Агријани
Агријани (Граи) — пајонско племе[1] кое воглавно живеело во североисточниот дел на Македонија и јужна Србија.[2][3]. Во времето на Филип II Македонски, територијата на Агријаните била управувана од Пела. Според Тукидид, ова племе ги населувало териториите во горниот тек на реката Стримон (Струма).
Историја
уредиХеродот ги спомнува меѓу племињата што не ги покорил персискиот војсководец Мегабаз (V в. пр.н.е.). Во времето на Филип II, Агријаните биле македонски сојузници. Нивниот владетел Лангар со најдобрите војници му се придружил на Александар Македонски против илирското племе Автаријати, кој во Александровиот поход учествувал под заповедништво на Атал. Како наемници се спомнуваат во војските на Дијадосите (крај на III в. пр.н.е.) во Египет, кај Антигон Досон, Антиох III, но и во војските на последните македонски цареви Филип VI и Персеј (поч. во II в. пр.н.е.). Последен пат се спомнуваат во 169 г. н.е. како војници што се борат за градот Касандреја.[4][5][6]
Познати се двајца нивни кралеви: Лангар и Диплај, од втората половина на IV в. пр.н.е. За време на владеењето на пајонскиот крал Авдолеон (315-286/5 пр.н.е.) ја загубиле својата независност и влегле во состав на Пајонското Кралство.[3]
Наводи
уреди- ↑ Wheeler, James Talboys (1854). The Geography of Herodotus ...: Illustrated from Modern Researches and Discoveries (англиски). Longman, Brown, Green, and Longmans. Проверете ги датумските вредности во:
|year=, |year= / |date= mismatch
(help) - ↑ "...The Agrianes once dwelled in the area of lower eastern Serbia..." Illyricum Province
- ↑ 3,0 3,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 14. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ E. Петрова, Пајонија, Скопје, 1999
- ↑ Thucidides, II, 96, Harvard Univessity Press, 1958
- ↑ Herodotus, V, 16.1, Loeb Classical Library, Harvard University Press
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиЛитература
уреди- Соколовска, В. (1990): “Пајонското племе Агријани и врските со Дамастион”, Macedoniae Acta Archaeologica 11, 9-34.
- Cultural Stratigraphy of the Site Gradishte Near Pelince, Republic of Macedonia - Dejan Gjorgjievski (англиски јазик)