hubble 1936, стр. 124–151). Таму тој ја опишува како „типична мала група маглини што е изолирана во општото поле.“ Хабл ги наведува објектите што ја сочинуваат по надолен редослед на сјајност: M31, Млечниот Пат, M33, Големиот Магеланов Облак, Малиот Магеланов Облак, M32, NGC 205, NGC 6822, NGC 185, IC 1613 и NGC 147 (и IC 10 можен припадник). Во 2003 г. бројот на составни објекти изнесувал триесет и шест (од првичните дванаесет), со откривањето на речиси две дузини нискосјајни галаксии.[3]
Составни галаксии
уредиКарта
уредиГалактички тела
уредиСпирални галаксии | |||
---|---|---|---|
Име | Тип | Соѕвездие | Белешки |
Адромеда (Гумно, M31, NGC 224) | SA(s)b | Андромеда | Најголема галаксија во групата. Неодамна (2006) е востановено дека е пречкеста спирална галаксија. Може да е помалку масивна од Млечниот Пат. |
Млечен Пат (Кумова Слама) | SBbc | Втора по големина во групата, иако можеби најмасивна.[4] | |
Триаголник (M33, NGC 598) | SAc | Триаголник | Трета по големина, единствената обична спирална галаксија и можен придружник на галаксијата Андромеда. |
Елиптични галаксии | |||
Име | Тип | Соѕвездие | Белешки |
M110 (NGC 205) | E6p | Андромеда | придружник на галаксијата Андромеда |
M32 (NGC 221) | E2 | Андромеда | придружник на галаксијата Андромеда |
Неправилни галаксии | |||
Име | Тип | Соѕвездие | Белешки |
Волф-Лундмарк-Мелот (WLM, DDO 221) | Ir+ | Кит | |
IC 10 | KBm или Ir+ | Касиопеја | |
Мал Магеланов Облак (SMC, NGC 292) | SB(s)m pec | Тукан | придружник на Млечниот Пат |
Големо Куче | Irr | Големо Куче | придружник на Млечниот Пат |
Риби (LGS3) | Irr | Риби | придружник на галаксијата Триаголник? |
IC 1613 (UGC 668) | IAB(s)m V | Кит | |
Феникс | Irr | Феникс | |
Голем Магеланов Облак (LMC) | Irr/SB(s)m | Златна Рипка | Четврт објект по големина во групата, придружник на Млечниот Пат |
Лав A (Leo III) | IBm V | Лав | |
Секстант B (UGC 5373) | Ir+IV-V | Секстант | |
NGC 3109 | Ir+IV-V | Водна Змија | |
Секстант A (UGCA 205) | Ir+V | Секстант | |
Џуџести елиптични галаксии | |||
Име | Тип | Соѕвездие | Белешки |
NGC 147 (DDO 3) | dE5 pec | Касиопеја | придружник на галаксијата Андромеда |
Стрелец (SagDIG) | IB(s)m V | Стрелец | Најоддалечена од тежиштето.[5] |
NGC 6822 (Барнардова галаксија) | IB(s)m IV-V | Стрелец | |
Пегаз (DDO 216) | Irr | Пегаз | |
Џуџести сфероидни галаксии | |||
Име | Тип | Соѕвездие | Белешки |
Воловар | dSph | Воловар | |
Кит | dSph/E4 | Кит | |
Ловечки Кучиња | dSph | Ловечки Кучиња | |
Andromeda III | dE2 | Андромеда | придружник на галаксијата Андромеда |
NGC 185 | dE3 pec | Касиопеја | придружник на галаксијата Андромеда |
Андромеда I | dE3 pec | Андромеда | придружник на галаксијата Андромеда |
Вајар (E351-G30) | dE3 | Вајар | придружник на Млечниот Пат |
Андромеда V | dSph | Андромеда | придружник на галаксијата Андромеда |
Андромеда II | dE0 | Андромеда | придружник на галаксијата Андромеда |
Печка (E356-G04) | dSph/E2 | Печка | придружник на Млечниот Пат |
Кобилица (E206-G220) | dE3 | Кобилица | придружник на Млечниот Пат |
Пумпа | dE3 | Пумпа | |
Лав I (DDO 74) | dE3 | Лав | придружник на Млечниот Пат |
Секстант | dE3 | Секстант | придружник на Млечниот Пат |
Лав II (Leo B) | dE0 pec | Лав | придружник на Млечниот Пат |
Мала Мечка | dE4 | Мала Мечка | придружник на Млечниот Пат |
Змеј (DDO 208) | dE0 pec | Змеј | придружник на Млечниот Пат |
Стрелец (SagDEG) | dSph/E7 | Стрелец | придружник на Млечниот Пат |
Тукан | dE5 | Тукан | |
Касиопеја (Андромеда VII) | dSph | Касиопеја | придружник на галаксијата Андромеда |
Пегаз (Андромеда VI) | dSph | Пегаз | придружник на галаксијата Андромеда |
Голема Мечка | dSph | Голема Мечка | придружник на Млечниот Пат |
Неутврдени | |||
Име | Тип | Соѕвездие | Белешки |
Ѕвезден поток во Девица | dSph (остаток)? | Девица | Во фаза на спојување со Млечниот Пат |
Вилман 1 | џуџеста сферна галаксија или збиено јато? |
Голема Мечка | оддалечена 147.000 светлосни години |
Андромеда IV | Irr? | Андромеда | веројатно не е галаксија |
UGCA 86 (0355+66) | Irr, dE или S0 | Жирафа | |
UGCA 92 (EGB0427+63) | Irr или S0 | Жирафа | |
Веројатно не припаѓаат | |||
Име | Тип | Соѕвездие | Белешки |
GR 8 (DDO 155) | Im V | Девица | |
IC 5152 | IAB(s)m IV | Индијанец | |
NGC 55 | SB(s)m | Вајар | |
Водолија (DDO 210) | Im V | Водолија | |
NGC 404 | E0 or SA(s)0- | Андромеда | |
NGC 1569 | Irp+ III-IV | Жирафа | |
NGC 1560 (IC 2062) | Sd | Жирафа | |
Жирафа A | Irr | Жирафа | |
Арго | Irr | Кобилица | |
ESO 347-8 (2318–42) | Irr | Жерав | |
UKS 2323-326 | Irr | Вајар | |
UGC 9128 (DDO 187) | Irp+ | Воловар | |
Паломар 12 (Јарец) | Јарец | збиено јато, порано сметана за џуџеста сфероидна галаксија | |
Паломар 4 (првично наречена Голема Мечка) | Голема Мечка | збиено јато, порано сметана за џуџеста сфероидна галаксија | |
Секстант C |
Други позначајни објекти
уреди- Смитов облак - големобрзински облак, оддалечен помеѓу 32.000 и 49.000 светлосни години од Земјата,[6] и 8000 светлосни години од дискот на Млечниот Пат.[7]
- HVC 127-41-330 - големобрзински облак, оддалечен 2,3 милиони светлосни години од Земјата
Дијаграм
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Karachentsev, I. D.; Kashibadze, O. G. (2006). „Masses of the local group and of the M81 group estimated from distortions in the local velocity field“. Astrophysics. 49 (1): 3–18. Bibcode:2006Ap.....49....3K. doi:10.1007/s10511-006-0002-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ R. B. Tully (1982). „The Local Supercluster“. Astrophysical Journal. 257: 389–422. Bibcode:1982ApJ...257..389T. doi:10.1086/159999.
- ↑ van den Bergh, Sidney (мај 2003). „History of the Local Group“. To be published in: "The Local Group as an Astrophysical Laboratory". Cambridge University Press. Bibcode:2003astro.ph..5042V.
- ↑ „Млечниот Пат е поголем отколку што се мислеше“. Би-би-си Вести. 9 јануари 2009. (англиски)
- ↑ van den Bergh, Sidney (април 2000). „Updated Information on the Local Group“. The Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 112 (770): 529–536. Bibcode:2000PASP..112..529V. doi:10.1086/316548.
- ↑ Wakker, B. P.; York, D. G.; Wilhelm, R.; Barentine, J. C.; Richter, P.; Beers, T. C.; Ivezić, Ž.; Howk, J. C. (2008). „Distances to Galactic High‐Velocity Clouds. I. Cohen Stream, Complex GCP, Cloud g1“. The Astrophysical Journal. 672 (1): 298. doi:10.1086/523845.
- ↑ „Огромен гасовит облак со голема брзина ќе се судри со Млечниот Пат“. Посетено на 6 јуни 2008. (англиски)
Надворешни врски
уреди„Месна Група“ на Ризницата ? |
- Месната Група на галаксии - SEDS: Месјеови објекти (англиски)