Вуелта а Еспања 2012

Вуелта а Еспања 2012 започнала на 18 август 2012 и било 67. издание на трката. Трката започнала во Памплона со екипен хронометар, а завршила традиционално на 9 септември во Мадрид. Изданието во 2012 го одбележало враќањето на Бола дел Мунде, планинската завршница на една етапа. Тоа било местото на возбудливата битка помеѓу победникот Винченцо Нибали и второпласираниот Езекил Москера на изданието од 2010.[1][2] По првпат од 1994, трката го посетила регионот Навара. Памплона била посетена од некој Гранд Тур во 1996, кога градот бил домаќин на крајот на етапа на Тур де Франс 1996. На таа етапа, трката му оддала почит на Мигел Индураин поминувајќи низ неговото родно село Вилава.

Вуелта а Еспања 2012
Светска турнеја на UCI 2012, трка 22 од 28
Карта на рутата на Вуелта а Еспања 2012
Детали за трката
Датум(и) 18 август - 9 септември
Етапи 21
Растојание 3360,2 км
Време 84ч 59' 49" (24,5 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Алберто Контадор (ШПА) (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк)
Втор  Алехандро Валверде (ШПА) (Мовистар Тим)
Трет  Хоаким Родригес (ШПА) (Катјуша)

Бодовен  Алехандро Валверде (ШПА) (Мовистар Тим)
Планински  Сајмон Кларк (АВС) (Орика-ГринЕЏ)
Комбиниран  Алехандро Валверде (ШПА) (Мовистар Тим)
Екипен Мовистар Тим
2011
2013

Трката по вторпат била освоена од Алберто Контадор од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк, остварувајќи ја својата прва победа во генерален пласман по неговото враќање по суспензијата за допинг.[3] Контадор, кој ја освоил седумнаесеттата етапа на трката по соло нападот, го освоил генералниот пласман со 1' 16" пред второпласираниот Алехандро Валверде од екипата Мовистар Тим. Двократниот етапен победник Валверде исто така освоил и два секундарни пласмани на трката на последниот ден; освојувајќи го шестото место на етапата во Мадрид избил со бројот на бодови пред Хоаким Родригес (Катјуша) во тој пласман и неговиот резултат ги заменил местата, притоа дозволувајќи му на Валверде да го преземе и комбинираниот пласман - каде се броел најнискиот вкупен резултат во сите пласмани.[4]

Заокружувајќи го потполно шпанскиот подиум,[5] Родригес ја завршил трката трет, 21 секунда зад Валверде и 1' 37" зад Контадор, притоа водејќи на трката 13 дена помеѓу четвртата и шеснаесеттата етапа. Родригес исто така постигнал три етапни победи, веднаш зад спринтерот од Аргос-Шимано Џон Дегенколб, кои освоил пет етапи, најмногу од еден Германец на Вуелта.[6] Возачот на Орика-ГринЕЏ Сајмон Кларк станал вториот Австралиец, кој освоил планински пласман на некој Гранд Тур, додека Мовистар Тим удобно го освоиле екипниот пласман.[7]

Екипи уреди

Сите 18 UCI ProTour екипи биле автоматски поканети на трката, каде им се придружиле четири други екипи, кои добиле специјални покани на 1 март 2012[8]:

18 ProTour екипи:

Екипи кои добиле специјални покани:

За повеќе информации, видете Список на екипи и велосипедисти на Вуелта а Еспања 2012.

Фаворити пред трката уреди

Победникот на изданието на трката од 2008, Алберто Контадор, го направил своето прво појавување на Гранд Тур по неговата суспензија, откако се покажал дека бил позитивен за забранети супстанци на Тур де Франс 2010 и се сметал за еден од главните фаворити за освојување на трката. Друг фаворит бил Крис Фрум, кој завршил втор на Вуелта 2011 и Тур де Франс 2012 и ја предводел екипата Скај на трката, откако минатата година му помагал на Бредли Вигинс. Победникот на изданието од 2011, Хуан Хосе Кобо, се обидел да ја преслика победата од минатата година по разочарувачката сезона 2012 и бил колидер на екипата Мувистар, заедно со Алехандро Валверде.

Други кандидати за подиум билее Хоаким Родригес од Катјуша, кој завршил втор на Џиро д’Италиа 2012, Игор Антон од Еускалтел-Еускади, Јурген ван ден Брук од Лото-Белисол, Дамијано Кунего од Лампре и Роберт Гесинк од Рабобанк.

Возачи кои можат да дојдат до првите десет се и колегите на Фрум, Ригоберто Уран и Серхио Енао, возачот на Рабобанк Бауке Молема, возачот на РадиоШек Максим Монфор, возачот на Вакансолел Томас де Гент и Николас Роуш од Аг2р-Ла Мондијал.

Етапи уреди

Етапа Датум Тек Растојание Вид Победник
1 18 август Памплона 16,2 км   екипен хронометар Мовистар Тим
2 19 август Памплона - Вијана 180 км   рамна етапа   Џон Дегенколб (ГЕР)
3 20 август Ојон - Ејбар 153 км   среднопланинска етапа   Алехандро Валверде (ШПА)
4 21 август Баракаљдо - Валдезкарај 155 км   среднопланинска етапа   Сајмон Кларк (АВС)
5 22 август Логроњо - Логроњо 172 км   рамна етапа   Џон Дегенколб (ГЕР)
6 23 август Тарасона - Хака 174 км   среднопланинска етапа   Хоаким Родригес (ШПА)
7 24 август Хака - Моторланд Арагон 160 км   рамна етапа   Џон Дегенколб (ГЕР)
8 25 август Љеида - Кол де ла Галина 175 км   планинска етапа   Алехандро Валверде (ШПА)
9 26 август Андора - Барселона 194 км   рамна етапа   Филип Жилбер (БЕЛ)
27 август Ден за одмор
10 28 август Пуентеареас - Санхенхо 166 км   рамна етапа   Џон Дегенколб (ГЕР)
11 29 август Камбадос - Понтеведра 40 км   поединечен хронометар   Фредрик Кесијакоф (ШВЕ)
12 30 август Вилагарсија - А Коруња 184,6 км   среднопланинска етапа   Хоаким Родригес (ШПА)
13 31 август Сантјаго де Компостела - Ферол 172,7 км   рамна етапа   Стив Камингс (ВБР)
14 1 септември Палас до Реи - Лос Анкарес 152 км   планинска етапа   Хоаким Родригес (ШПА)
15 2 септември Ла Робла - Лагос де Ковадонга 186,7 км   планинска етапа   Антонио Пједра (ШПА)
16 3 септември Хихон - Суиту Негро 185 км   планинска етапа   Дарио Каталдо (ИТА)
4 септември Ден за одмор
17 5 септември Сантандер - Фуенте Де 177 км   среднопланинска етапа   Алберто Контадор (ШПА)
18 6 септември Агилар де Кампо - Ваљадолид 186,4 км   рамна етапа   Даниеле Бенати (ИТА)
19 7 септември Пењафиел - Ла Ластрилја 169 км   рамна етапа   Филип Жилбер (БЕЛ)
20 8 септември Палацуело дел Ересма - Бола дел Мундо 169,5 км   планинска етапа   Денис Мењшов (РУС)
21 9 септември Серседилја - Мадрид 111,9 км   рамна етапа   Џон Дегенколб (ГЕР)

Пласмани уреди

Етапа Победник Генерален пласман
 
Бодовен пласман
 
Планински пласман
 
Комбиниран пласман
 
Екипен пласман Награда за борбеност
1 Мовистар Тим Џонатан Кастровјехо недоделена недоделена недоделена Мовистар Тим Иманол Ервити
2 Џон Дегенколб Џон Дегенколб Хавиер Чакон Хавиер Чакон Хавиер Арамендија
3 Алехандро Валверде Алехандро Валверде Алехандро Валверде Пим Лигтхарт Алехандро Валверде Алехандро Валверде
4 Сајмон Кларк Хоаким Родригес Сајмон Кларк Сајмон Кларк Хоаким Родригес Рабобанк Луис Анхел Мате
5 Џон Дегенколб Џон Дегенколб Хавиер Чакон
6 Хоаким Родригес Тим Скај Томас де Гент
7 Џон Дегенколб Хавиер Арамендија
8 Алехандро Валверде Алехандро Валверде Рабобанк Хавиер Арамендија
9 Филип Жилбер Хоаким Родригес Хавиер Чакон
10 Џон Дегенколб Џон Дегенколб Хавиер Арамендија
11 Фредрик Кесијакоф Фредрик Кесијакоф
12 Хоаким Родригес Хоаким Родригес Микел Астарлоса
13 Стив Камингс Хуан Антонио Флеча
14 Хоаким Родригес Сајмон Кларк Хуан Мануел Гарате
15 Антонио Пједра Мовистар Тим Антонио Пједра
16 Дарио Каталдо Дарио Каталдо
17 Алберто Контадор Алберто Контадор Алберто Контадор
18 Даниеле Бенати Гатис Смукулис
19 Филип Жилбер Ји Ченг
20 Денис Мењшов Сајмон Кларк
21 Џон Дегенколб Алехандро Валверде Алехандро Валверде недоделена
На крај Алберто Контадор Алехандро Валверде Сајмон Кларк Алехандро Валверде Мовистар Тим Алберто Контадор
Забелешки
  • На етапата 3, Хавиер Арамендија, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Хавиер Чакон (на првото место) ја носел сината точкаста маичка како предводник во планинскиот пласман на етапата.
  • На етапата 4, Џон Дегенколб, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Алехандро Валверде (на првото (место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман на етапата. Исто така, Хоаким Родригес, кој е втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Валверде го држи водството и во овој пласман.
  • На етапата 5, Пим Лигтхарт, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел сината точкаста маичка, бидејќи Сајмон Кларк (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник во бодовниот пласман на етапата. Исто така, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
  • На етапите 6, 7 и 8, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман.
  • На етапата 9, 10 и 11, Крис Фрум, кој бил трет во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алехандро Валверде (на второто место) ја носел сината точкаста маичка како предводник во планинскиот пласман.
  • На етапата 10, Џон Дегенколб, кој бил втор во бодовниот пласман ја носел зелената маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман.
  • На етапата 12, 13 и 14, Алберто Контадор, кој бил трет во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алехандро Валверде (на второто место) ја носел сината точкаста маичка како предводник во планинскиот пласман.
  • На етапата 13, Џон Дегенколб, кој бил трет во бодовниот пласман ја носел зелената маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алехандро Валверде (на второто место) ја носел сината точкаста маичка како предводник во планинскиот пласман. На етапата 14, Џон Дегенколб сè уште ја носел зелената маичка, но сега како втор во бодовниот пласман, по Хоаким Родригес.
  • На етапата 15, 16 и 17, Алехандро Валверде, кое бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алберто Контадор, кој бил трет во комбинираниот пласман ја носел белата маичка.
  • На етапата 18 и 19, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник во бодовниот пласман.

Поредок уреди

Екипен пласман уреди

Место Екипа Време
1 Мовистар Тим 254ч 52' 49"
2 Еускалтел-Еускади + 9' 40"
3 Аг2р-Ла Мондијал + 20' 19"
4 Рабобанк + 23' 48"
5 Тим Скај + 26' 55″
6 Катјуша + 36' 07"
7 Лампре-ИСД + 53' 00″
8 Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 1ч 01' 11"
9 РадиоШек-Нисан + 1ч 17' 34"
10 Каха Рурал-Сегурос РГА + 1ч 25' 10"

Наводи уреди

  1. „Вуелта а Еспања 2012 ќе започне во Памплона“. Cyclingnews.com. 2011-09-08. Посетено на 2012-07-23.
  2. „Вуелта а Еспања 2012 со екипен хронометар и Бола дел Мундо“. Cyclingnews.com. 2011-11-05. Посетено на 2012-07-23.
  3. „Алберто Контадор го одбележа неговото враќање по суспензијата со победа на Вуелта“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. 9 септември 2012. Посетено на 9 септември 2012.
  4. Аткинс, Бен (9 септември 2012). „Џон Дегенколб дојде до број пет на последната етапа, додека Контадор победи“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 9 септември 2012.
  5. „Алберто Контадор ја освои втората титула на Вуелта а Еспања“. BBC Sport. BBC. 9 септември 2012. Посетено на 9 септември 2012.
  6. Fotheringham, Alasdair (9 септември 2012). „High five for Degenkolb in Madrid“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 9 септември 2012.
  7. Бенсон, Даниел (9 септември 2012). „Дегенколб ја однел петтата етапна победа на Вуелта во Мадрид“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 9 септември 2012.
  8. „Првите четири покани одредени“. 1 март 2012. Посетено на 27 март 2012.

Надворешни врски уреди