Вандали
Вандалите биле источногерманскo племе кое тргнало на југоситок на Јитланд (денешна Данска) преку реката Рајна во 406 година, разорувајќи ја Галија три години пред да ги премине Пиринеите во Шпанија. Околу 442 година, Вандалите ги освоиле римските провинции во Северна Африка. Вандалите говореле на вандалски јазик, кој веројатно бил во блиско сродство со готскиот. Вандалското кралство постоело од 429 година до 534 година, а во 455 година, Вандалите го ограбиле Рим. Поради тој настан, денес, името „вандал“ е симбол за уништување и сквернавење.
Историја
уредиСе верува дека Вандалите се преселиле од јужна Финска во јужниот дел на денешна Полска со цел да ги избегнат походите на Хуните. Вандалите биле поделени во две групи: Силингите и Хасдингите. Тие се селеле заедно со другите германски племиња, создавајќи тензии околу целите римски граници. Се верува дека Ругиите, Готите, Гепидаите, Вандалите, Бургундите и други германски племиња имаат исто потекло. За тоа пишувал и византискиот историчар Прокопиус во 6 век, кој ги опишал како високи луѓе со руса коса.
Вандалите не биле многу значаен народ сè додека не почнале воени походи против Римската империја.
Во 406 година, Вандалите почнале да мигрираат од Панонија при што се селеле кон запад. Кога стигнале кај реката Рајна, нивниот напредок бил запрен од страна на Франките, кои имале контрола врз северните делови на Галија. Во битките на овој простор, 20 000 Вандали, вклучувајќи го и Годигисел, кој бил крал на Вандалите (359-406), го загубиле својот живот. Но, со помошта на Аланите, тие ги поразиле Франките, со што на 31 декември 406 година ја преминале реката Рајна и пото ја освоиле Галија, под водство на кралот Гундерик, син на Годигисел.
На 13 октомври 409 година, Вандалите ги преминале Пиринеите и влегле во Пиринејскиот Полуостров. Тука, тие добиле голем имот од страна на Римската ИМперија, со цел тие да им дадат воена поддршка. Притоа, секое вандалско племе добило одредена територија: Хасдингите ја добиле Астурија, Силингите ја добиле Hispania Baetica, Аланите добиле делови од Лузитанија и еден дел добиле од Carthago Nova. Свевите контролирале дел од Gallaecia. Визиготите, пред да земат делови од Јужна Франција ги нападнале Аланите, убивајќи го Атакес, аланскиот крал. Со ова, Вандалскиот крал Гундерик ја добил круната на Аланите. Оттогаш, подоцнежните вандалски кралеви ја добивале титулата „Rex Wandalorum et Alanorum“, т.е. „Крал на Вандалите и Аланите“. Во 419 година, Хасдинги Вандалите биле поразени од здружените сили на Римјаните и Свевите. Гундерик избегал во Бетика, каде што ја добил круната на Силинги Вандалите.
Во 422 година, Гундерик ги поразил силите на Римјаните-Готитите-Свевите кај битката на Тарако. Во следните пет години, Вандалите направиле голем хаос низ западниот дел на Средоземјето. Во 425 година, Вандалите ти опустошиле Балеарските острови, Шпанија и Мавританија, Картаго Спартанија и Севиља. За време на опсадата на Севиља, Гундерик бил убиен, а на неговото место дошол неговиот полубрат Генсерик, кој според законите на монархијата, не би требало да има право на престолот. Генсерик бил деструктивен владател. Иако Вандалите биле на број 200 000, тие сепак успеале да остврата контрола врз Шпанија. Свевите ги нападнале Вандалите, но тие биле поразени во близина на Мерида, а нивниот водач, Хермигарио, се удавил обидувајќи се да побегне. Генсерик ги одвел Вандалите во Африка во 429 година. Таму, тие се обиделе да склучат договор со Бонифациус, кој сакал да го нападне и освои Рим. Бонифациус успеал да ги порази Римјаните во неколку напади, при кои тие се обидувале да го освојат. Тој ги гледал Вандалите како потенцијални сојузници во војната против Сигисвулт, владетелот на Римското Царство во Африка. Сепак, Бонифациус ги нападнал Вандалите во 430 година, кај Нумидианската граница. Таму, тој бил поразен, со тоа што се скрил во градот Хипон, којшто бил под вандалска опсада. Генсерик ги поразил Аспар и Вонифациус, и го освоил градот Хипон кој станал главен град на Вандалското Кралство.
Вандалите склучиле мировен договор со Римјаните во 435 година, но во 439 година го раскинале и нападнале неколку територии во Северна Африка, Сицилија, Сардинија и Корзика. Теодосиј II се обидел да го запре напредувањето на Вандалите и испратил експедиција за да ги нападне, но бродовите успеале да стигнат само до Сицилија. Во 442 година, Римјаните склучиле мировен договор со Вандалите, кој траел сè до 455 година. Тогаш, вандалските бродови го контролирале Средоземјето, поради што некои во викале Вандалско Море. Со обид да се приклучат Вандалите со Римското Царство, Валентијан III ја понудил неговата ќерка за синот на Генсерик. Но, пред да се случи ова, Петронус Максимус го убил Валентијан III. Дипломатијата прекинала, со што Вандалите го нападнале и опустошиле Рим во 455 година. Притоа, тие не го запалиле градот, но зеле голем дел од бесценетите богатства. Во 456 година, флота од 60 вандалски бродови била нападната и уништена од страна на римскиот генерал Рицимер. Во 457 година, Вандалска војска која се враќала од грабеж била нападната од римскиот цар Мајоријан и била поразена. За одмазда на нападот и осквернувањето на Рим, римскиот цар Мајоријан планирал поход против Вандалите. Походот бил неуспешен и од 477 година, Вандалите биле во „траен мир“ со Римското Царство.
На 25 Јануари 477 година, Генсерик починал на 88 години, а го наследил неговиот син Хунерик. Во периодот од 477 до 523 година, дошле тојца кралеви на власт. Во овој период, моќта на Вандалското Кралство опаднало. Во 523 година, на власт дошол Хилдерик, кој бил најтолерантниот владетел во однос на христијанството и немал интерес во војување. Заради таа причина, во 530 година, на власт дошол Гелимер. Во овој период, византискиот цар Јустинијан I им објавил војна на Вандалите. По неколку битки во кои Вандалите биле поразени, во 553 година Вандалското кралство било уништено и станало дел од Византија. Вандалите биле поделени, некои вандалски жени влегле во брак со византиски војници, Гелимер добил одредена територија, а голем дел од Вандалите биле протерани во Цариград, каде што станале дел од византиската војска. Така, Вандалите исчезнале како етничка група.
Вандалите како мотив во популарната култура
уредиНадворешни врски
уреди- Blume, Mary. "Vandals Exhibit Sacks Some Cultural Myths", International Herald TribuneАрхивирано на 11 март 2007 г., August 25, 2001.
- Kingdom of the Vandals - location map Архивирано на 3 декември 2007 г.