Ова е статија за народна музика. За други значења, види: Македонска народна музика

Народна музика е поим кој се однесува на музичкиот фолклор на кој било народ, а се појавил како жанр во XX век. Терминот се користел во XIX век, но се употребувал за постара музика. Некои видови на народна музика се нарекуваат етно музика. Традиционално, народната музика се дефинира на неколку начини: музика која се пренесувала усно, музика на која композиторот не е познат, или музика која по обичај се изведувала долг временски период.

Циганско оро на разгледница од 1931 година

Дефиницијата на народната музика е недефинирана.[1] Изразите народна музика, народна песна, и народни танци се од релативно скоро време. Тие се еден вид продолжување на изразот фолклор, кој е првпат употребен во 1846 година од Англичанецот Вилијам Томс, со кој сакал да ги опише „традицијата, обичаите и верувањата“.[2] Изразот исто така е поврзан и со германското Волк, во смисла на „луѓето во целост“, а во врска со музиката на Јохан Готфрид фон Хердер и на германските романтичари пола век претходно.[3]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. The Never-Ending Revival by Michael F. Scully University of Illinois Press Urbana and Chicago 2008 ISBN 978-0-252-03333-9
  2. Percy Scholes, The Oxford Companion to Music, OUP 1977, article "Folk Song".
  3. A.L.Lloyd, Folk Song in England, Panther Arts, 1969, p. 13.