Кит-убиец

(Пренасочено од Кит убиец)
Кит убиец[1]
Transient killer whales near Unimak Island, eastern Aleutian Islands, Alaska
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Cetacea
Подред: Odontoceti
Семејство: Delphinidae
Род: Orcinus
Вид: O. orca
Научен назив
Orcinus orca
Linnaeus, 1758
A world map shows killer whales are found throughout every ocean, except parts of the Arctic. They are also absent from the Black and Baltic Seas.
Orcinus orca range (in blue)
Синоними

Orca gladiator

Кит-убиец (науч. Orcinus orca) или орка — забест кит кој припаѓа на семејството окенаски делфини. Китотовите убијци се среќаваат во сите океани, од ледените региони на Арктик и Антарктик до тропските мориња. Китовите убијци се видови со разновидна исхрана, иако некои поединечни видови често се специјализираат во одредена врста на пленови. Некои се исхрануваат исклучиво со риба, додека другите ловат морски цицачи како што се морски лавови, фоки, моржови па дури и големи китови. Китовите убијци се гледаат како врвни грабливци, изземајќи ги природните.

Китовите убијци се високо социјализирани, некои видови се составени од мајински семејни групи коишто се најстабилни од сите животински видови. Нивната софистицирана техника на ловење и вокално држење, коишто се често специфични за посебни групи низ генерациите, опишани како манифестирање на култура.

Меѓународниот сојуз за заштита на природата моментално пристапува на статусот за зачувување на орките како недостаток на податоци, поради веројтноста дека една или повеќе типови на китови убијци се одделни видови. Некои локални видови се сметаат како загрозени или во опасност поради осирумашуање на пленот, загубата на живеалишта, загадување ( со ПХБ), фаќање за паркови со морски цицачи и конфликти со роболовот. Кон крајот на 2005 година китот убиец познат како јужен кит убиец беше ставен на списокот на загрозени видови.

Дивите китови убијци не се сметаат за закана за човекот, иако имало случаи пленикот да биде убие или повреди некои од нивните скротители во морските паркови. Китовите убијци се појавуваат често во митологиите на домородни култури. Во западните култури, има репутација на бестрашен грабливец.

Таксономија и еволуција

уреди

Orcinus orca е единствениот признает вид од родот Orcinus, еден од многуте животински видови оригинално опшан од Linnaeus во 1758 во Systema Naturae. Конрад Гешнер ја напиша првата научна дескрипција за китот убиец во неговата Fish book од 1558, заснована на испитување на мртово заробено животно во Заливот Грифсвалд којшто привлече големолокално внимание.

Китот убиец е еден од 35 видови во семејството на окенаски делфини, кои првпат се појавиле пред 11 милиони години. Веројатно лозата на китот убиец подоцна се одделила. Иако има морфолошки сличности со пилот китовите и китовите пигмејци убијци, нивен најблизок род е Ирвади делфинот.

Познати имиња

уреди

Научници од англиско говорно подрачје најчесто го користат изразот кит убиец исто така терминиот орка е во зголемна уоптреба. Адвокатите потенцираат дека кит убиец и долга историја. Всушност, родот наречен Orcinu значи припадност на кралство на мртвите, или припадност на Оркус. Античките римјани оригинелано ја употребуваат орка ( множина оркае) за овие животни, можно е позајмување од грчкиот збор ὄρυξ кој се однесува на видовите китови ( помеѓу другите работи ). Уште од 1960, орка најбрзо доби популарност, и двете имиња сега се користат. Терминот орка се префериа од некои за да се избегне негативната конотација на убоец и поради тоа што видовите поблиску се поврзуваат си делфините отколку со китовите.

Понекогаш се именуваат како blackfish, име што се користи за некои видови на китовиисто така. Grampus е поранешното име за овие видови, но сега не се употребува Ова значење на грампус не треба да се меша со подорт Грампус, чијшто член е Risso's Dolphin.

Типови

уреди

Има од три до пет типа на китови убијци коишто се раликуваат доволно за да се сметаат како посебни раси, поттипови или можно е и дури како видови. Иуцн изјави во 2008, таксономијата на овој род е јасна дека е потребно прегледување, и е веројатно дека о орка ќе биде разделен во поголем број на различни видови или најмалку во подвидови во наредните неколку години. Во 1970 и 1980, истражувањата на западниот брег на Канада и Сад ги идентификуваа следниве три типа

Постојани Овие се најчесто распространети од сите три популации во крајбрежнитњ води на северниот Тихи Океан. Исхраната на се состои првенствено од риби и понекогаѓ лигни, и тие живееат во комплексни и кохесивни семејни групи наречени... Женките карактеристично имаа заоблена грбна перка којшто завршува со остар агол. Тие ги посетуваат истите области константно. Популацијата на постојаните китотови во Британска Колумбија и Вашингтон најинтензивно се изучуваат морските циццачи. Истражувањата покажаа и именуваа преку 300 китови убијци во изминативе 30 години.

Повремени Исхраната на овие китови се состои искклучиво од морски цицачи, тие не јадат риба. Повремените китови Воглавно патуваат во малли групи, вообичаено од две до шест животни, и имаат помалку значајни семејни врски од постојаните китови. Повремените китови вокализираат во помалку променливи и помалку сложени дијалекти. Женка од групата повремени се одликува со триаголна иистакната перка од другите постојани китови. Сивата или белата област околу перката, е познат како седло крпеница, често содржи црна боја кај постојаните китови.Како и да е, седлото крпеница на повремените китови е еднобојна и еднакво сива. Повремените китови скитаат долж брегот – некои поединци се распространети и на јужната страна на Алјаска и Калифорнија.

Крајбрежни Трета поулација од китовите убијци во северно-источен Тихи Океан откриена во 1988 кога грбавиот истражувач на китови Џим Дарлинг ги набљудуваше во отворена вода. Како што и имието им сугерира, тие патуваат далеку од брегот и се хранат првенствено со schooling fish. Меѓутоа поради големата застрашувачка и засечена грбна перка личат на повремените китови, тие можат да јадат исто така и цицачи и ајкули. Најчесто се среќаваат на западниот брег на Островот Ванкувер и блисзу до Островите на Кралица Шарлот. Крајбрежните китови обично се собираат во групи од 20 -75 со повремени проширувања на групите до 200. Моментално, малку се знае за нивните навики, но тие генетски се разликуваат од постојаните и повремените китови. Крајбрежните се помали од другите, а женките се одликуваат грбна перка која секогаш е заоблена.

Повремените и постојаните китови живеат во исти области, но се избегнуваат едни со другли. Името повремени потекнува од верувањата дека овие убијци китови се истерани од поголеми групи на постојаните китови. Подоцнежните истражувања откриваат дека повремените китови не се родени во групи на постојаните или обратно. Еволуционалната поделба помеѓу двете групи се верува дека започнала пред две милиони години. Генетските податоци покажуваат дека типовите не се вкрстиле повеќе од 10,000 години.

Другите популации не се добро проучени, иако китови убијци специјализирани за исхрана со риба или пак јадачи на цицачи постојат на други места. Посебни популации на китови убијци на риби и јадачи на цицачи се забележани покрај Обединетото Кралство. Китови убијци јадачи на риби на Алјаска и Норвешка имаат постојани китови како социјлана структура, додека китовите убијаци јадачи на цицацчи во Аргентина и островите Крозе се однесуваат многу повеќе како повремените китови.

Три типа се документирани на Антарктикот. Два џуџе видови, наречени Orcinus nanus и Orcinus glacialis, беа опишани во текот на 1980 од руските иструвачи, но многу истражувачи на цицачи се скептични за нивниот статус и тешко е да се поврзат овие директно со типовите опишани подолу.

  • Тип А изгледа како типичен кит убиец, долг, црна и бела форма со средна големина на белата патека околу очите, чивеат во отворени води и се хранат исклучиво со минк китовите.
  • Тип Б e помал од Тип А. Има голема бела патека околу очите. Нјаголемиот дел од темниоте делови од неговото тело со со средно сива боја на место црна, иако има темносива патека наречена грбен нос кој се протега од неговото чело до крајот на грбната перка. Белите делови се обоени со жолта боја. Најмногу се хранат со фоки.
  • Тип Ц е најмалиот тип и живеат во поголеми групи од останатите.Делот околу очите е навалена напред, наместо паралелно со оската на телото. Како и Типо Б, тие се првенствено бели и средно сиви, со темносив грбен нос и жолто обоени делови. Нивниот плен е само на Анартикот.

Типовите Б и Ц живета блиску до ледени површини, и двоатомноста на овие води може да биде причина за нивната жолтеникава боја. Митохондричната ДНК секвенца ја поддржува теоријата дека овие се посебни видови што неодамна се оделиле.Неодамна, комплетното митохондрично секвенцирање покажува на две јата од Антарктикот кои јадат фоки и риби можат да се оделат од другите видови, како и повремните китови Во Северен Тихи Океан, оставајќи ги другите како подвидови во очекување за нови податоци.

Истражувањата продолжуваат во генетските врски мегу типовите на китовите убијци, и длаи типовите ѓто се идентификувани претставуваат длабоки еволуциски трендови.на пример, долго се мислеше дека китовите убијци што јадат цицачи најверојатно се тесно поврзани со другите китови убијци што јадат цицачи од другите региони, но генетското тестирање ја демантираше оваа хипотеза.

Опис

уреди

Китот убиец има цнр грб, бел стомак и бели страни, и бела патека над очите. Младунчињата на китовите се раѓаат со жолтеникава или портокалова нијанса, која што избледува во бело. Китовите убијци имаат тешко и робустно тело ( поизразено од другите делфини) и голема грбна перка и до 2 метра (6,6 стапки) висока. Позади перката имаат темносива седло низ грбот. Антарктичките китови убијци може да имаат и бледо сива на кај бела боја на грбовите. Возрасните китови убијци се многу различни и не се мешаат со другите морски животни. Кога се гледаат од далечина, младите можат да бидат звркани со други видови на китови како што се лажниот кит убиец или Risso's делфинот.

Мажјаците обично достигнуваат од 6 до 8 метри (20 -26 стапки) должина и тежат над 6 тони. (5.9 лт, 6,6ст). Женките се помали, воглавно тежат од 5 до 7 метри (16-23 стапки) и тежат околу 3 до 4 тони (3,0 до 3,9лт до 4,4ст). Најголемиот мажјак кит забелеќан беше од 9,8 метри (32стапки), со тежина преку 10 тони (9,8лт, 11ст), додека најголемата женка беше 8,5 метри (28 стапки) со тежина од 7,5 тони (7,4лт, 8,3ст). Младенчињата при раѓање теќат околу 180 килограми(397лб) и се околу 2,4 метри(7,9стапки) долги. Големината и должината на китот убиец го прави еден од најбрзите морски цицачи, способни да достигнат брзина од 30кноти (56км на час).

Пекторалните перки на китот убиец се долги и заоблени слични на весла. Мажјаците имаат значително поголеми пекторални перки од женките. Со должина од 1,8 метри(5,9стапки) машките грбни перки се двапати поголеми од големината кај женките и се со потриаголна форма во висина, издолжен рамностран триаголник а кај женките се пократок и повеќе заоблен. Мажјаците и женките исто така имаат различни модели на црна и бела кожа во гениталната област.

Поединечни китови убијци често можат да бидат препознатливи по грбната перка и селото. Варијациите како засеците, гребнатини и солзи на грбанта перка и моделот на белата или сивата боја на седлото се уникатни. Публицирани директориуми содржат идентификувани фотографии и имиња на стотици животни од Северн Тихи Океан. Фото препознавањето овозможува локалната популација на китовите убијци да биде избројана секоја година отолку предвидена и овозможува одличен поглед кон животниот циклус и социјалнире структури.

Белите китови убијци се појавуваат повремено помеѓу нормалните китови убијци, но се ретки.Забелеќани се ви северното Берингово Море и околу Св. Лоренцовите Острови и блиску до Руското крајбрежје. Во февруари 2008, бел кит убиец беше фотографиран на 2 милји (3км) од вулканот Канага.

Китовите убијци имаат добар вид и под вода и над вода, одличен слух и добро чувство за допир. Имаат инзвонредно софистицирани хидролокаторски способности, откривање на локации и одлики на пленот и други објекти во нивна околина емитувајќи звук на кликање и слушаат ехо.

Животен циклус

уреди

Женките китови убијци созреваат на возраст од 15 години. Тогаш тие имаат периоди на репродуктивен циклус со не циклусни периоди помеѓу 3 и 16 месеци. Гестацијата варира од 15 до 18 месеци. Мајките на младенчињата, обично се со една рожба, еднаш на 5 години. Кај постојаните групи китови, раѓањето се одвива во било кое врем од годината, иако зимата е најпоуларна. Смртноста е екстремно висока за време на првитњ ѓест месеци од животот, кога 37-50% од сите младенчиња умираат. Одвикнувањето започнува на околу 12 месеци старост а завршува на возраст од две години. Според набљудувањата во неколку региони, сите членови мажјаци и женки китови убијци од групата учествуваат во грижата за младенчињата. Китовите убијци и Пилот Китовите се едниствени видови кои женките поминуваат низ менопауза и живеаат со децении соткако ќе завршат со размножување.

Женките се размножуваат до возраст од 40 години, што значи во просек тие одгледуваат по пет поколенија. Животниот просек на дивите женки е до 50 години, со максимум од 80 -90 години. Мажјаците сексуално созреваат на возраст од 15 години но не се размножуваат додека навршат 21 година. Дивите мажјаци живееат околу 29 години во просек, со максимум од 50-60 години. Еден мажјак познат како Стариот Том, наводно бил забележан секоја зима помеѓу 1840 и 1930 покрај Нов Јужен Велс, Австралија. Според ова тој би имал 90 години. Испитувањата на неговите заби покажале дека тој починал на возраст од 35 години, но сега се верува декоа овој метод е неточен за постари животни. Еден мажјак добро познат на истражувачите Во северозападен Тихи Океан наречен Руфлес (Ј1) е претпоставено дека се родил во 1951, што во 2009 го прави на возраст од 58 години. Кај плениците китови убијци животниот век е значително пократок, вообичаено помалку од 25 години, како и да е безбројни поединци се живи и во нивните триести, а имаат достиганто и 40 години. Во многу случаи животниот век на китовите убијци зависи од самата волја на животното.

Опсег и живеалиште

уреди

За да се движат побрзо китовите убијци скокаат од водата кога пливаат- однесување познато како потскокнување.

Китовите убијци се сретнуваат во сите океани и во повеќето мориња. Поради нивната голема распространетост, бројност и густина, дистрибутивните проценки се тешки за проценување, но тие јасно претпочитаат поголеми ширини и крајбрежни области преку океанските средини.

Систематските истражувања укажуваат на најголема густина на населеност на китови убијци (.0,40 единки на км2) во северно-источен Атлантик околу норвешкиот брег, Во северн Тихи Океан долж Алеутанските острови, Заливот на Алјаска и во јужниот океан најмногуу на брегот на Антарктикот. Се сметаат за чести (0,20-0,40 поединци на 100 км2) во источен Тихи Океан долж бреговите на Британска Колумбија, Вашингтон и Орегон, Во Северниот Атлантски Океан околу Исланд и Фарските острови. Висока густина на населеност е пријавена но не квантифицирана во западниот Северен Тихи Океан околу Јапонското Море, Окотското Море, Курилските Острови, Камчатка и Командантските Острови и во јужната полутопка на бреговите од Јужна Австралија, Патагонија, на брегот на јужен Бразил и на врвот на јужна Африка. Тие се пријавени како сезонски чести во Канадскиот Арктик, вклучувајќи го Бафиновиот Залив помеѓу Гренланд и Нунавут, околу Тасманија и Макуори Островот. Информации за крајбрежните региони и тропските води се оскудни, но широката распространетост, ако не и честа, укажуваат на тоа дека китот убиец може да преживее во разни температури на вода. Има забележувања на пример, во Средоземното и Арапското Море, Мексиканскиот Залив и Индискиот Океан околу Сејшелите.

Најверојатно најголемата популација живее во водите на Антарктик, каде што досегот оди до рабовите на ледените површини и се верува дека со пробушување на ледените отвори, се наоѓаат отворени води како и белуга китовите на Арктикот. Во спротивно, китовите убијци се сезонски летни посетители на Арктикот, каде ѓто тие не се доближуваат до ледените површини. Со брзиот арктичко морски лед ад во Хадсоновиот Проток, нивниот опсег сега е длабоко проширен и во северно-западниот Атлантик.

Миграционите движења се сиромашно разбирливи. Секое лето, истите поединци се појавуваат надвор од Британска Колумбија И Вашингтон. После децении на истражувања каде овие животни одат во остатокот од годината останува неоткриено.Групите на повремените китови убијци понекогаш патуваат и п 160км (100 милји) на ден, а општо може да се види за еден месец или повеќе. Групите на постојаните китови убијци варираат од 320 до 1300километри (200 до 810 милји)

Понекогаш китовите убијци пливаат и во водите на реките. Забележани се на 100 милји ( 161км ) во Колумбиската Река во Соединетите држави. Исто та се сретнати и во Фрејзер Реката во Канада и во ХОрикава во Јапонија.

Популација

уреди

Светската популација останува не проценета, но скорешните консензуси сугерираат на апсолутен мимимум од 50,000. Локалните проценки вклучуваат околу 25 000 на Антарктик, 8,500 во тропскиот Тихи Океан, 2,250-2,700 во ладниот северно-источен Тихи Океан и 500-1,500 околѕ Норвешка. Јапанската Риболовна Агенција оцени дека таму имало 2,321 китови убијци во морињата околу Јапонија.

Исхрана

уреди
 
Скелет на китот убиец.

Китовите убијци ловат разновиден плен, како и да е ралични популации/видови имаат тенденција да се специјализираат. На пример, некои популации од Норвешкото и Гренландското Море се специјализирани за харинга и ја следат миграцијата на оваа риба во есен до Норвешкиот брег. На други популации пленот им се фоките. Лососот претставува околу 96% исхрана за постојаните китови убијци во северно-источен Тихи Океан. 65% се дебелите и масни чинук риби. Чум лососот исто така се јадат, а помалите соки и розовиот лосос не се значајна храна за нив. Намаллувањето на храната за одредени видови грижата да биде пренесена на месното население, и покрај големата разновидност на пленот. Во просек кит убиец јаде 227килограми (500лб) дневно.

Откако на некои китови убијци плен им се големи китови и ајкули се сметаат за врвни граблици. Понекогаш се нарекуваат морски волци, затоа што ловат во групи како и волците.

Риби и друг ладнокрвен плен

уреди
 

Пленот на китовите убијци јадачи на риба е околу 30 видови на риба, особено чинук лососот, харинга и туна. Во Нов Зеланд најчест плен на китовите убијци е ражата и тие исто така се набљудувани како ловат ајкули ( особено makos, threshers и smooth hammerheads ). Лигните и морските желки исто така претставуваат плен.

Постојаните (јадачи на риба) китови убијци. Китовите убијци можат да индуцираат парализирачки тоници во ајкулите и ражите држејќи ги така безпомошни и неспособни да го повредат китот. Некои ајкули се задушуваат во пок од 15 минутидодека китот сешуте ја држи мирна, затоа што овие ајкули за да дишат треба да мрдаат. Во една несреќа снимена близу Фарските Острови, женка кит уби од 3-4 метри долга бела ајкула, очигледно со пливањето со неа во устата нагоре-надолу и внесувањето на тоникот во неа. Женката и уште едне член на групата го изеле дробот на ајкулата и го оставиле трупот да потоне.

Во јули 1992 година два кита убијци нападнале и се нахраниле со 8 метри долга бела ајкула Rhincodon typus, во водите на Бахиа де Лос Ангелес во Ваја Калифорнија.

Додека лососите се ловат вообичаено од поедници или мали групи, харингата се најчесто фаќаат користејќи carousel feeding, китовите убијци ја туркаат харингата во цврста топка испуштајќи распрскувачки балончиња или трепкааат до нивните бели долни делови. Тогаш тие ја удираат топката со врвот од опачката, или ги зашеметуваат или ги убиваат од 10-15 наеднаш.И тогаш ја јадат харингата една по една. Оваа техника на рингишпил прехранување е забележана само кај Норвешките китови убијци и кај некои окенаски видови на делфини.

Цицач плен

уреди

Калифорниските морски лавови се чест плен за китовите убијци јадачи на цицачи од западниот брег на Северна Америка.

Китовите убијци се ефективни и софистицирани грабливци. Дваесет и два вида на видови на китови се запишани како плен на китовите убијци, со испитување на стомачните состојки, лузните по телата на пленовите, или активноста при исхрана. Групите дури напаѓаат и поголеми китови како што се минк китовите, сивите китови а ретко и сперма китовите или сините китови.

Ловење на големи китови обично трае по неколу часа. Китовите убијци избираат за напад млади или слаби животни. Како и да е, група од пет или повеќе може да нападне и возрасно и здрво животно. Кога се лови млад кит, групата го брка и него и негоавата мајка сè додека не се истрошат. За конечно да го разделат парот и го обиколуваат младенчето, сметајќки му да излезе на површина за да диши, и го удавуваат. Група од женки сперма китови понекогаш се штитат со формирање на заштитнички круг околу нивните млади со нивните опаши свртени нанадвор, користејќи ги за да ги одвратат напаѓачите.

Други видови на пленови морски цицачи се фоки, морски лав и крзнена фока. Моржовите и морските видри се поретко земани како плен. Често, за избегнат повреда, китовите убијци му онеспособуваат на нивниот плен пред да го убијат и го јадат. Ова вклучува значи фрлање во воздух, плескање со опашката, удирајќи го, или кршејќи го и слетувајќи на него. Морските лавови се убиваат со удирање по глава или по застрашувачки удар со опашката. На Алеутанските одтрови, падот на популацијата на морските видри во 1990 година беше контраверзно пренесена од некои научници на грабливоста на китовите убијци, иако нема директен доказ за ова. По намалувањето на морските видри следеше намалување на пристанишните фоки и популацијата на Стелер морскиот лав, омилениот плен на китовите убијци па во наврат можеме д акажеме дека може да биде замена за нивниот оригинален плен, сега десеткуван од индустриското китоловство.

Во стрмните насипи на плажите на Пенисула Вадес, Аргентина и Кроцет Островите, китовите убијце се хранат со Јужноамерикански морски лавови и јужните фоки слонови во плити води, дури и изглегуваат приверемено на плаќа за да грабнат плен пред да се извиткаат повтрорно во морето. Излегувањето на плажата најчесто е фатално за китовите, не е нивно инстинктивно однесување, и потребана и неколку годишна пракса за младите.

Китовите убијци пливаат покрај ледени брегови со Адели пингвините во Рос морето, Антарктик. Со Драгислскиот леден јаик во позадина.

Китовите убијци ловци на бранови шпионираат за да лоцираат Ведел фоки, рос фоки, фоките јадачи на краби и леопард фоките одмарајќи се на ледот а потоа пливаат во групи за да направат бранови коишто плискаат преку ледот. Ова ги носи фоките во вода каде што друг кит убиец чека за да ги убие.

Китовите убијци се набљудувани како ловат и копнени цицачи, како што се елени и мусови пливајчи меѓу островите покрај северно –западниот брег на Северна Америка. Канибализмот е исто така забележан кај китовите убијци заснован на анализи од стомачните состојки, но ова е поверојатно како резултат на исфрлените остатоците од страна на китоловците. Еден кит убиец беше исто така нападнат од неговите другари откако беше застрелан. Иако постојаните китови убијци никогаш не се забележани како јадат други морски цицачи понекогаш вонземируваат и убиваат мали видови на китови и делфини без очигледна причина.

Птици

уреди

Китовите убијци во много области ловат видови на птици, вклучувајќи пингвини, корморани и галеби. Заробен кит убиец во Маринленд беше откриен како излива риби на површината, привлекува галеби, и потоа ги јаде птиците. Четири други китови убијци тогаш науција да го копираат неговото однесување.

Однесување

уреди

Китовите убијци често го издигаат своето тело над водата во начин на однесување наречен шпионирање.

Од ден на ден однесувањето на китовите убијци генерално се состои од хранење, патување, одмарање и дружење. Китовите убијци често се активни на површина ангажирани во акробатски однесувања како што се прекршување, шпионирање и шлапкање со опашот. Овие активности можат да имаат различни цели, како што се додворување, комуникација, чистење од паразити или претстава. Шпионирањето, начин на однесување во кои китот ја држи својата глава над вода, и му помага на животното да ја разгледа површината.

Социјална структура

уреди

Китовите убијци се препознатливи по нивната коплексна социјализираност. Само слоновите и други повисоки примати, како што се луѓето, живеат во слична комплексна социјална средина.Постојаните китови убијци од источниот дел на Северен Тихи Океан имаат особено сложен и комплексен групен систем. За разлика од сите други видиви на цицачи чија социјална структура ни е позната. Постојаните китови живеат со нивните мајки целиот живот.Овие општества се засновани на и се состојат од матријарх и нејзини потомци кои се дел од линијата, а така прават и потомците. Просечна големина на еден матријарх е 5,5 животни.

Бидеќи женките китови можат да достигнат старост од 90 години, па некаде и четери генерации патуваат заедно. Овие матријархални групи се високо стабилни. Поединци се оделуваат само на неколку часа за да се парат или во потрага по храна. Забележано е само едно одвојување од постојаните матријархални групи, од страна на женка кит убиец, Луна.

Тесно поврзаните матријархални групи ослободуваат множество од групи, вообичаено од еден до четрири члена. За разлика од матријархалните, групите можат да се разделат на неколку недели или месеци повремено. ДНК тестирањата покажуваат дека мажјаците постојани китови речиси секогаш се парат со женки од други групи.

Китовите убијци, како овој забележан блиску Алјаска, често се извиткува над водата, често кревајчи го целото тело од водата.

Клановите се следното ниво на социјализација кај структурите на постојаните китови, и се составени од групи со слични дијалекти и слични на постари мајки предци. Клановите се двожат, се преклопуваат се мешаат со други кланви.

Конечниот слој на асицијација, можеби повеќе произволн дефиниран од семејното групирање, е наречен заедница и дефиниран како збир од кланови коишто редовно се мешаат. Кланови без заедница не делат вокални способности.

Групите кај повремните китови се помали од оние групи на постојаните китови, обично се состојат од една возрасна женка и едно или две од нејзината рожба.Мажјаците обично се поврзани повеќе со нивната мајка отколу женкие. Оваа поврзаност може да се продолжи и по созревањето. За разлика од постојаните, продолжено или трајно одвојување кај привремн еите од родената матрица е често, со млади и возрасни каде што учествуваат и двата пола. Некои мажјаци стануваат „ скитници „ и не формираат долготрајни асоцијации, повремено се придружуваат на групи во кои има репродуктивни женки. Како и во клановите кај посотјаните китови, така и членовите на заедницата кај повремните делат акустичен репертоар, иако регионални разлику во вокализација не се забележани.

Вокализација

уреди

Како и другите китови така и китовите убијци зависат од подземните звуци за ориентација, исхрана и комуникација. Китовите убијци произведуваат три типа на звук кликање, свиркање и полсирачки повици. Кликањата се верува дека се користат за навигација и дискриминирање на планот и други објекти во околината што ги опкружува, но исто така и жесто се слушаат за време на социјални интеракции.

Групите на постојаните китови од северно-источен Тихи Океан тежнеат да бидат повеќе вокални од привремените групи китови во исти води. Постојаните китови првенствено се исхрануваат со лососи, чиј слух е премногу слаб за да би го детектирале китот убиец на било која далечина. Постојаните китови произведуваат звуци за да се идентификуваат кога им се доближуваат на некои други морски цицачи.

Привремените китови се вообичаено тивки најверојатно за да избегнат навестување кај пленот цицачи, кои сите имаат одличен подводен слух. Понекогаш тие користат само еден клик (наречен крипичен клик) отколку долг воз од кликови набњудуван кај други популации.

Сите членови на постојаните групи користат слични повици, колективно познати како дијалект. Дијалектите се составени од точно определени броеви и типови на дискретни повторувачки повици. Тие се комплексни и стабилни постојано. Повикувачките линии и структури се слични на како на своите мајки. Новроденчињата произведуваат повици исти како нивните мајки, но имаат ограничен репертоар. Поедини најеверојатно го учат говорот од своите мајки или други членови на групата. На пример, одредени семејни повици се забележуваат почесто во првите неколку денови од раѓањето на младенчето., што може да му помогне на младенчето да научи од нив. Дијалектите се најверојатно од важно значење за да се одржи идентитетот и кохехивноста на групата. Сличноста во дијалектите најверојатно се рефлектира во степенот на поврзаност помеѓу групите, со варијации кои се градат постојано.

Истражувањата немаат одредено дали повиците имаат посебно значење или се асоцираат со специфични типови или активности. Дијалектите кај Постојаните китови содржи 7-17 (односно=11) различни типови на повици. Дијалетот кај повремените китови се поразлични, имаат само 4-6 дискретни повици, и ниеден од нив не делат со постојаните китови. Сите членови од заедниците на привремените китови од Северно американскиот западен брег искажуваат на ист основен дијалект, иако малцинински регионални варијации во типовите на повици е очигледно. Прелиминарните истражувања покажуваат дека офшор китовите убијци имаат група на одредени дијалети коишто не се слични како оние на постојаните и привремените китови.

Интелигенција

уреди
  • Интелигенција кај китови

Китовите убијци имаат втор најголем мозок меѓу морските цицачи, Можат да бидат тренирани во заробеништво и често се опишуваат како интелигентни иако дефинирајќи и мерејќи ја интелигенцијата тешко е кај видовите чија средина и стратегии на исхрана се многу поразлични од оние кај човекот.

Китот убиец се игра со ледена топка, веднаш откако истражувачите му фрлиле снежна топка.

Китовите убијци имитираат други, и се чини дека намерно ги учат веѓтините на нивните роднини. Ова е зачудувачки да се види кога китот убиец имитира излегување на плажа за да фати фока. Кај Пенесуела, Валдез, возрасните понекогаш извлекуваат фоки од крајбрежјето и ги пуштаат повторно но блиску до младтите, дозволувајќи им на помладите китови да учествуваат во тешката техника за фаќање на веќе ослабнатиот плен.Кај Кроцет островите, мајките ги пуштаат своите младенчиња на плажа, чекајќи да ги повлечат наназад ако е потребно.

Луѓе кои имале блиска средба со китовите убијци, нудат безброј анегдоти демонстрирајќи ја љубопитноста на китовите, играта и можноста за решавање проблеми. На пример, китот убиец од Алјаска не само што научил како да краде риба од рибари, но и се надминал во техниките направени како да ги сопре, како што се употребата на трикови без мамци. Еднаш, рибар ги поставил своите бродови неколку милји раздалечени, пренесувајќи по неколкупати мали количини од уловот, со надеж дека китовите не би имале доволно време за да се движат меѓу бродовите за да им ја украдат рибат. Истражувач опишал што се случило следно

Функционираше добро кратко време.Тогаш китовите се поделија во две групи. Не им требаше ниту еден час за да го сфатат тоа. Беа толку воодушевени кога сфатија што се случува, дека ние играме игра. Потскокнуваа околу бродовите – Грег Маткин

Во други анегдоти, истражувачите опишуваат инциденти во кои диви китови убијци во игра ги задеваат луѓето со постојано мрдање на објектите коишто луѓето се обидуваат да ги дофатат, или наеднаш високо се подаваат над парчиња лед откако човек ќе фрли снежна топка.

Употребата на дијалекти кај китовите убијци и предавањето на наученото од колено на колено се опишува како форма на култура.

Комплексноста и стабилноста во вокалната и културата на однесување од симпатрик групи на китовите убијци (Оркинус орка) се чини дека нема паралела надвор од човечката и претставуваат независен евулуционарен факултет на култура.

Заштита

уреди

Типот Ц на китови убијци има два тона на сива боја, вклучувајќи и црно на грбниот нос, На телесни површини каде што многу други типови на китови имаат еднобојна црна површина. Истражуваљето е во тек дали едне или повеќе видови на китови убијци се загрозени видови и им е потребна заштита.

Во 2008 иуцн ја промени својата оцена за зачувување на китовите убијци во зависни за заштита во несоодветни податоци, признавајќи дека еден или повеќе видови на китови убијци всушност можат да се одвојат, загрозени видови. Трошењето на пленот, загадување, големи количества на истурање на нафта, и навики произнесени од врева и конфликти со бродови се моментално најзначајни светски опасности.

Како и другите животни на највискоко трофично ниво, китот убиец е посебно на ризик од труење од акумулацијата на токцичните материи. вклучувајќи и полиглорат бигенил (ПЦБ) Европската пристанишна фока има проблеми при репродукција и имуна функција од присуството на високо количество на пбц и други контаминирани состојки, а испитувањата кај брегот на Вашингтон пронајдоадека пбц нивото во кит овите убијци е повисоко од нивото кај пристанишните фоки кое предизвикало проблем кај нив. Примероци од медуза во Норвешкиот Арктик покажале виско ниво на пбц, пестициди и...... отколку кај белите мечки. Кога храната е малку, китовите убијци јадат медузи за енергија, что им ја зголемува концентрацијата на загаденост.

Во севрозападниот Тихи Океан, диви залихи на лосос, главна прехрана на постојаните китови, опадна драстично во изминативе години. На западниот брег на Алјаска и на аулетанските острови,популацијата на фоки и морски лавовиисто така значително се намали.

Во 2005, владата на соединетите држави ја стави заедницата на јужните постојани китови како загрозена популација во Актот за загрозени видови. Заедницата на Јужните постојани китови се состои од три групи коишто највеќе живеаат во Џорџија и Харо стреитс и Пуџет Саунд во Британска Колумбија и Вашингтон, ётие не се хранат надвор од својата заедница, еднаш беше избројана со околу 200 животни и подоцна опадна на 90. Во октомврии 2008, годишноте истражување откри дека седум недостасуваа и претпостави дека се мртви, редуцирајќи го избројаното на 83. Ова е потенцијално најголемото опаѓање во популација во изминативе десет години. Овие мртви можат да се придадат во опаѓањето на чинук лососот.

Вревата од бродовите, дупчење, и други човечки активности се од значителна грижа во некои клучни навики на китовите убијци, вклучувајќи ги Џонстон стрејт и Харо стрејт. Во средината на 1990 бучна подводна врева од фармите со лососи беше користена за детерминација на фоки. Китовите убијци исто така гиизбегнаа околните води. Високо интензивни сонари користени од страна на морнарницата ги вознемириуваат китовите убијци заедно со другите морски цицачи. Китовите убијци се распространети со китови набљудувачи, коишто можат да ги потресат китовите и да влијаат на нивните навики, особено ако бродови се доближуваат премногу близу или ги блокираат нивните линии на патување.

Истурањето на нафта од Еххон Валдез негатвино влијаеше на китовите од регионите Принц Вилијам и Кенаи Фјорд на Алјаска. Единаесет челнови (околу половина) од една постојана група на китови исчезнаа во престојната година. Истурањето го уништи лососот и секој друг плен, што значи го уништи локалниот кит убиец. До 2009, научниците проценија дека АТ1 приврмените популации ( сметајќи на дел од поголеми популации од 346 привремени китови ), броеја само седнум поеддинци и не се размножиле од истурувањето на нафтата. Се очекува оваа популација да изумре.

Врски со луѓето

уреди

Домородни култури

уреди

Домородците од Северно-источниот брег на Тихи Океан го пренесуваат китот убиец во нивните приказни, уметност, духовност и религија. Хаида пламето го гледа китот убиец како најмоќнотото животно во океанот, и нивната митологија говори за китови убијци кои живеат во куќи и градови под морето. Според овие митови, китовите убијци земаат човечка форма, а луѓето кои сè ќе се удават одат да живеат со нив. За Кавака вака племето, китот убиец е сметан како владетел на подводниот свет, со морски лавови како робови и делфини како војници. Во митологијата на Кавака вака и Ну чах хултх, китовите убијци можат да ги преземат душите на нивните починати поглавари. Тингитите од северна Алјаска го сметаат китот убиец за владетел на морето и добротвор за луѓето.

Maritime Archaic луѓе од Њуфаундленд, имаат огромна почит кон китовите убијци, како што сведочи изрезбаниот камен пронјаден во гроб стар 4000 години во Порт д Шуа, Национална Историска страна.

Во приказните и верувањата на Сибирските Јупи народи, китовите убијци се вели дека се појавуваат како волци во зимата, а волците како китови убијци на лето. Се верува дека китовите убијци им асистираат на нивните ловци во при ловењето моржови.Длабока почит се искажува во неколку форми, бродот го претставува китот, и дрвена резба што виси од појасот на ловецот. Мали жртвувања како на пример фрлање на тутун во водите. Се верува дека китовите убијци им помагала на ловците во волчјо руво, притискаќи ги ирваситре само да дозволат да бидат убиени.

Убиец стереотип

уреди

Во западните култури, китовите убијци историски е дека се застрашувачки и опасни грабливци. Прва пишана дескрипција за китот убиец беше од Плини Елдер околу 70 од наша ера. Кој напишал Китови (појавување што ниедна слика не може да го опише, нешто друго од огромна грамада на дивјачко тело со заби ) Се непријатели на (други китови ) наплаќаат и продупчуваат како војни бродови кога паѓаат.

Има само неколку потврдени напади на луѓе од страна на китови убијци. И никој од нив не бил фатален. Со еден исклучок, китото убиец пробал да се издигне на ледена површинана кое кучешки ти и фотограф од експедицијата Тера нова стоеле. Се претпоставува дека лаењето на кучињата можеби му заличело како фока да повикува и тоа ја раздвижило љубопитноста кај китот. Во 1970 сурфер од Калифорнија беше изгризан, и во 2005 момче од Алјаска кое често пливало во тој регион покрај пристанишните фоки било удрено од китот убиец, очигледно китот го идентификувал како плен.За разлика од дивите китови убијци, плениците китови убијци е регострирано дека имаат само дванесетина напади на луѓе од 1970, некои од нив биле фатални.

Натпреварот со рибарите исто така довдевува до тоа китовите убијци да се сметаат како миленичиња. Во водите на Тихи Океан Северозапад и Исланд, пукањето беше дозволено и прифатено од владите. Како индикација на интензивнсота од пукањето што се случи неодамна, околу 25 % од китовите убијци фатени во Пуџет Саунд за аквариум од 1970 имаа лузни од куршуми. Американската морнарица потврди дека намерно убила на стотици китови убијци во исландските води во 1956.

Модерни западни однесувања

уреди

Западното однесување наспрема китовите убијци се промени значително во последниве децении. Во средината на 1960 и раните 1970, китовите убијци дојде до многу поголама јавна и научна свест, почнувајќи со првото фаќање и покажување на китот познат како Моби Дол, постојан кит којшто бил погоден со харпун околу Сатурна островите во 1964. Толку малку се знаше тогаш, и им требаа речиси два месеца на чуварите на китот да откријат која храна (риба) ја сакаат да ја јадат. На изненадување на оние кои го видоа, Моби Дол беше послушна,не агресивна и не напрваи ниту еден обид за да ги нападне луѓето.

Во 2002 сирачето Спрингер беше успешно вратено на неговото семејство, Помеѓу 1964 и 1976, 50 китови убијци од Пцифик Северозападен беа фатени за да бидат прикажани во аквариуми, и јавната заинтересираност за оваа животно порасна, Милиони луѓе се заинтересираа за китотвите убијци откако ги видоа. Во 1970 пионерските истражувања од Мајкал Биг доведоа до откривање на видовите, комплксната социјална структура, употребата на вокална комуникација и нивната одлична и стабилна врска помеѓу мајата и новороденчето. Со фото-индикации, поединци беа именувани и следени со децении.

Техниката на Биг исто така откри популацијата од Северноисточен Тихи Океан беше мала- неколку стотина отколу илјадници како што претгходно се претпоставуваше. Заедниците на Јужните постојани китови имаат изгубено 48 од нивните членови во заробеништво, до 1976 само 80 останаа, Во севернозападен Тихи Океан, видовите кои непропислено беа обелеќувани, станаа културана и за неколку декади.

Пораснувачката заинтересираност на авноста за китвои доведе до растење на опозицијата за чување на китови во аквариум.Само Еден кит беше земен од Северно американските води уште 1976. неодамна прочирувањето на заинтересираноста на публиката за китови убијци се манифестираше преко неколку високо профилно напори кај околните поединци. Следејќи го успехот на филмот Ослободете го Вили од 1993, филмската ѕвезда Кеико беше вратена на бреговите од неговиот роден Исланд. Во 2002, сирачето Спрингер, беше откриено во Пиџет Саунд, Вашингтон. Таа стана првиот кит успешно вратен во дивата група со човечка интервенција, докажувајќи гидецениските истражувања за вокалното однесување и социјалната структура во регионот на китовите убијци. Спасувањето на Спрингер подигна надеж за уште еден кит Луна кој беше разделен од својата група дека ќе може да се врати. Неговиот случај беше обележан малку како контроверзен за тоа како да се интервенира, како и да е во 2006 Луна беше убиена од едне проплер од брод.

А популарно видео на интернет покажува како ките убиец изгледа како да скока врз група кајакари, Овој настан е лажен и е искористен како реклама за спортски напиток.

Ловење

уреди

Прв запис за комерцијално ловење на китови убијци не води до 1700година во Јапонија. За време на 19 век и почетоците на 20век, глобалната индустрија за ловење собра небројано многу китова коска и сперма китови, но во голема мера се игнорира китот убиец поради неговата лимитирана количина од обновувачко масло, нивните слични популации и потешкотијата да се дојде до нив. Еднаш побарувачката на овие големи видови беа намалена, китовитие убијци беа на нишан од комерцијалните китоловци о средианта на 20 век.Пмеѓу 1954 и 1997, Јапонија зеде 1,178 китови убијци а Норвешка 987. Преку 3000 китови убијци беа зедени од руските китоловци, вклучувајќи го уловот од Антарктик од 906 само во 1979 и 1980 година, потикнувајќи ја националанта комисија за китоловство да издаде забрана за комерцијално ловење на овие видови во очекување на понатамошниистражувања.Денеска, ниту една земја не врши лов, иако Индонезија и Гренланд дозволуваат мали ловови.

Китовите убијци им имаат погнато на луѓето при ловење на други китови. Еден добро познат пример беше во Идн, Австралија вкулучувајќи го мажјакот Стариот Том. Китоловците често ги сметаат китовите убијци како вознемирувачи, како и да е, тие би ја собрале брзата хрна од уловот на рибарите. Некои популации, како што се кај Принцот Вилијам на Алјаска можат да се намалт затоа што рибарите ги застрелуваат за возврат.

Заробеништво

уреди

Интелигенцијата на китот убиец, можноста за тренирање, разиграност во заробеништво а вистинската големина го направиле популарен во аквариумите и акустичните паркови. Од 1976-1997 55 китови беза земени од дивината на исланд, 19 од јапонија и три од Аргентина. Овие бројки ги исклучуваат они кои починаа за време на фаќањето. Живото фаќање опадна драстично во 1990 и до 1999 околу 40% од 48 животни беа родени за изложби.

Организаии како што се Светската организација за заштита на животни и и Општество за заштита на китови и делфини подигнаа кампања против пракасата на чување на китови во заробеништво. Во заробеништво тие често развиваат паталогии како што на пример грбната перка им се намали одо 60-90% кај мажјаците. Ито така заробениците го имаат намалено животниот век, во просек, до 70-80 години но во ретки случаи. Дивите мажјаци кои ќе го преживеат детството доживуваат до 30 години во просек. Или до 50- 60 години. Заробеништвата всушност делат сличности со дивите живеалишта, и заробеничките социлализирани групи накитови всушност туке се странци. Кртитиките тврдат дека заробеничкиот живот е стрсен и се должи на овие фактори и потребата за изведување циркуски точки не се дел од дивиот начин на живеење на китот убиец. Дивите китови убијци дневнопоминуваат по 160 км, и кртичарите велат дека китовите убијци се премногу големи и интелигенти за да би биле во заробеништво.

Заробените понекогаш дејствуваат агресивно помеѓу својот вид, другите жители на аквариумот или пак луѓето, за кои критичарите велат дека се резултат на стрес. Тиликум, заробем кит убиец беше роден во дивината, беше вклучен во три фатални случаи од кои еднаш го грабна неговиот тренер, ја повлече под вода, речиси ја удави. Експертите се поделени за тоа дали несреќите биле Експертите се поделени за тоа дали повредите и смртните случаи предизвикани од заробениот кит убиец биле несреќи или намерно се обидува да предизвика штета.

Литература

уреди
  1. Mead, J.G.; Brownell, R. L. Jr. (2005). „Order Cetacea“. Во Wilson, D.E.; Reeder, D.M (уред.). Mammal Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference (3rd. изд.). Johns Hopkins University Press. стр. 723–743. ISBN 978-0-8018-8221-0. OCLC 62265494.
  2. Orcinus Orca. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 2009-01-01.