Жорж Санд, родена како Амантин Лисил Орор Дипен — истакната француска новелистка од периодот на францускиот романтизам и воедно една од првите жени кои го достигнуваат врвот на светската литература. Била активна во феминистичките кругови во Париз, доживеала голем број на скандалозни афери за нејзината сексуална ориентација, големиот број на љубовници, начинот на облекување и постојаното движење во машки друштва. Својот врв го достигнува со романотМалечката Фадета“.

Жорж Санд
George Sand by Nadar, 1864.jpg
Жорж Санд во своите 60-ти. Фотографија на Надар, 1864 година.
РоденАмантин Лисил Дипен
1 јули 1804
Починал8 јуни 1876
Сопружник/циКазимир Дидеван
ДецаМорис Санд
Соланж Санд
РодителиМорис Дипен
Софи-Викторија Делаборд

ЖивотописУреди

Родена е во 1804 година во Париз, во благородничко и плебејско семејство со име Орор Дипен. Нејзиниот живот и името ќе бидат поврзани со многу љубовни скандали, интимно ќе живее дури и со двајцата најнежни гении на романтизмот: со Алфред де Мисе и со композиторот и славен пијанист Фредерик Шопен. По катастрофалниот пораз на Париската пролетерска револуција во 1848 година, крајно разочарана, душевно скршена и расколебана во своите идеали, дефинитивно ќе се повлече во замокот на своите предци во Ноан, каде во селската тишина ќе најде утеха и неуморно ќе пишува, почитувана од селаните и нарекувана „добрата дама од Ноан“.[1], Жорж Санд била многу плодна авторка, со страсна, сензибилна и сентиментална природа што го пренела и во своето творештво. Годината на нејзината смрт не е прецизно позната но се знае дека починала во осмата деценија од 19 век.

НаводиУреди

  1. Паскал Гилевски, Раде Силјан, Романтизам, Матица Македонска, Скопје, 2004, стр. 199.